И мене ужасно многу ми недостасува дедо ми. Посакуваше да го слуша звукот на високите потпетици, еден ден кога јас и сестра ми ќе пораснеме и ќе чекорме по скалите тропајќи. Никогаш не успеа да слушне.. Ни подари волшебно детство, детство за кое секое дете мечтае да го доживее. Неговите вредни раце направија куќарки за птици на кои ги има иницијалите од нашите имиња. Куќарките се уште закачени на дрвјата во дворот, него го нема да види како птиците се вгнездуваат во нив секоја пролет. Лулашки, клацкали, полни базени со вода, прскалки и што ли уште не.. Како да заборавам? Се е тука, спомените се тука, него го нема.. Љубовта која тој ја чувствуваше за мене и сестра ми ја препознавав во сјајот на неговите небесно сини очи. Каков дедо имав јас.. Ах каков дедо имав.. Ќе ме качеше на точак, јас позади, а сестра ми во корпа напред. Баба ми ќе ни подготвеше сендвичи, и правец на пикник покрај Треска. Какви доживувања имав, каков дедо имав... Ми недостасува, проклето многу ми недостасува неговото присуство. Имал тежок и суров живот пред да дојдеме на свет јас и сестра ми, ние ги избркавме сивите облаци кои беа над него, го огреа сонце, почна да живее.. Живееше за нас.. Секогаш кога беше на чекор до смртта, помислата на мене и сестра ми го враќаше во живот. Како да заборавам? За што живеел, што бевме јас и сестра ми за него, што тој за нас?... Секој ден ги освежувам сеќавањата на него, неговиот лик и секоја бора на неговото лице сакам да остане запаметена. Тој човек не заслужува да се фрли во заборав, секогаш ќе живее во мене..
Ми недостигаат дедо и баба. Тетка ми. Вујна ми. Сите се сега на небо. Верувам дека им е лесно, зошто им беше многу тешко пред да заминат. Понекогаш, ги чувствувам покрај мене. Дали по мирис, музика, некоја енергија. Знам дека не’ гледаат, и знаат точно како ни чука срцето.
Тецка, Теци, Теи, Теодора! Мојата најмила другарка! Одвај чекам да се вратиш од Србија и ке те бомбардирам со глупости на фејсбук за да не ме заборавиш. Спојлер Недостајеш, брате, јеботе..
Една љубов од друга држава ...... Нема никогаш да го видам , почина и Братучед ми од Русија , што кје дојде летово
Ми недостига безгрижното детство кога се грижев само за тоа дали ќе имам добри оцени.На улица си играв и беше одлично. Најубаво е да си дете но за жал кога си дете сакаш да пораснеш а кога си веќе поголема сваќаш дека животот не е лесен како што си мислела кога си била мала. Ми недостига детството и тоа многу многу. Се би дала да направам само еден ден пак да живеам како што живеев кога имав 4-5 годинки. Исто така ми недостига и симпатијата кој го немам видено 9 дена. Многу ми е тешко. Ние немавме некој однос барем го гледав секој ден и ми го разубавуваше денот. Ми недостигаш многу но морам да чекам уште една ипол недела за повторно да те видам. :'( како ќе издржам до тогаш
Ми недостига тој. Што знам. Немам ни години, ни искуство, ни старост, ни мудрост ама буквално ништо за да знам дека е љубов, но имам цела година.. Цела година очајување по него, по неговиот лик, начинот на кој се смее. Веќе не сум очајна. Не мора да ги гаиме истите чувства. Сепак тој не виновен што не ме сака. Но, ми недостига. Барем онака, да го видам, од далеку, да знам дека е добро и дека е среќен. Порано барем на училиште го видував и на курс по англиски, сега.. Натинг. И затоа ми недостасува.
Ми недостига тој.....Далеку е од мене но го чувстувам како да е туука......Го чекам денот кога ке се врати и ке ме прегрне и да викнам силно колку го сакамм
Ми недостигаш да се гордееш на моите успеси, да се смееш на моите глупости, и да се радуваш на мојата среќа.Ми фалиш да ме тешиш кога сум тажна,да ме охрабруваш кога сум несигурна.Ми недостигаш да ме фалиш во инат на сите, да ми делиш паметни совети.Ми недостигаш да ме сакаш безусловно,да се лутиш макар тоа било без повод. А најмногу ми фали твојата насмевка. Знам дека со тек на време,ќе плачам се помалку,и потивко ,но ќе ми недостигаш се повеќе и повеќе. Ми недостигаш во разни ситуации, те барам во собиве празни.. И не личи сето ова на тебе татко, не се смееше на моите глупости,не се радуваше на мојата среќа, не ме тешеше кога бев тажна, не ме охрабруваше кога бев несигурна,не ме фалеше пред луѓето,не ме дочекуваше со насмевка на лицето. Сето тоа е дел од мојата носталгија, она што сакав да се случува бар додека беше жив, сакав внимание од тебе, сакав мирен живот, не живот во кој сопствениот татко држеше игла во раце пред неговите сироти ќерки. Но секако,боли смртта. Безразлика на тоа каков си бил,што си бил, ме боли. И ќе ме боли секогаш. Затоа што, и мајками не ме сака. Немам никој. Искрено,се восхитувам на среќните семејства. Останувам овде, со надеж дека ќе имам можност да го покажам мојот капацитет, талент, да постигнам нешто во животот, да си остварам фамилија, фамилија која ќе го добива целото мое внимание и љубов,затоа што јас немав можност,немав од кого ,или можеби не заслужив такво нешто.
Твоите пријателки утрово пиеја кафе со мене и со мајка ми. Како по обичај, едната ме изгушка, другата ми промрче дека не сум и‘ го погодила кафето. Откако те нема, уште помалце ја поднесувам, ама и помалку прилики има кога морам да ја поднесувам. Сеедно, ти ми недостигаш.
Ми недостигаш премногу! Ми недостига твоето внимание, твоите муабети, твоето кафе, твојот доручек Но најмногу од се ми недостига твојата поддршка. Знам колку ме сакаше и колку веруваше во мене. Тешко ми е што сега не си тука да видиш дека сум добро, дека напредувам, дека сум успешна, дека сум среќна, дека сакам, дека сум сакана. Ми недостигаш бабо, те сакам премногу! Секогаш ќе живееше во моето срце и во моите мисли, почивај во мир.
Додека ве читав, се убив од плачење. Не дека ми недостига некој, еве, едноставно ви завидувам. Не сте свесни колку би сакала и мене некој да ми недостасува, некој што ми бил подршка, некој на кој сум можела да се потпрам во тешки мигови. И јас сакам да имам како вашите баби и дедовци, чичковци и стрини, ама немам. Физички се присутни, ама исто е како да ги немам. Исто како странци. Ни брат ми не ми фали, никој... И нема зошто да ми фалат, исто е и со нив и без нив. Ми фали некој на кој можам да се потпрам, да му верувам вистински. Ми фали другарката, со која цело детство го поминав ама ете, заладија односите, колку и да се трудам. До разликата во години е, се си мислам се срами од мене. Ептен празно се чуствувам овие денови, ептен...
Ми недостига овој мојот лудак што го сакам најмногу едвај чекам да го видам . Ми недостига мојот дедо ... многу посакувам да му го слушнам гласот беше многу добар човек многу ме сакаше ... не знам зошто во последно време толку многу посакувам да се присетам на неговиот глас ..
Ми недостига мојата љубов....премногу премногу и како време поминува колку се радувам што времето до нашата средба изминува толку се и нервирам бидејки има уште многу
Толку многу ми недостигаш....ми фалат сите наши моменти кои никогаш нема да ги заборавам...заедно се смеевме , заедно плачевме а сега заедно си фалиме еден на друг ... бар да можеше да знаеш колку сакам барем гласот да ти го слушнам во моментов ...
ми недостига братучедка ми порано во средн секој ден одев кај неа само на две станици подоле живееше од моето школо а сега со факултетов со месеци не сум ја видела.
Добро значи, знам дека темава е да се лигавам....Добро ај, ми фалиш цонцееееее! Ама не ми фалиш бидејќи ме нервираш секој ден...