ми фали мама... и сестра ми... колку сакам да се блиску до мене, за прегратка,за убав збор...кога ми беа тука знаев дека СЕКОГАШ има на кој да се потпрам,за се. аххх пуста нека е далечината !!
ми недостига типит што ми се пушташе на фб а јас го откачив .Ми фали чуството кога си пишував со него, летав во облаци а сега ми фали тоа чуство
Ме гони сеуште истата слика. Очајот, болката во твоите очи, молбата за спас, додека здивот ти станува се пократок и пократок, а ти се бориш со последната сила во тебе да земеш здив за да ги наполниш градите... Стравот и слабоста што ги почувствував кога видов дека твоите очи загубија фокус и се завртија нагоре...Силата што ја најдов за да можам да стојам и смирено да се молам цели 10 минути, додека целото тело ми трепереше и чувствував дека во секој момент ќе изгубам контрола и ќе се струполам на подот.. Болката што ми ги раскина градите кога слушнав дека молбите не ми се оствариле... Велат, време е да го прифатам тоа што се случи, да продолжам со животот. Велат, секогаш ќе се сеќавам на тебе и ќе ми недостигаш, но треба да научам да го живеам животот без тебе, да се сносам со вистината толку сурова, да се навикнам на празнината во душава, да пробам да бидам барем половично среќна... Не, не верував ни јас дека толку сум слаба. Мислев дека сум силна, дека би можела да поднесам се, сите удари на животот. Но од каде да знаев дека животот ќе ме удри таму каде што најмногу ме боли? Од каде да знаев дека ќе ми те земе тебе, дека ќе ја најде мојата најслаба точка, дека ќе најде начин да ме скрши и да ми покаже дека сум слаба, беспомошна, без средства и начини за да ги поправам нештата, да го изменам ова што се случува. Ми покажа дека ја немам јас контролата, дека колку и да се трудам да исправам се, некои работи едноставно се надвор од мојот дофат и не можам да ги контролирам... Те излажав во твоите последни мигови. Пред да го загубиш последниот здив, ти реков дека не е ништо страшно, дека ќе ти помине како настинка.. А ти толку многу ми веруваше...Се обвинувам за тоа, но знам дека ќе се обвинував и да ти кажев поинаку... Јас самата се лажев, вистински се надевав дека тоа што ти го реков ќе се оствари. Залудно е се. Тебе те нема, а јас се давам во очај и болка. Ми недостигаш, бато. И секогаш ќе ми недостигаш. Знај дека те сакам со целото срце и ветувам дека некогаш ќе соберам сила за да продолжам да живеам. Ќе бидам силна за мама и за тато, ќе бидам силна и за себе и за тебе. Ќе се борам секој ден со желбата да се откажам од се, да оставам се и да се откажам од живеење, ќе се борам со болката која секој ден не ми дозволува да станам од креветот, која ме тера со часови да лежам и да блеам во белиот таван како изгубена. За тебе ќе се потрудам. Те сакам Бато.
Мојата сакана бабичка. Ми беше втора мајка. Ме изгледа од парче месо, ме чуваше во ноќите кога моите работеа, ме тешеше кога плачев, ме бодреше кога се радував. На сите со гордост кажуваше дека нејзината прва и најстара внука, заврши факултет и дека се вработи. Сакаше да ме види невеста. Не дочека... Згасна тивко, легна и не се разбуди. Мојата втора мајка и учителка повеќе ја нема... Веќе цели осум месеци. Нема ден да не ја помислам, да не ја сетам. Почивај во мир најсакана моја. Засекогаш ќе те носам во мисли и во срце.
Ми недостига татко ми кој е починат веке 17 години Ми недостига една пријателка Марта од Мексико знам дека никогаш повеќе нема да ја видам И најмногу од се ми недостига мојот дечко
Ќе почнам прво со мртвите... Ми недостига баба ми ,што си ја сакав најмногу од се на свет но будала не знаев тоа да и го покажам и многу ми е жал.Ова е жената што се би направила за мене.Ми недостига нејзиното „шеќер од баба,лична од баба"ми недостигаат нејзините 107555965 повици на секоја секунда само за да слушне како сме.Ми недостига таа топла прегратка и насмевка.Се надевам моја најмила бабичке дека некогаш и некаде ќе се видиме и ќе ја имам можноста да ти кажам колку те сакам и колку ми требаш. Ми недостига Тоше .(Strange I know)Она ве сакам сите.Единствениот глас кој може да ме опушти. Почивајте во мир и се надевам дека сте на поубаво место ... Сега кај живите... Ми недостига мојот прв братучед кој за мене ќе е за секогаш бебуш иако има 8 години и изгледа како 12. Ми недостигаат вуња ми ,вујко ми ,стрина ми ,стрико ми,дедовците и баба ми и најдобрата другарка.(Тешко да се собереме сите на едно место ) Ми недостига еден поранешен другар(од моја гледана точка) .Неговото „маљо,малечко", неговите совети и иронија. Други работи.. Ми недостига лето 2012.Ми недостига земјата(земјите) во кои живеев порано ,но бев приморана да ги напуштам .
Ни се ближи роденденот. По втор пат нема од каде да ми се јавиш и да ми кажиш дека еден ден сите желби кои си ги замисливме ќе ни се остварат. А ти ми ги знаеше сите.И јас ти ги знаев сите.Како минуваат деновите и како се ближи тој датум се поголема е тагата во мене.Не сум навикната.А и нема.Не ми е веќе најсреќен ден.Нема веќе да го славам со тебе.И нема да се гушниме.И никогаш повеќе нема да правиме многу работи заедно.Нема веќе да јадеш ти две, јас едно парче торта.Нема веќе заедно да си ги замислуваме желбите и да се смееме.Ама ќе дојдам пак.И ќе ти донесам две парчиња од тортата.И таму ќе си замислам желба.Ми фалиш.Секој ден.Премногу.Но тој ден најмногу :'(
Ми недостигаат моите, едвај чекам да си одам дома и да ги изгушкам! ... и да, ми фали (а го гледам скоро секој ден ) оној смотанион што не знае како да ми пријде и да ми каже што му лежи на срце... веќе почна на нерви да ми оди!
Толку многу ми нодстигаш што веке оваа осаменост ме боли спосакувам да заспијам и да не се рабудам дури не си дојдеш....премногу ми фалиш па јас без тебе неможам да функционирам Алоо
Ми недостига другарка ми која ми беше како сестра, и само нејзе можев да и кажам се што ми лежи на душата. но за жал ја нема веќе 5 години Нека почива во мир! Спојлер И темава веќе отворање - ЈОК! ме растажи.
Озбилен мој уште пола месец остана а мене ми изгледа како цел живот Ајде врати ми се побрзо па сакам да те гушнааааааам