. .....ЗА ТЕБЕ........ Знам дека си ветив дека нема да се навраќам на минатото и да живеам во спомени,и самиот ми кажа "минатото е изгубена битка"...сфаќам дека тоа навистина е така, минатото навистина е изгубена битка, нешто што не можеш да го смениш. Читајќи ја и последната порака од тебе, ме обзема чувство на тага, болка, горчина, копнеж по нешто што постоеше, а кога сето тоа ќе се помеша настанува хаос, тотален хаос!!! И врати го времето назад, се сеќаваш ли на твоите ветувања, се сеќаваш ли на нашиот прв бакнеж? Мислам дека ми кажа дека нема да го заборавиш, а сега сфатив дека тоа беа само празни зборови, во кои јас слепо верував. Заслепена од сите тие слатки зборови и ветувања не ни забележав кога пројдоа 4 години, кои што ти ги заборави во секунда како ништо да не ти значеле, без грижа на совеста, без да се запрашаш за моите чувства, без да погледнеш назад за да ја видиш трагата што ја оставаш, со студен поглед ги продлабочуваш сеуште незараснатите рани, а секоја капка крв што паѓа од нив како со нож да ми го прободува срцето и создава толкава празнина... Ќе те преболам, ќе успеам во тоа! Но секогаш ќе се сеќавам на тебе, зашто ми ја врати надежта, ме натера да верувам во љубовта, беше со мене кога тонев во солзи, беше брегот кога се давев во депресија и самосожалување...рече дека ќе бидеш со мене без разлика на се! Се прашувам дали тоа беа зборови кои доаѓаа од дното на твојата душа,кои беа искрени или и тие беа само уште една лага? Дали ме натера да верувам во твоите чувства, во нешто што не постоеше?! ...Ако толку ти значев ќе најдеше начин да ме задржиш...!
Посебно на вакви убави денови кога сите сме заедно а нешто фали , најболно е ... И очиве полни со солзи а никој не се осмелува да праша зошто ,за да не здоболи повеќе , ама боли и вака и така . Се понатака излишно е .
Прости ми. Што сабајле кога тргнав да ти носам вода и ми кажаа дека те нема, во мене преовлада спокој. Прости ми и што порано не ми текна да повикам ветеринар. Прости што дозволив да се мачиш толку. Јас и ти никогаш ја немавме онаа поврзаност. Дали знаеш дека си единственото милениче кое не ме засакало од самиот старт? И ти не ми беше омилен. Твојата појава ми влеваше страв. Мразев кога ти зборував, а ти се вртеше на страна и се правеше дека не ме слушаш. Вчера бев искрена. Кога те погалив по главата и ти кажав дека знам колку те боли. Онака тешко и тромаво ја крена главата и издиша. Пробав да се насмеав и реков - "Ќе бидеш добар, не се откажувај за мене." Само сакам да знаеш, ако некогаш го пронајдам тој што ти го направи тоа, ќе плати. Смрдливо, бесчувствително суштество. Верувам дека таму ќе ги имам сите кои ги изгубив на овој свет. Ако навистина не е присутен стравот, тогаш таму ќе те сакам како што овде не умеев. Се надевам некој се грижи за тебе. Се надевам ќе ни простиш што ние не знаевме. Остани наш, додека не се видиме пак. Ќе ми фалиш.
Ми недостига баба ми, таа почина пред 4 ипол месеци. Едноставно секогаш кога ќе ми текне на неа си велам зошто не одев почесто кај неа, да и правам друштво. Но сега се е за џабе. Кога одам кај дедо ми чувствувам празнина, дури во некои моменти ми доаѓа да прашам каде е баба ми, несвесно. Можам да кажам дека сваќаш колку сакаш некоја личност дури од кога ќе ја снема од твојот живот.
Ми недостига тој...Мислам дека цел живот ке биди така... Ми фалат моментите со него,ми фали совет,поддршка.. Гушката што ме правеше да се осеќам најсигурна на свет.. Ми фали чувството да се разбудам до тебе... Ме боли тоа што повеќе не ми веруваш... Едноставно ми фалиш ти... Аххх,да можам да го вратам времето,ќе ти го велев ова секој ден...
Ми недостига мојот дедо кој почина пред 2.5 години , толку многу бев приврзана за него , многу работи ги правевме заедно. Кога почина тој не бев свесна дека го загубив , но како мине времето се повеќе ми недостасува и го чувствувам неговото одсуство. Го сакам премногу
Како ми недостајеш само руку да ми даш, како ми недостајеш дали знаш? Ми недостасува ТОЈ. Не сум го видела неколку месеци. Не знам што прави, како е. Ми недостига неговиот од, ми недостига неговата постојана насмевка, ми недостига неговиот глас, начинот на кој ме погледнуваше, начинот на кој ми се приблежуваше, начинот на кој ме гушкаше. Ми недостигаат неговите шеги со мене. Едноставно ми недостига се што е поврзано со него. Се прашувам дали ќе се врати некогаш или веќе работите никогаш нема да бидат исти.
Ми недостига мир. Ми недостига времето кога им пеев на баба ми и дедо ми песни од Дарио и тоа качена на приколката, газејќи меѓу бостаните.
Ми фалат неговите зборови и пристуство. Ми фали дедо ми... Џони 1 и Џони 2...кученцата мои.Бошко мачето мое. Баба ми и дедо ми кои неоддамна починаа.
Ми недостига баба ми која почина пред 3 ипол години.Ми недосига кучето Рекс и Леа(не беа мои на братучедите)ама живеевме во иста населба па секој ден ги гледав.Ах колку ми недостасуваат
Поминаа 4 години... Болни за мене... Сеуште не можам да поверувам дека не си помеѓу нас. Се уште плачам по тебе како и дента кога Бог реши да те земе со себе. Ми недостигаш дедо, многу! Знам, ме гледаш од некаде, се радуваш на моите успеси, но јас сакам да си тука, да можам да те прегрнам и да ти кажам дека беше најдобриот дедо на светот...
http://www.youtube.com/watch?v=9-qD952pZ2E Ми недостасуваат моите мачиња со кои пораснав: тигарко и крофничето , џони , ангорката , едно мало маченце , потоа маца која лани ова време ја снема , потоа нејзиниот син гарфиелд и уште 5 малечки синчиња и керкички, сега брзо ја нема неколку дена Bell се надевам дека ќе се врати < 3 Потоа ми недостига татко ми кој работи во странство и сега ќе се прави операција по втор пат се надевам дека набрзо ќе оздрави
Тој ми недостига, неговиот поглед, неговата појава, па макар, ајде да речам и сенката беше доволна а сега и неа ја нема...Ми недостига а тој не знае! навечер често се прашувам што би било поинаку ако знаеше...
Ми недостига поранешното момче Помина долго време 2 год без него беше кретен мe изневеруваше со многу Други но сепак Ми недостига тој :'(