Ах, компирчињата кои мама ми ги пржеше. И сега ми ги приготвува ама поретко. Ми недостига секојдневната насмевка на мојата мајка.
Ми недостига безгрижната детска игра, кога по цел ден со другарките игравме и талкавме наоколу, сега секој е по свој пат, токму тоа старо време и стари луѓе ми недостига
Мое рунтаво и кадраво црнче ( мое најубаво кученце). Моја добродушна, мила и најубава бабичќе. Мои безгрижни и долги детски денови.
Ми недостига татко ми. Татоо, со душа те чекам во недела да си дојдеш, зошто ти си единствен кој ме разбира, поддржува и сака, а не што ме остави со овие две глупачи дома. Мајка и ќерка, исто по карактер си се нашле, ме изедоа веќе. Ја мрзам таа недела во секој месец кога мора во Скопје да одиш.
Ах,помина една година откако стана една од ѕвездите на небото...помина една година откако замина... Дедо...те сакам!Толку ми недостигаш...Почивај во мир
Многу личности ми недостигаат,дедо кој почина пред неколку години,мојот сакан ,моите пријателки кои се далеку во други држави. Најмногу ми недостига моето маченце:тумбурче мое те сакам дадино ,Mехмед,Делија,Бошко..... Секогаш ги нема оние кои најмногу ги сакаме,суров е животот.
Ми недостига смеа и забава. Ми недостига мирно и насмеано семејство. Ми недостигаат луѓе кои се позитивни и мили,со кои можиш да направиш муабет.
Тато ми недостигаш Вака денеска ми е роденден а татко ми не е со мене почина пред два месеци и многу ми фали...Иако тој ова нема да го прочита сакам да го споделам со вас. Те чекам те барам каде си да те гушнам така силно.Сакам да те видам со уште една прилика,се сеќавам на добрите моменти од кои сега останаа добри спомени.Ти си замина засекогаш, нкогаш веќе нема да те видам, ни да те слушнам, ниту ќе ме прегрнеш така силно, ниту ќе ми подадеш рака тогаш кога ќе ми биде тешко! На твоите раце пораснав, во твоите очи наоѓав спас, од твојата душа среќа добивав, со твоето срце се надевав, со твојата љубов растев, а сега без тебе НЕ МОЖАМ! Кажи ми, за кого сега да бидам она што за тебе секогаш бев, твоето сонце... се сеќавам, ти бев сè..Врати се,твоето присуство многу ми значи,без тебе утрото ме боли,сонот не е лесен а јас без тебе не умеам.Каде си тато да ме гушнеш на овој ден и да ми посакаш среќен роденден?
ми недостигаш стварно иако тебе те боли таквото.. па си ме сакал глумци во театар молим те .. клоша р
Другарка ми.... Мила многу ми недостасуваш, како цела вечност да сме разделени, барем да можев гласот да ти го слушнам на Вибер.... Ми фалат нашите секојдневни разговори. Знам дека си го читаш писмото кога ти фалам, ама немој повторно да плачеш. Те сакам!
Моите се разведени иако се гледам со таткоми ми недостасува а најмногу брат ми живее со него има 4 годинки. Ми недостасува и мојата најдобра другарка во шветска е се врака за 2 месеци и ми недостига дечкоми