Највеќе ми недостига мојата мајка,уште една недела и ке биде точно 15год како ја нема премногу ми фали.После мама највеќе ми недостига мојот мал ангел внук ми,едвај чекам да се вратам дома да се изгушкаме
Ми недостигат другарките, оние од детство, оние со кои пораснав, другарките кои се далеку од родното ни место во прекуокеанските земји и во земјите со кои не дели граница, ми недостигат лудите забави со нив, ми недостигат пијанставата, ми недостигат секс темите...се ми недостига поврзано со нив! Коминукација со нив остварувам само преку фб (само за тоа ми користи профилот) Милички ве сака Минка капинка! Аххх толко ми недостигате!
Ми недостига дечко ми ужасно многу,не сме се виделе скоро 2 месеци и многу ми е тешко....едвај чекам да го видам
Ми недостига еден другар кој загина пред помалку од 6 месеци, цела ноќ го сонував сега неможам да се помирам со судбината па морам по форумов да се излеснувам
Mи недостига дечко ми, ке го видам дури после 6 месеци кога ке се вратам во Македонија ми недостига и најдобрата другарка да си пиинеме едно кафенце и да си помуабетеме... и мојта братучедка која си ја сакам најмногу на свет и сакам да ја видам барем на 1 ден да си поминеме уште еднаш прекрасно али тоа е се во свое време...
Ми недостига мој човек. Ми фали муабет со мој човек. Си ги заборавив другарките од кога дојдовме сите во Скопје... Ми недостига тој. Се ми недостига.... Ми недостига и старата Мистериозна..Но само понекогаш...
Уште еден ден до бадниковата вечера и уште еднаш трпеза без тебе. Седам на твоето место...но ТИ ми недостигаш! Ми недостига елката која знаеше само ти да ја накитиш. Знаеш, повеќе не ја китиме. Веројатно сега се лутиш но без тебе не е тоа тоа. Знаеш дека никогаш не ги сакав празнициве, но сега не ги сакам уште повеќе. Да беше тука ќе ми речеше - „Кај ти е младоста?“ Ми недостига таа реченица! Ми недостигаат твоите раце, твојата насмевка, твојот поглед, и твојата емотивност за време на празнициве. По ѓаволите, дури и кавгите со тебе ми недостигаат! Кога знаевме и тоа како да го тупиме на некоја тема па да се докажуваме со енциклопедии и вујаклии и Илјада зошто и илјада затоа...барајќи доказ за тоа кој од нас двајцата е во право. Ми недостигаат тивките божиќни вечери кога ја слушавме заедно Едит Пиаф или пак музиката од филмот за Амели. Ми недостига како ми велеше секогаш - „Кај си ми киќерко?“ Ќе ја кренам чашата вино за тебе. Затоа што знај дека ни недостигаш...
Ми недостигаш ТИ, ми недостига ЈАС кога бев со тебе... Знам дека никогаш повеќе нема да те видам и допрам.. но Знај ми недостигаш.. никој нема да те замени
Ужасно ми недостасувате - вашите топли зборови и совети ... Се надевам дека во животот ќе ја имам таа можност да ве видам ..
Ми недостига мајка ми,ке ја видам тек по неколку месеци...навистина ми недостига. На неа и раскажував како ми поминал денот,а сега .... Не не и не ! Не е се како порано
Ми недостигаат сите блиски од страната на мајка ми кои живеат во странство Ми недостига кутрето кое ми умре летово
Ми недостига баба, која секогаш знаеше нешто паметно да ми каже.. Ми недостига сестра ми, која студира во Словачка.. Ми недостигаат многу работи во животот, но сепак фала му на Бога што се до сега ми дал..
И мене ми недостига мојата најсакана бабичка! Ми недостига и мојата најдобра другарка,ми фалат моментите,муабетите,глупостите што ги правевме заедно...
и јас 3години без мојот тато аxxxxx [/quot istoto i jas go cuvstvuvam, toj bese mojot svet covekot sto majmnogu go sakav, i ke go sakam nemozam da ziveam bez nego!!
...брат ми уште 2 месеца и ке направи година како него го нема. Тој отиде, повеке нема да се врати. Ми недостига се поврзано со него па дури и кавгите кои ги имаше често, потајно им сум лута на моите зашо отсекогаш знаеле дека неговиот живот ке е само 12-13 години а не ми кажаа, па не се потрудив за нишо во врска со него, а имав толку планови за по 10 години ама ете