Ми недостига мое сонце, сакам да го видам едвај чекам да се врати од Грција ... се прашувам како е можно толку многу да ми недостига некој со кој сум само 2 месеци, мислам дека ќе полудам оваа недела бидејќи не е до мене
ахххххххх.... Ми надостига срценцето моеееее.... сакам да го видам и да го гушнам многу силнооооооооо.... едвај да го бакнам!!! 100000000 kisses for him!!! * ...
ми фалат сите мои блиски кои повеќе не се на овој свет, нека почиваат во мир истотака ми фалат некои другарки со кои се немам видено дооолго време, и ми фали симпатијата хаха
Мене ми недостигаат 2 тетки кои се во странство и новните деца односно моите братучеди....сакам да ги видам да ги гишнам да си помуабетиме да се прошетаме заедно А и ми недостасува и дечко ми иако бевме до сега заедно не сакам да се разделам од него ни 1 секунда сакам да го бакнам и силно силно да го гушнам
Ми недостига дедичко. Во некои ете баш вакви дождливи денови ми текнува на него. Ми текнува на бонбоните кои скришум му ги земав од фиока и на звукот на машината за шиење која бела ден гледа само кога јас ќе си појдам дома. Веќе никој освен мене не ја работи Бев за Божиќ дедо на гробот твој. Дојдов, ја погалив ладната плоча и ја бакнав неподвижната фотографија. Секогаш го правам тоа, уште од малечка.... кога веќе не можам ТЕБЕ да те бакнам. Ми недостигаш, душо моја, моја вечна закрило од сукалото на баба. Секогаш ќе се сеќавам на тебе со убаво...
Татичкоооооооооооо..........да се гордееш со мене, бидејќи се што имаше вложи во мене, а не се изнарадува, а јас толку се трудев да успеам, за да ти се заблагодарам на тој начин............уште повеќе за да ми бидеш потпора и утеха и мојот најискрен критчар и водич и се во животот......
Не можам да кажам дека постојано ми недостигаш, можеби се навикнав да живеам со помислата дека тебе те нема. Но, во последно време премногу забележувам дека те нема. Знаеш што направил оној твојот татко? Сигурно знаеш, ако навистина си тука секогаш за нас. Бидејќи ти не си тука, ти ветувам тато дека ќе се борам за нашите права. Те сакам тато!
Ми недостига мајка ми, со која се гледаме само за викенд,ми недостига разговорот со неа, ми недостигаат другарките,блискоста што ја имавме,деновите кога си поминувавме лудо и незаборавно
Ми недостигаат мојот роден дом. Преку 1000км сум далеку от моите родители.. ..живот и здравје мама и тато ке ни дојдат нагости, кога се роди бебето-накај март месец...немам трпение...
МИ НЕДОСТИГАШ во секое отчукување на моето срце,во секое отрепување на моите очи,во секоја секунда од времето и во секој момент од денот!!! (посветено за моето срценце.кое најмнооооооооогу си го сакам и посакувам и сакам да го видам и гушнам)
и мене ми недостига една личност со која научив многу работи мојот бифши дечко со кој останавме добри другари замина горе на небото аххх колку е тешко со помислата дека повеке го нема ...нема повеќе да ја видам таа насмевка тие очи,нема да го видам него,а сега ми останува да живеам со убавите сеќавања од него ... :'(
Мои крзнени топки, да знаете дека ми недостигате и дека ве мислам секоја можна секунда. Ајде уште неколку дена, па ќе се гушкаме
ми недостига мојот преубав и прекрасен живот кој го немам веќе две години...ми недостига среќа, љубов...и тој...
си ја изгубив љубовта која си ја градев долго време...многу тежко поминам низ тоа иако гледам да го сокријам од луѓето со цел да не ми додаваат сол на рана...повеќе ни пријателите не ми се тоа што беа...се осеќам како да немам човек на кој можам потполно сите мои болки, тајни, солзи да му ги кажам и покажам...училиште, проблеми со родители...иако имам 16 години, недоволни за сите животни искуства, како растам сфаќам дека животот е тежок и како созревам така се поголеми и поголеми проблеми си носи самиот тој...сепак, во такви пубертетски години сум и се надевам дека оваа криза брзо ќе ми помине... искрено несакам да створиш слика за мене на некое избедирано девојче, само сакав да си го искажам тоа што ми лежи на душичката и да ти раскажам накратко зашто ми недостига љубов и среќа и...фала што праша
Моја најдобра... Толку ми недостигаш од кога си отидена во Франција. Толку ни беше убаво тука....Нашите забегани муабети,озбилни муабети,оние од кои паѓавме од смеење,оние моменти кога заедно плачевме... Се ми недостига проклето многу. И како се ближи денот,за да те видам,се повеќе се ме потсетува на тебе... Со душа те чекам...
Тато ми недостига,многу! Работи во странство и со душа чекам лето да го видам. И ми недостига дечкото..Од школово се гледаме 1-2 преку неделата и зависи за викенд..Навикната бев почесто да го гледам,сега ми е тешко на ова темпо да се привикнам.
Исто, само кај мене таа бројка е *4. Но ајде, полека но сигурно, ќе биде подобро. Среќно и на двајцата.