Го читам ова и се замислив да не сум го пишала јас случајно И јас не го заслужувам веќе,само што он не ме побара за жена.Тоа малце ја усложило работата кај тебе
Ми недостига моето сонце..аххх колку многу ми недостига помина 1 месец скоро како си го немам гушнато а ќе поминат уште 3 месеци додека да го видам и гушнам пак.Ми фалиш најногу на цел свет ти си најубавото нешто што ми се случува во животов...
Ми недостасуваат Маки и Тина. Почивајте во мир златни. Секогаш ќе паметам како си игравме пред зграда, пеењето на паркинг па после на МТВ1 не даваа и цело маало не знаеше. Концеритите кои си ги организиравме, сончањето на балкон, продавање на цвеќе. Филмовите кои мислевме дека ги снимаме. Скриената камера која верувавме е интересна...Ќе ве паметам секогаш. Никогаш не ви кажав збогум. :'( Ми недостигаат и Љуц и Миа. Колку и сега да ве презирам и двајцата, нашите моменти се незаменливи. Одбележавте добар дел од мојот живот. Да не бевте вие и вашето вртење на грб, јас сега немаше да сум тука. Ми недостасува моето мече.
Ми недостига мојатаа братучеткаа со којаа имам поминатоо едни од најубавите моментии во мојот живот ... те сакам глупачооо !!!
Ми недостига мојата прекрасна баба.Ми недостигаат разговорите со неа...Само таа знеше секогаш во секој момент како се чувствувам...Само таа ги знаеше вистинските зборови да ги каже во прав момент...тогаш кога е најпотребно...без предрасуди без никакви обвинуванја ... па што и да слушнеше од мене секогаш го кажуваше вистинскиот збор...ЗБОР кој знае да утеши... да смири...да даде надеж...Преграка топла , искрена ...БЕЗРЕЗЕРВНА...Пред некој ден бев на твојот гроб...Ти кажав дека твојот прв правнук ке е полуматурант оваа година ...Знам дека ме слушна ...Дека се радуваш ...тој беше твоја гордост...твој прв правнук...Има моменти кога влегувам во твојата соба и се уште го чувствувам оној твој мирис...Сеуште чувствувам како да ке те видам ...онака седната на креветот ...како ме дочекуваш со прегатка...Не си овде ...Премногу ми недостигаш!!!
Си недостигам самата себеси од некое време кое сега се чини некако нестварно изгубено во делот на спомените во некое катче на меморијата. Ми фали онаа јас со поголема наивност во душата и постапките, но зачинета со поголема искреност во насмевките и манифестирањето на големите и мали животни радости. Кога ги гледам лузните на себеси кои ми ги нанесоа разочарувањата ја гледам високата цена на сопственото искуство кое ми нанело извесено горко по вкус чувство во душата, рамнодушност кон некои сентименталности сервирани од младоста, но пак со истото мото креација сум предодредена да опстои и посотои и ќе си најдам начини за селф-експресионизам или ќе умрам обидувајќи се...само би сакала да не сум сама на тој пат, е тоа е другото што ми недостига-мојот сопатник...
Ајде немој да се секираш млада си уште,уште многу те чека во животот...си помислив дека ти се случило најлошото,затоа те прашав и верувај секој проблем има решение,само за еден нема позз и секое добро
Премногу ми недостигаш, секој ден е по присутно твоето отсуство, секој ден сакам да си до мене Макар понекогаш сети се на мене, сети се дека има некој кој те чека, дека има некој кој би ти го дал своето тело и душа..
Ми недостига тој, не сум го видела цела недела (можеби ќе звучам дебилно но едни од најтешките мигови без него ги поминав)
Ми недостигаш ептен... нема да се лажам и да викам дека не ми значиш затоа што ми значиш. Можеби не сме за заедно... можеби...
ми недостига ТАТКО МИ Сигурно ме гледа од небото и ме гали со ветерот, но мене многу ми недостига, јас живеев од неговата љубов. Тато.........................да можев барем да те видам пред да не напуштиш
Ми недостигаат едни друаргки кој се во Канада ...Ми недостига безгризното детство ... Ми недостига летото кое едвај чекам да дојде ...Ми недостига едно дете кое многу си го сакав ... :'(
Ми недостасува мојот починат дедо него намногу го сакам на свет дури ни мама и тато не ги сакам толку...