Оваа сезона ацтеки шарите се актуелни на секое парче облека или накит. За едноставен дневен изглед одберете маица со племенски отпечатоци, едноставни кратки панталончиња, рамни чевли и чанта во ретро стил. Изгледа слатко и динамично. Мотивот е сличен на нашиот фолклор. Дали вие го преферирате овој стил? -Мене лично многу се допаѓа и се трудам да го вклопам во секојдневниот изглед. Но треба да се внимава да не се претера со шаренилото и боите.
Ми се допаѓа стилов, но малку е тежок за комбинирање. Засега имам само едно вакво парче - сукња, а мислам дека ќе имам повеќе набрзо.
Ацтеки парчиња облека, накит и ташни има и во нашите продавници: Terranova Benetton Аccessories МANA... МАNА Terranova Слободно споделте и вие каде може да се најдат вакви парчиња облека,накит...