Ајвар (од тур. havyar, „солена икра“) е специјален вид на салата, направена од црвени пиперки. Ајварот е еден од највкусните специјалитети и најголемите тајни на балканската кујна, и веројатно води потекло од Македонија. Дали знае некој отприлика колку калории има во 100г ајвар?
Калории во ајварот Немам разгледано дали има ваква тема во храна и пијалоци. Ако нема, сменете и го името Ајвар и нека стои. Наше си е
Калории во ајварот јас пак знам дека и не е баш калоричен ајварот туку големата доза на леб што ја консумираме со него ама ете грешка ми кажале изгледа... добро е да се знае
Ете, го сменив насловот на темата. А покасно ќе додадам уште нешто во воведниот пост. Пред да пишете во темава, ве молам приложете една тегла ајвар. Се шалам.
Го сакам ајварот, но се прашувам колку е (не)хранлив за нашиот организам. Прво печен, па лупен, па пржен... Резултат: хранливост=0 ама вкусот е ... . Не би требало да е многу калоричен, ама ако со него јадеме многу леб и многу сирење, калоричноста на севкупната внесеност во организмот ќе е голема.
Еве малку ајварче да се замезите Инаку, ајварот не е толку калоричен, 70-120 калории не се ништо... до лебот е, а кога ќе навалиш на лепче со топол, тазе ајвар и овчо сирење... мљац! Ама тогаш се стига 120 не калории туку кило(да не речам МЕГА) калории Слатко е, не е хранлив, ама вкусен е... и наш си е, нема збор, кој пробал, пак сака да јаде
Многу сакам Ајвар и вкусен е! јас без леб си јадам ама ич не здрав да се јаде... не знаев дека е толку малку калоричен јас мислев има околу 300 калории на 100 грама.
Го сакам ајварот повеке од се едноставно неможам да си замислам зима без него, можам да го јадам и за доручек и за ручек и за вечера и пак нема да ми се смачи од него дефинитивно е најдоброто нешто на светов за јадење според мене хахахахах
Хранлив си е ајварот зашто така зборите Пиперката има поише витамин Ц од портокалот и уште многу други витамини и минерали, при преработката се губи дел, ама другото си останува.
Мммммм обожавам ајвар! Моите годинава го направија по малку лут, не сакам луто, ама пак прсти излижав од ајварот
Како дете обожавав ајвар, додуша мајка ми и баба ми го правеа Инаку сега, моите не живеат веќе овде, а и баба ми е далеку и така ретко имам можност да пробам од нивниот Сега веќе сум станала многу пребирлива , не го сакам многу ладен, само топол, и само врткам околу него да не има случајно од тие лушпите од пиперките останато, (па стварно не ми е убав таков... )... И тоа..
Ајварот секогаш ке ме потцетува на студентските денови секогаш кога бевме шворц со пари јадевме ајвар )
Абе многу го сакам,ама секако дека моите бутови не го сакаат! Од кога дојдов во Скопје да студирам,го прејадов. И некако веќе гледам и желудникот не ми го трпи.. А има ли нешто поубаво од ајварче,сиренце или јогуртче..
Нема ништо поубаво во зимските ладни денови од топло ајварче и сиренце Си го правиме сами дома по наш вкус и "по рецептот од баба ми '' ( за да не се навреди ја лажеме) Не секојдневно ама често го конзумирам. Имаше една појава на одбивност од организмот зашто претерав неколку дена со количините ,зашто слушнав дека вклучувањето на пиперките во исхраната го намалалува и спречува опаѓањето на косата а јас баш тогаш имав таков проблем. Не би било Зима ако кај нас на трпеза нема домашно ајварче не го давам за ништо на светот освен како беше онаа групата на фб: Менувам тегла ајвар за одмор на Хаваите ама потенцирам -менувам не давам