Лиги ми направија и на фејсбук и на форумов, па решив ајвар јас да си направам дома купив 1 кг пиперки, мм не јаде па ќе јадеме со ќерка ми моите родители правеа ајвар , но кој ќе чека до зимата додека отидам и си земам тегла сега нема да биде ист како што моите го прават дека живеам во зграда ама ќе се потрудам да биде убав
Ако си купила 1кг пиперки подобро и не фаќај да работиш џабе ти е,не ти се исплати нема ни една тегла да ти излезе а само времето ке ти летне за џабе.. подобро земи 6-7 кила барем за 4-5 тегли ако веќе се нафаќаш да правиш.
Има ли некој правено ајвар така со 4-5 килограми пиперки, дома пржен во поголемо тенџере а пиперките печени во рерна? Така сакам да направам па ако има да кажи дали излегува исто така вкусен како правен во шерпа? Ајде мрзи, да се обединиме
Јас купив од кам маркет и многу е убав Така да ако нема некој време може да купи ама секако коа мајка ми и баба ми ќе напраат тоа ти е прсти да изгризаш Баба ми и мајка ми ставаат во тегла а јас со леб мацам
Јас не се декларирам како мрза ,ама ова е супер идеја за чајре Јас немам двор,оправдано нели?Ајде да се обединиме,сите целиме кон исто. Да се јаде ајвер па како сака нека е Споделете искуство тие што сте пробале на ваков начин,плизззз
Вие барем имате пипер од каде да си земете, макар две тегли ви излегле. Јас што да речам,тоа што има пипер е изгор скап, по парче се продава, нема вреќи, не смее да ми се пријаде Имам пржено дома колку една тегла, од зор, ама стварно многу малку излева, и нема таков, како се вика, вкус со мирис како пржен надвор на дрва, или до пиперките е
И јас сум не иста мака не само што немам двор ,и пипер нема или како што велиш изгор скап,ама за стрвна душа мора да се бара решение. А ти што велиш имаш пробано во домашни услови а знам дека нема да е ист вкусот ама барем да се конкам кој ќе чека додека ми пратат,и дали ќе ми пратат,прашање е Знам патетична сум,ама ми се јаде ајвер, ми се плаче
Δ Знаеш како ги загледувам оние во тегла пиперки, црвени и лупени ама си викам и ако ги откиснам во вода дали ќе им излезе киселото, да не печам и лупам, скапо е така ама од две тегли пипер колку за две рибанки да има барем стрв да помине кога дојде нож до коска
Ова идеја мене не ми светна тенкју Имелда. И друго нешто ми текна за да не не го вадиш киселото.Ке испечеш модар патлиџан и ќе свариш моркови,сето заедно и така на ова доза се става малку оцет и сенф.Ке ипровизирам некој ден па ќе се лигавам овде со импресии
Септември месец, веднаш се активира темава Јас и мајка ми денес имаме втора тура пиперки за лупење, па утре ќе ја замирисаме улицава, нек пукну душмани http://www.youtube.com/watch?v=eFTLKWw542g
Епа еве јас вчера си направив, ајвар, една тегла ставив едно кило пиперки, еден плав патлиџан 50 мл зејтин и сол, сега не е вкусот исти нели јас во шпорет ги печев ама ок е сепак сликава е голема и незнам како да ја смалам