Дали сум единствена што не јадам ајвар?! Се до еден месец го обожавав,се давев,многу го сакав со тазе лепче и сиренце,ама сега ми е гадно да го јадам.Не знам зошто,но повеке не можам да јадам. А мајка ми го правеше најубавиот ајвар.
Не си единствената Јас воопшто не јадам ајвар, од причина што не јадам пиперки. Имам пробано ајвар многу пати, ама сеуште не можам да се навикнам на вкусот.
Просто го обожавам! Од диетални причини го јадам без леб ,си сркам директно од тегла Превкусен е ,ништо не може да го замени
Порано баба ми и дедо ми правеа,сега веќе тоа го нема па со моите сме приморани да си купуваме! Среќа што искочија на пазарот убави ајвари речиси со убав вкус како домашни,па се прави некоја компензација! Најново што пробав е ајварот на Мамац,лут со парченца сирење внатре! Немате поима колку е вкусен...еве лиги ми потекоа одма!
Ние нема да правиме ајвар. Свекрва ми и свекор ми направија ајвар, а и остатокот од зимницата. Оваа недела ќе дојдат и ќе ни донесат. Едвај чекам.
Сега е сезоната на ајвари, дома правевме има тазе да се изнајадеш башка и комшиите ќе донесат деновиве си разменуваме така
Хмм.. па ајвар не јадам, но наместо тоа јадам малиџан. Слично е, само во малиџанот има многу повеќе модри патлиџани и сенф. И поубаво ми е.