Препорачајтеми некој ајвар од купениве тегли? Земав еден не го паметам името ама како кисел беше и внатрр со се семки и некако тврд Сакам да си купам бидејки во странство нема каде да се прави а многу ми се јаде некој како домашните што ги правиме
ниеден не е како домашните. пробај најди има луге што прават ајвар домашен за пари. Ако не, земи од оној мамас .
Од купечките го признавам само ајварот од Мама'с. Ниту еден не е како домашниот, тоа е повеќе од јасно, но кога завршила залихата секогаш сме земале по некоја тегла Mама'c. Еднаш земавме од друга фирма, знам дека беше наша и се покајавме милион пати - сите завршивме со расипан желудник зашто ајварот најверојатно беше недопечен. Не ми текнало од тогаш да купам ајвар, единствено ако ептен ме фати криза, а немам домашен. П.С. Бујрум на вкусен и домашен ајвар, нашиот е готов од пред една недела.
Живеам во стан и за жал не правиме ајвар, инаку го обожавам... Преклани правевме кај другарка на мајка ми во двор, ама не може така секоја година, не бива. Ќе му земам некоја тегла на дечко ми, и така си се понудив за лупење пиперки. А кога ќе ми се потрошат тие, тогаш купечки оној Mamma's мислам беше, најсличен ми е со домашниот ајвар. Шта чеш, додека живеам во стан така ќе биде.
Убав е ајварот само да не е тоа мешањето коа се пржи. Срека оваа година електрична мешалка купивме, па се спасивме од тоа вртење и прскање се одоколу. Најубав ми е коа е топол, затоа си го претоплувам секоаш пред да јадам.
E najubav e vo pravo si sesil,jas ovaa godina so mesko,plus vo bolnica gi izbegnav site pravenja na zimnici ama tuka se majka mi i svekrva mi vredni i dvete ke napravat se.Iskreno mi e krivo sto ne sum doma zasto togas koga se sobirame ni e najinteresno,muabet,smei,kafinja i ne osekas deka rabotis
Јас ја земав од еден пријател, фактички мотор од стара перална му дадовме и ни ја среди, додади уште некои елементи што беа потребни.
Обожавам да јадам ајвар со половина леб и куп сирење. Сметам дека е една од најдобрите комбинации, без конкуренција. И мислам дека знам што ќе вечерам денес.
Домашен најдобро, само од пипер и модар патлиџан, закон! Посебно кога е тазе направен, фантазија. Во комбинација со добро сирење...мњамм...