Шр, зато и "домаќинки над домаќинките" иронично фрлено за традиција на балкански простори се искористи. Оти не е хејт. Лично, ич не ми е гајле шо прај некој друг и вервам ако те прашат кога ајвар е eyeroll прашање. Ама е дел од "нормалното" на поќето луѓе есенски период. Праеле или ќе прат гротото ајвар периодов и сите имаме тенденција да збораме за нашето секојдневие. Ако периодов одбираме пиперки па печиме па лупиме па пржиме - дур кажвам за мене, ќе прашам и за тебе. Пошто комуникацијата така функционира. Дури и да сака да се докажи, како е то "грев"? Ко на крај на ден ич другите не мора да прат и ќе имат фри ајвар на нејзин грб лол. Башка шо то е наша перцепција. Кои се шансите да нема помош од надвор или сите очекувања во семејството да се дека то мора да е нејзина обврска без разлика дали е експлицитно кажано или имплицирано? Па и да мисли та како резултат дека е "натпревар", а уствари да е копинх механизам? Ама само мислам гласно пошто, again, мене не ми е гајле детално за многу работи.
Какви Македонки и Балканки сте ако хејтате ајвар или традицијата за правење ајвар? 1. Ајварот е најдобриот изум од овие простори. 2. И топол и ладен е вкусен. 3. И сам/а и со фамилија да го правиш е убаво. Секако, не правиш само за себе, туку им делиш и на други. Им даваш да се нахранат. Им враќаш убави спомени од детството. 4. Подобро е да ги учиш помладите да прават ајвар отколку да ги оставаш цел ден да висат пред екрани и да отупат. 5. Не е срамота и да купиш ајвар од маркет. Има и купечки убави.
Епа не ми е вкусен, како да правам, за да се докажам дека сум Македонка, или поради традиција? Тие што си јадат нека си прават, ама ако им кажеш дека не правиш ајвар, те гледаат чудно, тоа ми беше муабетот. И да, купувам лутица, повкусна ми е, има и купечки убави.
Е ако де, јас само да кажам дека е лудо да се покажуваш и докажуваш колку ајвар е направено, посебно на некој што не прави, си купува
Готово, ние што не правиме не сме Македонки и не почитуваме традиција, срам да ни е какви Македонки сме што не правиме ајвар, не смееш да си кажеш свое мислење, ако е спротивно од нивното, напаѓаат, секој си кажува свое мислење. Ај ако не да докажам дека сум Македонка да направам, па нека ми стои така.
@Malesia Прашањето е шала, аман... Ама, да. Очекувано е да ве гледаат чудно. Стара и убава традиција е.
Јас те сфатив во кој контекст беше муабетот,таа врста се посебна приказна кој ке ја прашаат напраи ајвар и колку теглиња ти излегоа испод 30 не си домаќинка хахахааххаах
Јас обожавам ајвар, и убавина е колку убаво мириса цела улица баш денеска. Ама и ние на шала си кажавме муабет дека неприфатливо е некој да не прави
Ама немаше хејт за ајварот туку муабетот беше за оние примероци што ќе речат Не прави онаа ајвар, значи е недомаќинка. Колку што е македонштина ајварот, толку е и озборувањето, тоа е.
Обожавам ајвар, ама не сакам да го правам и си купувам преку целата година. Но... многу ми смета ова правење на ајвар во секој двор. Живеам во куќа и околу нас се сите куќи и неколку недели секој ден мириса на чад и пиперки. И не е само ајварот, туку и џемови и други зимници се прават и едвај чекам да завршат да можам прозор да отворам. И друго, многу ми е чудно кога ќе слушнам некој: "Ние не јадиме ајвар, еве од лани сите тегли ни стојат, ама ако ќе направиме, нека има"
Во 100g домашен ајвар има околу 200 калории, 10-15g маснотии, 12 грами јаглехидрати, 5g протеини и околу 1g сол. Од микронутриентите што можат да ни бидат корисни, во ајварот во одредени количества се среќаваат и нa: витамин А, витамин К, витамини од Б групата, па дури и витамин Ц (ако термичкиот третман не е продолжен), 100-250mg калиум, калциум, железо.
Епа како така да не прават, па не се домаќинки, не почитуваат традиција. Јас како мала јадев ајвар на почеток само и толку, теглите си стоеа, сега па лутицата ми е повкусна, ама не до толку за да правам, и купувам, ќе ја почнеме теглата малце и така ќе стои, ќе мувлоса и ќе ја фрлам. И како да правам кога не јадеме, за да фрлам? Ете купувам по некоја тегла за мезе само, и мм не јаде. А за чадот незнам што да кажам, и јас неможам прозор да отворам. Па и да завршат зимниците, потоа грејна сезона и пак чад.
Никој не си ја врза главата дали правите ајвар или не. Смол ток е, ништо повеќе. Ама сценаријата нема да се направат сами.
Се чудам искрено како има луѓе што толку не сакаат ајвар. Не е само ајварот ко јадење, туку традицијата на правење ајвар и познато македонско традиционално јадење. Обожавам кога ќе почне да мириса на ајвар надвор. На луѓе кои не се од Македонија секогаш кога ќе ме прашаат што јадења имаме, првото нешто што го кажувам е ајвар. И на либе му зборувам дека кога ќе дојди тука тоа ќе биди прво што ќе проба. Ама навистина, некако отсекогаш ми е светла точка традицијата на правење ајвар во тмурно и ладно есенско време, па како со мајка ми си лупиме пиперките и си зборуваме на различни теми, ми е ко квалитетно поминато време заедно. И секако, најубавиот дел е пресен ајвар на топол леб со сиренце.