1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Ајвар

Дискусија во 'Храна и пијалаци' започната од Marissa24, 13 октомври 2010.

  1. spellbound

    spellbound Популарен член

    Се зачлени на:
    1 декември 2010
    Пораки:
    916
    Допаѓања:
    1.482
  2. enca.69

    enca.69 Популарен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2009
    Пораки:
    1.709
    Допаѓања:
    3.449
    Е јас изгледа сум единствена што не го сакам....мислам не дека не јадам воопшто...ама една до две тегли ни се доста со муж ми....ми се пријадува само во есен кога од секаде доаѓа мирис на тазе пржен....е тогаш ако не кснам, може и да ми се деси нешто :lol: зимава имаме изедено дури една тегла.... :o :rofl:
     
  3. maca99

    maca99 Популарен член

    Се зачлени на:
    19 септември 2010
    Пораки:
    1.819
    Допаѓања:
    1.690
    Сите си го сакаме ајварот :lol: особено ми фали летно време :( ме фаќа стрв ама мора да се чека до есен :lol:
    Не го јадам ептен често,ама најубаво ми е кога во лепче за тост си ставам ајвар и сиренце и си го потпечам на тостерот :smirk:
     
  4. meredith

    meredith Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 јануари 2010
    Пораки:
    363
    Допаѓања:
    78
    обожавам да јадам ајвар :)
     
  5. Hova

    Hova Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 октомври 2010
    Пораки:
    248
    Допаѓања:
    127
    хахаха ова како јас да сум го пишувала,,не си единствена... и јас така само на есен, а преку зимата еднаш или двапати имам каснато... :?: не се ни сеќавам :)
     
  6. LidoDeJesolo

    LidoDeJesolo Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 февруари 2011
    Пораки:
    8
    Допаѓања:
    1
    Не можам да си ја замислам годината без ајвар. Особено есента и зимата зошто веќе за на пролет е потрошен :)
     
  7. Zoza

    Zoza Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 февруари 2011
    Пораки:
    792
    Допаѓања:
    297
    една тегла ке да е добро ако имам изедено оваа зима
     
  8. Phyramide

    Phyramide Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јули 2010
    Пораки:
    3.009
    Допаѓања:
    14.809
    Ајвар. Ммм...ајвар! Сега правам со усните како онаа во Бушава азбука што објаснуваше како се изговара некоја буква и задолжително на крај кажуваше некои јадења.

    Ми е гајле за калориите, вкусен ми е! Па и не е само тоа, целата подготовка колку ми е прекрасна, полна со теткици, со трачање, со сеир, со мириси, со бои, онака баш - наша :)
    Со денови се прави, се подготвува. Цел комшилук ви е на гости. Цела зграда, или цела улица.
    Се сеќавам кога бев дете имаше групи од женички кои вадеа ќумбињата пред зграда и групно се подготвуваше ајварот во локалниот парк наречен „пред зграда“. Мислиш натпревар се спрема. Една пече, друга лупи, третата ја загледува згодната комшика која излегува да го пречека момчето да ја собере во екстремно кратка мини сукња. Загледувајќи се во неа заборава да го измие модриот патлиџан. Па и довикува - комшике, ладно да не ти е а?! :D
    Па таман си мислиш дека со зајдисонцето ќе прекинат овие фешти, ма јок бре! Се вадат продолжени кабли, се палат сијалици и се продолжува во маратонот.

    И после сево ова, како да не го јадеш? Се прашувам. Па нема во ајварот само пиперки и модар патлиџан. Во него има многу повеќе од тоа. Го јадете ајварот - го дегустирате цело маало, цела улица, цел комшилук, сонцето, есенското зајдисонце, првите есенски студени ноќи.

    А најслатка е последната тегла! И таа секогаш си ја третирам ко човек. Си ја галам и лажиче по лажиче, бавно и тажно, се збогувам со ајварот.

    Довидување до следниот септември. Кој ќе чека?! :(
     
    На sleepingbeauty, Annath, Theodora и 2 други им се допаѓа ова.
  9. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    21.792
    Допаѓања:
    65.502
    Пол:
    Женски
    Прееска бев кај мајка ми и ми извади една тегла ајварче, ми замрзнала, го чувала за постов :)
    Сум се прерадувала, како злато да ми дала :D
     
  10. marama

    marama Форумски идол

    Се зачлени на:
    20 април 2010
    Пораки:
    6.133
    Допаѓања:
    88.428
    Пол:
    Женски
    Многу сакам ајвар, посебно ако е лут мх, мх. Правиме многу, се собираме 4,5 жени :D и најубав го правиме. Како нема од 5 години се бафтам со ајвар правење :lol: Купуваме по 200 килограми пиперки и излегуваат многу тегли, делиме со тетка ми и одлично. Имаме од септември до март, април. Оваа година може и до мај ќе има, некако послабо ми го јадат. Ајварче, сиренце, маслинки мх, мх уште па ако има и прженка сланина, да си ги подзабришам лигиве :D
     
  11. Biggie

    Biggie Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 јануари 2011
    Пораки:
    210
    Допаѓања:
    62
    Ооо пинџур на кав'даречки :D . Си го сакам и си го јадам. Нема никакви витамини ама ајвар си е ајвар :D . Најсладок е додека се прави и на крајот откако ќе се наполнат теглите и ќе се наредат сите околу тава со векна леб и јадат! Вака стварно звучи селски, ама убавини се тоа :D .
     
  12. mina

    mina Популарен член

    Се зачлени на:
    22 ноември 2009
    Пораки:
    1.260
    Допаѓања:
    637
    Јадам...понекогаш! Но не можам за себе да кажам дека сум голем љубител на ајвар! Дури последните неколку години мајка ми го прави во ептен мали количини колку да ја зачува традицијата на подготвување зимници што како домакинка и те како сака да си ја зачува! Но една до две тегли на почетокот од сезоната на ајвар (есента) и другите си стојат без никому да му текне да јаде! Понекогаш кога нема што друго да јадам посегнувам по теглата ајвар но и тоа е ептен ретко! :!:
    како традиција ми се допаѓа-но мразам да лупам чушки :lol: а и како вкус не ме воодушевува ептен!
     
  13. LivingGlam

    LivingGlam Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 септември 2010
    Пораки:
    6.098
    Допаѓања:
    56.329
    Пол:
    Женски
    Го сакам пикантен. Со топло лепче и масно сиренце, убајни :mm: :wasntme:

    Го сакам чист, само од пиперки. Со модар патлиџан и други додатоци - тоа веќе за пинџур го сметам, и за ајвар не го признавам :$

    Не го јадам ако го лупат комшивки и тетки :$
    Лупиме мајка ми, јас и една другарка од мајка ми (само нејзе и’ верувам).
    Порано баба ми ги збираше сите жени од маало, и колку и да беше пријатна и забавна атмосферата, не сакав да го јадам од сто раце чепкан :|

    Сакам ајвар. Одам да и’ кажам на мајка ми да ми извади една тегла за вечера. :wasntme:
     
    На marama му/ѝ се допаѓа ова.
  14. Em4e711

    Em4e711 Популарен член

    Се зачлени на:
    11 август 2010
    Пораки:
    613
    Допаѓања:
    368
    Го јадам и мн ми е жал што го изедовме и нема веќе.. дури следната година :(
     
  15. tessie

    tessie Форумски идол

    Се зачлени на:
    11 ноември 2010
    Пораки:
    5.629
    Допаѓања:
    21.961
    Пол:
    Женски
    аааа нашиот се изеде веќе, толку му беше векот :D прекрасно нешто без кое не можам да ги замислам есента и дел од зимата :)
     
  16. MadHatter

    MadHatter Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 февруари 2011
    Пораки:
    104
    Допаѓања:
    30
    Обожавам ајвар ,посебо со мала лута жичка (или гајтан) :lol:
     
  17. xAne

    xAne Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 декември 2010
    Пораки:
    72
    Допаѓања:
    8
    Како мала ич не јадев, не можев да го смислам.
    Сега па скоро секој ден го јадам :D
    И така вчера ни заврши и последната тегла, па ако ми се пријаде некогаш, ќе си купам од продавница 2-3 тегли :rofl:
     
  18. didi1982

    didi1982 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 декември 2009
    Пораки:
    271
    Допаѓања:
    4.115
    Го обожавам, со сиренце и топло лепче. :)
     
  19. princessofthedark

    princessofthedark Популарен член

    Се зачлени на:
    15 април 2010
    Пораки:
    1.018
    Допаѓања:
    149
    обожавам ајвар можам сама на едно јадење да изедам тегла мммм
     
  20. Sephora

    Sephora Популарен член

    Се зачлени на:
    5 декември 2010
    Пораки:
    2.690
    Допаѓања:
    4.481
    Сакам ајвар, домашен, а не од Тинекс, Веро, Меро... Ах. :inlove: