Скоро секогаш кога јадам ајвар морам да го стоплам на шпорет малце за да ми заличи како да е пресен, и со сиренце мммммммммммммм
ајвар во сите варјанти,чист ајвар строго со црвени пиперки,па може и со модар патлиџан,може и со морков каков и да е го обоооожавам
Јас го јадам пржен со јајца. Се ставаат неколку лажици - колку сакаш толку, на малку масло се пропржува и потоа се додава изматено јајце, се промешува дур се испржи јајцето. И ми се допаѓа. Брзо и лесно е , може да пробате
и јас го јадам со пржени јајца,превкусно е. со сирење не јадам ајвар, впрочем не јадам сирење никогаш...и понекогаш кога немам време да го пржам со јајца, мачкам на леб ајвар, посипувам сол одозгора и со шолја јогурт.....совршенство
Ајвар и само ајвар, ајвар и извара, ајвар и сирење, ајвар и кремсир, ајвар и кисело млеко, ајвар и пржено јајце (но ајварот намачкан на леб, а јајцето пржено, не го сакам пржено тоа заедно) ајвар и се.. да може.
Вчера морав да јадам пошто постам овие два дена....инаку не го обичам многу,како мала го имам прејадувано,па може затоа уопште сите дома не сме му љубители,па затоа се наоѓаат уште 4,5 теглички
Уффф...го обаожавам, малце не го сакам лупењето на пиперките ама затоа пак потоа цела зима уживам во секој залак, највеќе го сакам намачкан на топло лепче и одозгора со сиренце...мх мх мераци
Ајвар сакам, ама највкусен ми е после пржење од тенџере со тазе топло лепче од фурна. мх,мх,мх мераци.
Јас цел живот си мислам дека е исто но сега се замислив ,ке ги прашам постарите па ке дознајам сигуро
Не е исто. Ајварот се прави само од пиперки (во последно време почнаа и модри патлиџани да ставаат ама таков не го признавам), а пинџурот се прави од пиперки и домати, има киселкав вкус од доматите.
Точно ајварот е само со пиперки, малиџанот е со пиперки, модри паљтлиџани и малку сенф мене искрено ова ми е повкусно и веќе подолги години само малиџан правиме ,а пинџурот е со пипарки, патлиџани црвени , а некои и бел лук ставаат