Секоја година мајка ми го прави, но во мали теглички. Го обожавам. Го јадам континуирано се додека не се потроши последното тегличе.
Да ви се пофалам последен пат годинава јадев ајвар во јули. Да, во јули. Бев на гости кај братучед ми, тој на работа прва смена, јас со либето во станот. Ми вика ајде идеме да јадеме некаде, а јас на станување прво испитав што има во фрижидерот. Веднаш ми паднаа во очи двете тегли ајвар, Викам не идам никаде, ајвар немам од зимата јадено, ќе јадам ајвар. Го убедив некако и него и му седнавме на ајварот мх мх
Оффф леле тој ајвар тој прекрасен ајвар едноставно го обожавам ми го разубавува денот ме потсетува кога ке станам еден зимски ден на сабајле ке земам тегла со ајвар ке ја отворам ке намачкам на селско лепче мераци живи и одозгоре рендано сиренце мммм рај и после спремна за у школо едвај чекам моите сега да направат па после зимуска.....
ауууууууууууу како што сум гладна би утепала 3-4 кришки без проблем ајварче и сиренце поубаво здравје еј зашто вака праите бе луѓе не сте фер у лето вие за ајвари зборите само лиги ми пуштивте
Абе шо е важно колку калории има. Глејте го вкусот хахахах Со ајвар имам изедено 11 рибанчиња леб. Тоа кога се вратив по 12 часа инфузија хахахах.
за неколку дена почнува сезоната на ајвар и ќе има натпревар во лупење на пиперки, која комшивка побрзо лупи Го сакам и го мачкам на леб ама не нешто претерано. Знам дека е канцероген и е штетен АМА сакам бре да го мачкам на леб
Ахх ајвар, љубов хаха.Го обожавам, кога има, скоро секој ден го јадам(затоа за 2 месеци ни се троши цел ајвар-.-). Ептен се радувам што е сезона на ајвар сега па едвај чекам да направат моиве да јадам!
па нема нешто подобро од ајварот неможам да дочекам да го направиме..наредната недела мислам ии после почнува сезоната на јадење ајвар all day all night хахаха
Ах, тој ајвар. Незаменливо е чувството кога после попладнева дремка излегуваш во двор и мама и баба седнати во гаража лупат пиперки. А да не зборувам па кога ајварот ќе биде готов и префрлен во тегли, со лепчето во рака седната над огроомното тенџере си мацкам..
Кој си мацка така на свадбата дожд ке му врне Денеска цел ден сум со затворени прозорци и врати. Од цело маало се шири мирис на ајвар. Јаооооо што ме фати стрв......
Па и не го јадам нешто многу. Моиве не прават веќе едно добри 5-6 години, а и нема потреба. За џабе толкав труд, ќе изедеме 3-4 тегли и другото се фрла Затоа сега кога ќе ни се пријаде си купувам, ајварот на Випро, благо пиканетен е многу убав. Другите не ги признавам Обично првите ден-два го јадам со мерак, после само кога нема ништо друго
Не го сакам баш многу ајварот, сладок ми е на почеток од кога ќе се направи,а после ич. Така останваат теглите недојадени.
ЛЕлее.. знаев дека не требаше да отворам и да прочитам во темава, ама бидна веќе.. Страшно ми се јаде ајвар.. намачкан на топло лепче со кравјо сиренце.. мх мх мх мх МЕРАЦИ!!