Прекрасна емисија! Многу ми се допаѓа концептот се' е добро осмислено. Ептен ја бива целата екипа,полни се со идеи,а и многу се креативни што е најбитно. Не ја гледам редовно емисијава(зашто го заборавам терминот кога ја даваат) ама кога ќе ја начекам си ја гледам со уживање
Јас ја гледам секоја недела,, интересна е, ама не би ги викнала, не сакам некој друг да ми го бира мебелот и тапетите. Може само за покрупните работи, тишлерајски, ама деталите во домот сакам сама да ги осмислувам, бидејќи сепак јас ќе живеам во него.
Многу ја сакам емисијата, интересно ми е да гледам некогаш кога ќе имаат крш ентериер и го претвараат во убаво место за живеење. Некогаш се случува да не ми се допадне резултатот, но ретко. Искрено јас не би ги викнала затоа што најголемото задоволство е баш сам да си го уредиш просторот во кој ќе живееш, но добри се, тука нема збор. Не сум ја гледала одамна. На Алфа ја даваат се’ уште? Во колку часот?
Интересна емисија и многу интересни идеи. Ама јас не би ги викнала. Прво, затоа што ако имам доволно средства не ми треба некој си трет да ми бира тапети и намештај и бои за соба. Можам сама. Ама времињава се никакви и се задоволувам и со основното. Второ, убави идеи даваат да, ама не се прецизни многу за пипавите работи. На крај па подобро и да го немам тој дел од мебелот, отколку да има луфта сегде
^Секоја недела од 16.30 часот. А пропуштените епизоди може да ги гледате тука: Спојлер http://www.ajdedoma.com.mk/
Јас би сакала вакви стручњаци да ми го урдуваат домот. Сепак прво има разговор каде ќе им опишам што сакам, каква личност сум, да добијат претстава за мојот карактер и што би ми се допаѓало и верувам дека тие многу подобро ќе ја изразат мојата теорија во пракса. Емисијава порано ја гледав, сега веќе не гледам тв и не сум ја гледала. Инаку ја гледав со уживање. Посебно ми се свиѓаше моментот пред и после
Емисијата ми е супер..си ја гледам редовно со големо задоволство.. Екипата е одлична..одлични идеи..креативност..се на едно место.. Ме живцира само малце водителкава..(секоја чест..врвен архитект си е) кога ќе каже нешто и сама ќе си се изнасмее... Воопшто не ми е харизматична... Инаку за емисијата..чиста 10ка!
И јас ја гледам емисијата, интересна е. Навистина нуди интересно и стилско уредување на домот, за едноставен, софистициран и релаксирачки изглед. Имаат доста креативни идеи и интересни решенија кои штедат на простор и одделуваат убаво местенце за одмор и релаксирање. Сепак креирањето на еден ваков изглед и не е толку тешко, сè што ви треба е имагинација и нормално адекватни асесоари. И јас би умеела да си го уредам својот дом перфектно, секој би можел само кога Би се имало добар кеш. Е сега можеби сепак си се професионалци овие од емисијава, ама кога ми се имало добар стандард секој би можел колку толку да си го уреди домот според последни трендови. Не за џабе викаат, колку пари-толку музика.
Емисијата ја обожавам И би ја викнала екипата од Ајде дома да ми го среди домот, од една едноставна причина што знам дека никогаш нема да имам храброст толку смело да си играм со боите низ домот
Мислам дека емисијава е нешто најдобро кај нас што се дава по телевизиите. Дефинитивно би ја викнала Ивана Николовска, девојкава навистина си ја знае работата и што е најбитно се гледа дека тоа го работи со љубов. Како што некој веќе кажа прво има разговор каде ќе им опишеш што сакаш, каква личност си, да добијат претстава за твојот карактер и што би ти се допаѓало. Кој може да си дозволи, сепак архитект си е архитект, човк професионалец во таа работа кој може само да ти помогне она што ти го сакаш, го замислуваш, да го претвори во стварност.
Феноменални се! И искрено, кој си има буџет, а абер нема што да прави со станот (свесен дека корекции му требаат), зошто да не ги викне? Јас би.
Идеите ми се многу интересни, по нешто и јас учам, и добивам инспирација, ама не би ги викнала, сепак сакам сама.
Многу ја сакам емисијата а кај можам да ја гледам???(малку глупо звучи...Многу ја сакам емисијата...а кај можам да ја гледам??? сум ја гледала порано..ја знам...но некако ја изгупив и сега незнам кај се дава...дали воопшто се дава?
Секоја недела од 16.30 часот на Алфа Репризи:Вторник 12:30 и недела 1:30 навечер Повеќе информации тука Спојлер http://www.ajdedoma.com.mk/
Oдлични се. Незнам дали некој ја има гледано епизодата кога на еден дечко станот од 1 на 1, како му го опремува..дури и му наога место за мини спална соба, за разлика од претходно кога спиел на кауч.
Одлични. Никако не би ги викнала да ми го средат станот вака за на телевизија, ама со задоволство би платила на страна од малите екрани. На почетокот ми беа некако поинтереси, пооригинални, понатаму како да затупеа. Ама беше интересно да се гледа, тоа со сигурност.
Ајде сите во 12 и 30 пред тв и гледајте .. иначе сите од таму ссе срцки најмногу ивана и јас помислував да ги викам ама треба голем буџет ама ги гледам од веп страната така да кога ке реновираме ке крадам идеи
Одлични се. Многу често ги гледам. И им крадам идеи. Секогаш се оргинални и со нови идеи, мислам дека немаар две простории исто направени. Доколку би имала доволно средства би ги викнала, зошто да не