Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Ајде Дома!

Дискусија во 'Серии и емисии' започната од N.A.T.A.S.A, 11 мај 2011.

  1. flowergarden

    flowergarden Популарен член

    Се зачлени на:
    27 февруари 2011
    Пораки:
    1.277
    Допаѓања:
    418
    Знае ли некој отприлика колку чини ова искуство? знам дека се зависи од тоа колкав е станаот и што се ќе ти уредат, но ме интересира дали се скапи и околу која сума се работи
     
  2. femina90

    femina90 Популарен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2009
    Пораки:
    3.997
    Допаѓања:
    2.350
    Колку што памтам мислам дека ги преуредуваа со толку пари колку што имаа луѓето, во зависност од сумата смислуваа различни идеи и варијанти. Мислам дека најчесто беа околу 5000 евра, но не сум сигурна. Е предност е што со нив работите ги добиваш на попуст, па за тие 5000 евра ќе добиеш повеќе отколку кога сама би преуредувала.
     
  3. Trendafilka

    Trendafilka Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 декември 2009
    Пораки:
    5.941
    Допаѓања:
    27.602
    Мене на почетокот ми беа многу интересни, но после некако се' стана шаблонизирано.
    Како да им снема свежи идеи, едно те исто - а посебно од такт ме вадат тие висечки елементи во дневната соба.

    Не би ги викнала, зашто сметам дека домот има душа и сопствен шмек ако си го уреди секој сам, по свој вкус и замисла.

    Плус, многу ми е нападна Ивана. :^)

    Единствен добар момент - што не се заморуваш, доаѓаш и се' е наместено и НАЈВАЖНОТО :!: - исчистено.
    :)
     
  4. Justice

    Justice Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 октомври 2011
    Пораки:
    340
    Допаѓања:
    91
    Го гледам ова кога ќе го фатам,интересно ми е ама не сум го гледала повеќе пати за да приметам како погоре што вика Трендафилка се едно те исто да прават.
    П.С сигурно нив само богаташи ги викаат
     
  5. TS-310

    TS-310 Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 јуни 2011
    Пораки:
    146
    Допаѓања:
    37
    Емисијава ја гледам кога ќе ја фатам,не ја пратам редовно.Одамна не сум гледала,ама многу сакам емисии од овој тип.Има една емисија ти ја преуредуваат бањата,па и таа знам да ја гледам некогаш.Уживам да го гледам процесот на стварање нешто прекрасно,ново,различно.Омилен дел,на крајот кога покажуваат ПРЕД и ПОСЛЕ :)
     
  6. Belieber163

    Belieber163 Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 август 2011
    Пораки:
    373
    Допаѓања:
    444
    Порано ја гледав секој викенд, сега ако случајно фатам ја гледам со задоволство...Многу сакам кога ја уредуваат детската соба или пак кога уредуваат некоја игротека ...Најдосадно ми е кога ја уредуваат бањата и бараат плочки и тапети. И се согласувам со ТС-310 дека сепак крајот кога покажуваат пред и после е најдобар дел од емисијата... :rock:
     
  7. Srekicka

    Srekicka Популарен член

    Се зачлени на:
    14 мај 2010
    Пораки:
    1.863
    Допаѓања:
    2.847
    Една од ретките емисии што ја гледам од почеток до крај, без да трепнам, а после пак ги прегледувам на интернет. Ја имам слушнато Ивана кај што вика дека таа секогаш се труди и сака да и биде различо уредувањето, секогаш се` нешто поинакво од претходното, меѓутоа луѓето сами си барале да им биде како во тој и тој стан од таа и таа емисија. Професионалец на место, секогаш прво ги прашува да не имаат некој посебна желба за боја и се останато останува на неа. Од крш прави чуда.
     
    На A-j-a му/ѝ се допаѓа ова.
  8. Special.Someone

    Special.Someone Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 август 2011
    Пораки:
    943
    Допаѓања:
    635
    емисијава ја гледам кога ќе ја фатам интересна е ама јас не би ги викнала поубаво јас да си уредам како што си сакам :)
     
  9. Mrs.Cuper

    Mrs.Cuper Популарен член

    Се зачлени на:
    10 август 2011
    Пораки:
    2.790
    Допаѓања:
    2.553
    Пол:
    Женски
    Јас емисијава ја гледам најчесто со дечко ми бидејќи он многу сака да гледа дизајни на куќи, станови, се смееме заедно и на водителката многу интересно се смее. Баш денеска гледавме заедно, али сепак поубаво е кога јас сама би си ја средила куќата :)
     
  10. Cacy

    Cacy Популарен член

    Се зачлени на:
    26 јули 2010
    Пораки:
    2.244
    Допаѓања:
    1.547
    Многу е интересна оваа емисија :)
    Какви трансформации прават од еден стан :D
     
  11. najubava2010

    najubava2010 Популарен член

    Се зачлени на:
    19 април 2010
    Пораки:
    1.619
    Допаѓања:
    4.653
    Јас кога гледав поодамна мислам дека водителкава кажа дека имаат одредено минимален буџет, е сега нели тоа зависи од тоа што сакаш да ти преуредуваат. Доколку сакаш само мебел и боење ѕидови, секако е поевтино, но доколку сакаш реновирање паркети, плочки, преградни ѕидови и сл. секако дека треба поголем буџет.

    Мене ми е интересно, добра е архитектка, знае со бои, и максимално го искористува просторот, светлина и сл.
    Друга поволност е што негубиш време талкајќи низ салони, барајќи компактибилни решенија по пристапни цени (таа си знае кај што да бара), трето што не бркаш мајстори, не мораш да се туфкаш дали се добри, дали добро ќе сработат, дали ќе запазат рок, да им мкнеш ручеци, да чистиш по нив и сл.

    Кога би имала средства би ја ангажирала, но под услов да ги прати моите замисли и желби. Имам празен спрат и си имам замисла како сакам да ми биде уредено, и би сакала тие мои желби да бидат исполнети.
    Добро е што и даваш празно место и клуч и одиш на одмор 10тина дена, кога ќе се вратиш све ќе ти биде цакум-пакум, а сам да уредуваш чисто сумљам дека за толку кратко време ќе успееш да испланираш, да купиш, да најмиш работници, да средиш-стокмиш и исчистиш.
    Едно кречење дома ти одзема по 4-5 дена, со вадење ствари, чистење и враќање на место, а не пак целосно уредување.

    До душа можеби и можеш со правилна оррганизација и ако однапред имаш план, ама па ќе се измрцвариш максимално, вака си одмараш, си тераш работа а друг ти уредува и брка работа.
    Кога ќе размислиш се е до парите.
     
  12. song

    song Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 јануари 2012
    Пораки:
    123
    Допаѓања:
    46
    Ја обожавам емисијава секоја чест! :clap:
     
    На lolita97 му/ѝ се допаѓа ова.
  13. Hipster

    Hipster Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 јули 2011
    Пораки:
    5.779
    Допаѓања:
    22.420
    Пол:
    Женски
    Баш напротив, мислам дека оние кои имаат одвишак пари, нема да се јават на емисијава, бидејќи веќе одмана си ги имале средено нивните домови, или пак си плаќаат дебели пари на сјајни архитекти, не еден повеќе!
    Тука се пријавуваат просечни граѓани, мислам со просечни примања!
    А колку пари треба да е буџетот, незнам нависитна, но сигурно не е малку, средуваат од корен некаде, а тоа многу чини!
    Едно веце да го опремиш и средиш ти требааат барем 1000-2000 евра!
    Ја пратам одамна, на моменти ми се допаѓа, на моменти не.
    Последниот стан ми беше многу дречлив за мој вкус, мразам жолто, па така ич не ми се допадна.
    Инаку знае да направи добри трансформации, од премали собички да нарправи визуелно да изгледаат барем малку поголеми.
    Јас искрено не би ја викнала никогаш со оглед на тоа што не би сакала многу да се експонирам на тв.
    Но има некои добри и модерни идеи.
    Во секој случај браво за различноста и тоа што ја одржа долги години во етер, и за тоа треба умешност :clap:
     
  14. rossonerka

    rossonerka Популарен член

    Се зачлени на:
    13 април 2010
    Пораки:
    4.160
    Допаѓања:
    15.289
    Имаш опција и да ти го уредува домот без емисија, приватно значи, истата екипа.
    НО ако те има на телевизија и се спреми емисија тогаш не сум точно сигурна но имаше БАЈАГИ попуст. Што доаѓаше до над 1000-2000 евра поефтино најмалку, нели сето тоа зависи од вкупниот буџет и од тоа колку ќе има преуредување. Со емисија вршиш реклама на производите, зашто ако приметите со речиси исти продавници соработува и исти мајстори и добиваш попуст од нив.
    Така да со 2000 евра плус ќе си средиш кујна :)
    Јас срам не срам за 2000 евра би се појавила во емисијата :lol:
     
    На Hipster му/ѝ се допаѓа ова.
  15. tigerlady

    tigerlady Популарен член

    Се зачлени на:
    21 јануари 2011
    Пораки:
    1.651
    Допаѓања:
    5.420
    Мислам дека идејата за емисијата е супер. Од искуство со реновирање низ дома, големи живци треба за да се расправаш со мајстори посебно кога како тајфа напаѓаат, а тебе ти требаат сите. Од тој аспект, се исплати и тоа како.

    Но бидејќи е прашање на вкус, мене не ми се допаѓаат посебно многу реализациите. Освен бањите, фаворит ми е како ги прави секогаш се ѕверски плочките. Посебно за дневната имам чувство дека секогаш е истиот концепт што воопшто не ми се допаѓа. И мебелот во главно е во Г варијанта и секогаш има ист тип комода за телевизор.
     
  16. Jule.Sk

    Jule.Sk Популарен член

    Се зачлени на:
    28 мај 2011
    Пораки:
    1.314
    Допаѓања:
    736
    Пол:
    Женски
    Што е до мене одма би ги викнала да ми преуредат цела куќа ама требаал МАНИ :D Навистина имаат добар вкус се до сеа што имаат направено мене ми било најсуппер ;)
     
  17. Rubiii

    Rubiii Популарен член

    Се зачлени на:
    17 февруари 2011
    Пораки:
    2.688
    Допаѓања:
    5.452
    Пол:
    Женски
    Пријатели наши ја контактирале за уредување, и се информирале дека цената само за идејата и скиците зависи од површината на просторот, и бидејки нивниот стан е околу 90 м2, цената која им ја одредила била 2000 евра, значи без кречења, бела техника, намештај, мајстори, ништо буквално, туку само за нејзината идеја и концепт.
    Соленичка сума си лапа Ивана, нема што. :)
     
  18. tweety26

    tweety26 Популарен член

    Се зачлени на:
    30 март 2010
    Пораки:
    1.650
    Допаѓања:
    2.279
    Пол:
    Женски
    Секоја чест...само тоа можам да го кажам.
    Навистина се оригинални.Идеите им се одлични. :)
     
  19. sanjalica

    sanjalica Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 декември 2009
    Пораки:
    522
    Допаѓања:
    571
    Јас лично, не би ги викнала дома.
    Не велам дека се лоши или не ми се допаѓаат. :)
    Небитно дали би имала пари или не, сакам тоа што ќе го “склопам’’ во мојот дом, да биде лично МОЕ. Да си уредам по мој вкус, да знам таа лампа/столица/маса каде е и зошто е таму. :)
    Е сега, за консултација, секогаш се добредојдени креативни луѓе се идеи :)
     
  20. Maxymous

    Maxymous Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 март 2012
    Пораки:
    195
    Допаѓања:
    70
    Ете затоа толку многу е расположена на крај :D