Редовно ја гледам, имаат убав термин фатено, па баш си ја гледам за време на неделниот ручек Ретко кога не ми се допаднало некое преуредување. И тоа во делот на боите, затоа што јас не сакам некои силни бои, а Ивана често знае да стави тиркизна или некоја друга дречава боја. Јас не би ги ангажирала за да ми го преуредат домот, ама би преземала многу идеи што ги даваат во емисиите, па самата би си го средила просторот. Првенствено затоа што не сакам секој да знае во каков стан или куќа живеам, а освен тоа, Ивана не секогаш ги слуша клиентите, и знае малку да ја стави нивната желба на страна, па да си оди по свое.
Од последниве две емисии воодушевена сум. Посебно од онаа претпоследната, значи обожавам портокалова боја толку смирува, посебно за дневна соба каде што е уметничко катче за све и свашта, толку одмара бојата да не би се поместила од нејзе. Еве ги, превземени од страната на ајдедома: http://ajdedoma.com.mk/-on-line/228--04--10 http://ajdedoma.com.mk/-on-line/229--04--11
Уживам да ја гледам емисијава. Малку ја подзаборавив во последно време, ама кога и да ја фатам на тв обавезно гледам. Многу ми се допаѓа како ги средуваат становите, отпрво кога ќе ја слушнам идејата малку ми делува прехрабро и чудно, ама секогаш сум воодушевена од крајниот резултат. Таа Ивана ми е малку антипатична, ама дека одлично си ја врши работата, тука нема збор
дизајнот во емисијата е бесплатен и тоа е мнооогу поволно затоа што инаку се наплака само за дизајн многу пари. емисијата е супер и сум 50 50 за тоа дали би се пријавила или не ! да - заради тоа што нема да се мафтам со мајстори и бла бла не- бидејки сакам сепак сама да го осмислувам просторот , можеби кога би реновирала дома би побарала некое мислење од стручњак
Не ја гледам емисијава но.. Како да не знам самата да си го уредам домот, 2000 евра ќе плаќам само за идеја
Како одат репризите? Денес ја пропуштив премиерата, и знам дека во текот на работната недела има денски реприза попладне, и некаде по полноќ, ама незнам кои денови како се.
Ајде Дома, недела 16:20. Репризи понеделник 1:30 и петок 15:00 сите информации за емисијата ги имаш овде http://ajdedoma.com.mk/
мене емисијава ми е многу убава и корисна порано имаше од време на време .. правеше Ивана декорации сама па корисни беа..
Има некои корисни совети кои можат да се земат предвид. А за такво уредување можат да си дозволат само оние со подлабок џеб.
дечки, а нели ве иритира она моронсконо смеење на Онаа ??? Јас органски неможам да ја поднесам- па на муте ја гледам постојано !! а ми бесхе супер Ивана кога беше во екипа
Би се пријавила единствено ако има ОГРОМНИ попусти, но ако си плаќаш се' по стандард цена не ми е јасно која е смислата...Повеќе ми се допаѓаат емисии од сличен тип но кои уредуваат со минимален буџет, со интересни идеи, сами украсуваат, од старо прават ново и сл...А да плаќам јас за да таа се шета по салони и избира она што неа и е по вкус а со прилично високи цени...ноу тенкју. Инаку следам, интересна ми е...
хахаха јас мислев дека само мене ме нервира Најчесто ги следам емисиите и во принцип има добри идеи. Би ја ангажирала но да бараа помал буџет. Ризик ми е во случај да не ми се допадне, ама барем го прескокнуваш делот кога треба цел хаос да го средиш и исчистиш. Се враќаш дома и се е на готово
Ma искрено и тој дел е убав(мислам на чистењето) ако се има друштво како треба !! Неколку „кафиња“ убави муабети и веселби и секако јас си знам што правам за колку пари и како ,... од епизода на епизода како гледам растат спонзорите и мн работи ги прави само за нив ... да кажам форсира некои нешта ... Но кога би имала при не би ја викнала неа за да ми снима и да ми се кези ...туку би ги викнала Германците од РТЛ ....браоссс за ниф
Јас само гледам, а дали ќе ги викнам.. Па скапи се тоа не мора да прашам, затоа и си гледам и уживам во туѓа убавина. И ако сте забележале секогаш се гледа разликата во буџетот. Има станови каде креативноста се користи максимално без внимание за потрошените средства, а има и случаи каде при изборот секогаш не се сигурни- па цена,ова-она... На пример епизодата од минатата недела беше досегашниот врв! Стан од 200 квадрати на два ката, му сменија буквално се. На сите во око ни фати креветот на госпоѓата. Навистина екстравагантно, но таа имала подлабок џеб. Некој со средствата потрошени од реновирањето ќе купи стан и ќе опреми барем една соба целосно. Ама корисно е, ние кога се преселивме и се реновиравме, многу ни користеа идеи од тука. Е не мора де да не снимат, тие сепак ни помогнаа ( да се тешам)