1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Ајде Дома!

Дискусија во 'Серии и емисии' започната од N.A.T.A.S.A, 11 мај 2011.

  1. Emma89

    Emma89 Популарен член

    Се зачлени на:
    11 април 2010
    Пораки:
    1.258
    Допаѓања:
    425
    За сите да е достапно тоа никогаш ниту било, ниту ќе биде.
    Ако сакаш достапно да ти е, ќе си видиш колкав буџет имаш, ќе си прогуглаш на интернет за идеи, ќе си се прошеташ во салони, ќе се распрашаш за мајстори и така. И сам можеш да си средиш, не значи дека емисијава е наменета за сите, туку за тие кои имаат пари, а немаат време или пак идеја.
     
  2. tigerlady

    tigerlady Популарен член

    Се зачлени на:
    21 јануари 2011
    Пораки:
    1.651
    Допаѓања:
    5.420
    10.000 евра сериозни сте???

    Инаку со мајка ми редовно го гледавме по дома, ама мене на Ивана идеите не ми се нешто да паднеш на гз. Прва работа цело време го има истиот стил, ниско комодиче во дневната за телевизор со висечки полици, некоја гарнитура, ако има можност за шанк тоа е обавезателно. Само комбинациите на бои ги менува.

    Имаше една поодамнешна епизода кога преуредуваше соба на една девојка и таа така ми остана во глава, употреби доста елементи од ковано железо (огледалото знам беше големо и овално) и ѕидовите беа во лаванда боја (само според мене малце ја утна бојата).

    Пред да си отидам, на комшиите под нас им го средуваше станот баш ме интересира како излегол. Ама луѓе, абре во 7 навечер се работеше во станот и недела и празник и делник. Може 10.000 му доаѓа затоа што мајсторите бараат повисока плата кога работат цело време
     
  3. Snow-Queen

    Snow-Queen Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 ноември 2011
    Пораки:
    15.266
    Допаѓања:
    15.011
    Пол:
    Женски
    еве само што почнува нова емпизода...
     
  4. Maroon5

    Maroon5 Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 август 2012
    Пораки:
    1.068
    Допаѓања:
    936
    Има поставено нови епизоди на нивната страна :)
     
  5. Maroon5

    Maroon5 Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 август 2012
    Пораки:
    1.068
    Допаѓања:
    936
    Зошто да ја крене цената?! Баш и е добра, за рака ке зема пари, дава пари на фирмите од кои што порачува, на мајстори пари .. И дома да земаш да прашав цакум пакум во станот толку ке ти излезе.
     
  6. Snow-Queen

    Snow-Queen Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 ноември 2011
    Пораки:
    15.266
    Допаѓања:
    15.011
    Пол:
    Женски
    ^да де да...ако купувам фрижидер од 50.000, маса од 35.000 и слично, ќе ме чини толку. Кујна од 2,000 евра ќе биде така.

    Незнам според мене што е многу многу е.
     
  7. yeah

    yeah Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 јули 2012
    Пораки:
    193
    Допаѓања:
    64
    Hезнам како оди тоа ама редовно ги гледам емисиите баш се добри убаво уредува а понекогаш ми дава и многу корисни идеи мислам добра емисија ама за плаќањето како оди незнам :)
     
  8. Maroon5

    Maroon5 Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 август 2012
    Пораки:
    1.068
    Допаѓања:
    936
    А ти колку очекуваш да се цените на фриждерот, и масите? Под 10000 и под 20000 сигурно нема да најдеш добар фриждер. Кога реновираш ако биде, нека биде, затоа и тие се викаат. Сепак Ајде дома обично ги викаат тие што имаат многу пари.
     
  9. Umbrella22

    Umbrella22 Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 август 2012
    Пораки:
    3.951
    Допаѓања:
    33.918
    Пол:
    Женски
    Ако имаш пари и идеја, можиш и сам да си го направиш домот, сега барем на интернет све и свашта има, можиш да земеш некоја идеја.
     
  10. ana-girl

    ana-girl Популарен член

    Се зачлени на:
    14 март 2011
    Пораки:
    535
    Допаѓања:
    648
    Јас многу си ја сакам Ива, ниту ја знам ама од гледање многу е интересна.
    Искрено ја бива ,ама на пример ти си имаш стан си определуваш каде што ке биди можиш и сам да си ги обезбедиш истите работи, било дали ке ги порачаш или ке ги купиш.
    Доколку ако на пример имаш проблематичен стан , мал простор кој не знајш како да го организираш би можела Ива да ти помогни.Би смислила начин.
    Иначе јас ја ценам и од нејзините емисии искрено многу работи научив, дури од толку што бев опседната сакав архитектура да учам, ама сето тоа помина. :)
     
  11. AngelOfArh

    AngelOfArh Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 септември 2011
    Пораки:
    17.654
    Допаѓања:
    95.758
    Пол:
    Женски
    Не е е дека сега јас нешто се занесувам па ја кудам ама Ива појма нема, се едно та исто, ко што вика Тајгерлејди, стилот и е оддалеку проѕирен. Еднаш реновираше стан на еден дечко и му го направи во портокалова како боја, дечкото мислам дека во земја му идеше да пропадне, се гледаше дека бојата не му се свиѓа. Иначе од сигурни извори знам дека емисијата е ептен фејкерска, нема веза дека они ништо не знаат и се изненадени као демек, шипки варени. Најмногу ми се допадна станот што го уредуваше во кафените згради во Црниче, со Грчка соба беше нешто, ама навистина беше во стил. Е тогаш со неа работеше една друга девојка, мислам Ивана се викаше ама да не ве излажам не сум сигурна, она навистина има стил. Јас не би ги викала сигурно, дури и сметам дека прави навистина големи утки во уредувањето, особено околу трпезариите, мислам дека и се ноќна мора, никад не ги погодува, многу ретко некоја да ја направи убава.
     
    На tigerlady и 1209 им се допаѓа ова.
  12. 1209

    1209 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2010
    Пораки:
    5.817
    Допаѓања:
    38.317
    Пол:
    Женски
    Општо мислење на нашиот менталитет е дека сите доколку имате пари ќе си го средите домот сами.Грешите не за џабе има професионалци во таа област, јас сум втора година на факултет за Дизајн на ентериер и верувајте истото мислење го имав пред да се запишам, си мислев дека сум доволно креативна и знам да уредам сама, може имав идеи ама сето она кое го учам денес ми укажува дека сум правела милион грешки, никој како човек што учел не знае на право место да стави кревет, гарнитура, да одбере вистинска боја, светлина и сл.Jас Ива ич не ја сакам ниту нејзината емисија, толку ми е вештачка и нема воопшто кретивност во неа.Точно дека најголем број од клиентите кај нас имаат исти желби, гледајки ги салоните за мебел се е тоа па тоа, никаква креативност, ништо ново, па веројатно и при уредувањто да се соочува со ова, ама треба некој печат свој да има и за малку пари можеш да уредиш дом и јас цврсто сум уверена во тоа, а за сумите која таа ги има на располагање може 3 дома да уредиш.
    Се надевам само нема да замрам како неа кога ќе работам некогаш, зошто таа ми е чист промашај.
     
    На babyblond, sesilija и AngelOfArh им се допаѓа ова.
  13. irena.1

    irena.1 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 ноември 2012
    Пораки:
    4.358
    Допаѓања:
    21.331
    Пол:
    Женски
    Сега јас сум скроз нестручна за уредување на простор, ама пак ќе кажам како впечаток ми остава Ива.Најчесто на интернет ја гледам, знае да ми даде некоја идеја. Корисно ми е да ги гледам затоа што ми дава едукативни информации за комбинации на бои, распореди, карактеристики на некои материјали, кое каде може да се најде и слично.
    Но мислам дека сите домови наликуваат еден на еден, мој впечаток се прави по ист тертип.
    Мислам дека троши премногу средства, често кога купува се раководи на принцип: е овој лустер го ставивме во претходната емисија, сега овој другиот. Или претходниот стан беше виолетова комбинација, сега жолта. :?: Значи не колку кошта, не дали ќе одговара, туку да испрезентира повеќе производи на спонзорот.
    Најголема замерка ми е што мислам дека секогаш и не ги слуша клиентите што си побарале.Добро има луѓе што незнаат што сакаат, па оставаат на неа, но има луѓе што и даваат упатства за боја, за распоред... значи за основни работи и таа ќе искоментира демек он ми рече вака, ама јас знам неодговара така. Пример:
    Уредуваше стан со две спални во дебар маало, во него треба да живеат мајка и два големи сина. И сега дечково и вика: во едната спална ќе спие мајка ми, а во другата јас и брат ми значи таа со два кревета. Оваа му вика: мала е собата ќе нема многу простор, дај еден кревет да ставам,а еден од вас да спие на гарнитура во дневна :?: . И дечково вика не не не :!: два кревета тука, ако е мала собата да се изведе некако. Абе не му бапна на крај во спалната лежај за двајца и му вика јас пак одлучив еден да спие во дневна :?: Е како бе така, при две спални, човек секоја вечер на гарнитура да спие. Башка ни помалку, ни повеќе спална му шлапна, значи и да сакаат сега да кореираат неможат, нема место :D
     
    На Hipster и AnaKarenina им се допаѓа ова.
  14. AnaKarenina

    AnaKarenina Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    5.801
    Допаѓања:
    55.000
    Пол:
    Женски
    ^ Не само тоа, туку и познавам луѓе кои се жалат дека дома целиот гипс картон им попукал!
    Често става гипс во становите, шлапни ваму, шлапни таму, ама веројатно не го остава доволно време да отстои, или со неквалитетен материјал работи, па после целиот пука. И ајде пак наново.
     
  15. LilBaby

    LilBaby Популарен член

    Се зачлени на:
    11 мај 2011
    Пораки:
    3.458
    Допаѓања:
    7.886
    Мене најмногу тапетите ме нервираат, од кожа ме вади тоа нејзино форсирање на тапетите кои според мене се крајно непрактични, не знам бре, ради шарите и разновидноста ли ги лупа во секој простор, дупла штета им прави. |(
    Знам дека порано биле модерни тапетите, ама затоа после луѓе со години си имаат проблеми и со варосување и слично.
    И гипс картоните божем убаво изгледаат, прави мал милион прегради со нив ама ете, штетата одма излегува на површина.
    Кога ќе видиш, па и не си во ќар ако некому целосно му го препушташ уредувањето на домот, демек идеш одма на ново, не знаеш што ќе те чека :talk: . Кого зафркаваат? Зарем ќе дозволам некоја едикојси, да не ми пушта станот да гледам како ми се уредува само затоа што политиката на нејзината емисија е таква? Гачки за пред публика, само кој им верува.
     
  16. tigerlady

    tigerlady Популарен член

    Се зачлени на:
    21 јануари 2011
    Пораки:
    1.651
    Допаѓања:
    5.420
    Не можам да поднесам кога некој тера само со гипс картон. Дома ние немавме избор и моравме на еден зид да ставиме. Се ежам кога ќе тропнам на ѕидот, среќа не е кај мене во соба. Дополнително, гипс картонот не е никаква изолација, мислам нема апсолутно никаква функција само местењето му е брзо. Низ Америка го користат многу за градење, ама затоа еден ураган и ојде дневната.

    Лилбејби ме потсети на ова со тапетите на Ивана. Многу лошо ги лепат. Јас сакав во соба едно време ама се откажав од идејата кога сфатив дека за да се стават ПРАВИЛНО е доста долга процедурата. А Ивана ми изгледа дека ги лепи како колаж да прави.
     
  17. Hipster

    Hipster Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 јули 2011
    Пораки:
    5.777
    Допаѓања:
    22.418
    Пол:
    Женски
    Mислам дека колку е крива Ива, толку се и клиентите.
    Направи 4-5 модерни у пријатни за око станови и на луѓево им се допаднаа и сите сакаат такви.
    Али и нејзина кривица е зашто не треба да по толку шаблонски да ги прави.
    Убави се, ама сите се скоро еднолични.
    Мене трпезариите ми се ужасно слични.
    Само не се согласувам со вас за две работи.
    НЕ викам можеби некој има ептен изострено око, знае што сака има вкус, ама дека секој е способен сосема сам да уреде простор, не би рекла.
    И јас знам да решавам равенка во систем и веројатност, ама тоа не ме прави математичарка.
    Така и со ова.
    Убаво ми би било, барем совет да се побара од архитект, ако веќе се нема средства за тотално уредување, ама мислам дека и те како е круцијано да се земе архитект.
    И за друго, незнам некој рече дека 10 000 евра е премногу за уредување, многу е за ама ако се работи за 2 соби, ама за цел стан комплетно уредување, мислам е некоја океј цена.
    Само веце убаво да средиш со плочки со када со се, требаат 2000 евра.
    И тоа со некои средна класа плочки, не првокласни Италијански.
    Каде се плус раката на мајсторите, за убаво и квалитетно средување на цел стан мислам дека 10 000 евра е некоја нормална цена.
    Незнам дали сте поминале по поасаланиве салони ама нема асална гарнитура под 20 000.
    Барем според мој вкус нема.
    Се на се, не е лоша замислата на емисијава, ама почна за забушава со тотални истите трпезарии и слични дневни.
    А кај дневна посебно има и те како комбинации да се прават.
    И мене ми сметаат некој предреч ѕидови што ги фарба, не се вооопшто практични ни пријатни за око.
    Можеби подобро би било да беа тим од барем 3ца што ќе средуваа станови.
    Ќе имаше и поголем диверзитет, и повеќе гледеност и поише заинтересираност.
    Инаку даваат попуст ако те снимаат и те прикажуваат, само од нејзините спонзори ако земеш продукти.
    И ти сам си одлучуваш за колку цена сакаш да ти средат, не принудуваат они, дефинитивно малку сте ги извадиле од ракав некои суми.
    редактирам- Убаво напишала Ана, става гипс каротни секаде,штеди на зидови и на подови а инвестира многу пари во ламби, нема логика па тоа ич.
    Јас за тоа повеќе и замерувам отколку за едноличноста, не оди на доглготраен карактер туку стрикно на естетика. Посемешно е да имам ламба од 10 000 а ѕид од помалку пари.
    Наместо да ги троши парите на ламби и на тапети, подобро нека инвестира во рамни ѕидови, и добар пархет нешто што не се реновира на секои 5 години.
     
    На I.want.to.sleep, A-j-a и irena.1 им се допаѓа ова.
  18. Flower27

    Flower27 Популарен член

    Се зачлени на:
    6 декември 2012
    Пораки:
    1.531
    Допаѓања:
    4.179
    Пол:
    Женски
    Прекрасна емисија!
     
  19. sunfemina

    sunfemina Популарен член

    Се зачлени на:
    17 февруари 2011
    Пораки:
    1.731
    Допаѓања:
    843
    Една од ретките емисии за кои одвојувам време да гледам тв. Мене лично ми го проширува видикот за уредување на простор. Секако дека не ми се допаѓаат баш сите работи што ги прави во становите, ама тоа е веќе до вкус. Спротивно на повеќето, мислам дека не се сите станови исто уредени и имам highlights од секоја емисија. Со оглед на тоа какви се просторите претходно, не можам да кажам дека потоа не изгледаат поубаво и дека не се подобро средени и организирани.
     
  20. nena2010

    nena2010 Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 декември 2010
    Пораки:
    15.326
    Допаѓања:
    101.565
    Пол:
    Женски
    Порано ја гледав емисијава ама кога дознав како работи ми се смачи искрено. Бев во еден од становите кои ги има правено и тоа беше фушерај невиде. Како што кажа некој погоре се од гипс картон и тапети. Тапетите кога ги погледнав поблиску, јас да ги лепев ( што незнам права линија ни со лењир да направам) парно ќе ги залепев. Кататсрофа е. На оваа никогаш, ама НИКОГАШ не би и дала да ми уредува стан. Е сега за цената, јас уредував стан од 90 квадрати и целосно ме фати 6000 евра, сосе кујна, сосе шпорети фрижидери од Фабер и Нарди. Значи претерува со цените зашто не мора да се купува баш од Пункт мебел, ни да се прави во Акрон плакар. МОите плакари не се од Акрон ама кој да дојде бара име на фирмата.
     
    На kate-goldy, irena.1, figgiMK и 1 друга личност им се допаѓа ова.