Сон на секоја една девојка и жена верувам дека е шминкањето, односно да направи малку "шминкерски " шопинг и да побрза дома да се "среди" за да изгледа поубаво и посвежо првин за нејзината самодоверба и себе си а потоа за окото на другите. Не верувам дека постои жена што барем малку би и се одвекло вниманието на добра шминка и поосвежен изглед. Многу пати сум забележала низ темите како зборуваат за несваќањето на денешните блендања хајлајтери или како и да е зборот, сенчање и така натаму и така натаму, епа и јас спаѓав во тие жени и девојки што не се потрудиле да се совпаднат со денешната мода, односно не се шминкале а сакале да се нашминкат и понекогаш да изгледаат поосвежено. Иако користам пудра, руж, коректор моливче и римел би рекла дека не знам соодветно да ги користам односно не доволно совршено како некои од девојките кои обожаваат да го работат тоа. Ја отворам оваа тема од желба да научам и да научиме сите како да дојдеме до посовршен изглед со пудрата, коректорот, шминките итн.. па да успееме и ние да се вклучиме во соодветната тема за шминка. Поупатените убавици овде веќе се знаат и редно е да ни покажат и објаснат чекор по чекор како до посвеж изглед.