1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Ајде да слабееме со bijonse !

Дискусија во 'Фитнес' започната од bijonse, 21 ноември 2017.

  1. bijonse

    bijonse Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 септември 2016
    Пораки:
    681
    Допаѓања:
    1.265
    Пол:
    Женски
    затоа што имаме член од посилниот пол за утре ќе ја имаме вежбата со иста песна и кој централно инструктор е машко, кој и те како елегантно ги прави чекорите...

    Вежба бр.2
    Despacito with man leader- Zumba dance with bijonse !!! :emo:



    научете прво без кршење на телото... два чекора лево па полукружно напред па назад па два десно, сите движења се со повторување по двапати ...кога ќе го фатите ритамот и чекорите после пробајте да се ,,кршите,, да се виткате и со рацете да мавкате и утре ја вежбаме х 3 пати ...па 2,3 минутки пауза па пак х 3 пати ... па 2,3 минутки пауза па се враќаме на првата вежба ја пуштаме само еднаш и со тоа завршуваме со втор ден на тренингот... (y)
     
    На dedrade и baba Rada им се допаѓа ова.
  2. Dadusicka

    Dadusicka Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 јануари 2014
    Пораки:
    1.510
    Допаѓања:
    54.342
    Пол:
    Женски
    8-|Абе ова се убаво:nod:... ама кој да го мрдне гзот од креветов
     
    На Petra777, Ava.84, CoCoGiiiRL и 2 други им се допаѓа ова.
  3. bijonse

    bijonse Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 септември 2016
    Пораки:
    681
    Допаѓања:
    1.265
    Пол:
    Женски
    ... не треба долго видео... треба да ги научиме чекорите на овие видеа... после следи меување на музика и сам стил и ќе биде потешко вежбањето што ако бидат долги видеата не ќе може да се издржи... постепено идеме... ние правиме во исто време повеќе работи... вежбаме чекори значи учиме да танцуваме, вежбаме мускули и мозокот е сконцентрисан да ги научи вежбите... идете така, ќе видите за месец дена што ќе направам од вас... 8)
     
    На dedrade и baba Rada им се допаѓа ова.
  4. bijonse

    bijonse Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 септември 2016
    Пораки:
    681
    Допаѓања:
    1.265
    Пол:
    Женски
    ... ако, доволно да следиш... мозокот ќе перцепира прво мрзоволно...ама види сигурна дека ќе станеш еден ден... кога ќе ја слушнеш твојата музика ќе заигра нешто во тебе... ;) а ќе следат и фотографии за стимул...
     
    На dedrade, baba Rada и Dadusicka им се допаѓа ова.
  5. baba Rada

    baba Rada Популарен член

    Се зачлени на:
    27 мај 2015
    Пораки:
    4.526
    Допаѓања:
    25.582
    Пол:
    Женски

    Јас убаво почнав да си се врткам со телефонов во раце, исфрлав колкови лево десно, вртев со задникот...толку се занесов со зумбава, убаво ми дојде оти имав тежок ден...НО....изгледа моево играње погрешно го протолкува овој мојов, па кога му светнаа очите, па кога ми скокнааааааа.......


    Наравоучение:
    Вежбајте кога сте сами дома:rofl::rofl::rofl::rofl:
     
    На Hellobeautiful, Mrs.Styels, Victorian и 7 други им се допаѓа ова.
  6. dedrade

    dedrade Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 септември 2016
    Пораки:
    54
    Допаѓања:
    211
    Пол:
    Машки
    Поубаво од тоа,здравје..2 in1
    слушаш добра музика + кинеш килажа,само упорност (y)
     
    На baba Rada и Dadusicka им се допаѓа ова.
  7. bijonse

    bijonse Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 септември 2016
    Пораки:
    681
    Допаѓања:
    1.265
    Пол:
    Женски
    ... одлично...веќе нема да имаме ниту депресија ниту анксиозност, а и сексот е добродојден за средување на стресот од секојдневниот живот и разбира се нервозата од политичарите... :punch:
     
    На dedrade и baba Rada им се допаѓа ова.
  8. dedrade

    dedrade Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 септември 2016
    Пораки:
    54
    Допаѓања:
    211
    Пол:
    Машки
    Аман ма бапче,зарем до таму ја дотеравте работата?!
    Значи кај тебе ефектот од вежбите одма резултираа со позитивен исход...браво значи има ефект вежбањето:rofl::rofl::rofl:
     
    На Ava.84, Alisa22, joy1 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  9. baba Rada

    baba Rada Популарен член

    Се зачлени на:
    27 мај 2015
    Пораки:
    4.526
    Допаѓања:
    25.582
    Пол:
    Женски
    Работава беше кога на мачор пред нос со риба му мафташ:D:rofl:
     
    На dedrade му/ѝ се допаѓа ова.
  10. kim.k

    kim.k Популарен член

    Се зачлени на:
    14 мај 2012
    Пораки:
    1.724
    Допаѓања:
    14.464
    Пол:
    Женски
    Уште да не беше деспасито на двете видеа, ќе земам да се убијам на сред играње заради песната :rofl:
     
  11. CoCoGiiiRL

    CoCoGiiiRL Популарен член

    Се зачлени на:
    15 ноември 2011
    Пораки:
    701
    Допаѓања:
    3.193
    Пол:
    Женски
    Супер идеа од утре и јас почнувам со вас :muscle: :D :l:
     
    На baba Rada му/ѝ се допаѓа ова.
  12. bijonse

    bijonse Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 септември 2016
    Пораки:
    681
    Допаѓања:
    1.265
    Пол:
    Женски
    ... од утре малку повеќе ќе го потенцираме струкот, во групата на крај има и машко што вежба така да и мажите ќе мораат на ист начин иако се мисли дека вртењето со газето би било само за понежниот пол !

    Вежба бр.3
    "I need Your Love - Zumba dance with bijonse !!! :emo:



    доколу имате поголема марама со реси или монистри врзете ја околу половината и гледајте да ги мрдате тие реси и монистри со движење на струкот, кукот и газето! Вежбата ја вежбаме 3 х со мала пауза и пак 3 х
    предходно направете ги чекорите без денсање и мавкање со рацете за да го фатите ритамот и да правилно се направат чекорите !!
     
    На Mrs.Brain, anonymous16, baba Rada и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  13. dedrade

    dedrade Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 септември 2016
    Пораки:
    54
    Допаѓања:
    211
    Пол:
    Машки
    Хмм,баш ме занима како мажите ќе го правиме тоа со врткањето газе:D....ама ајде сигурно ќе се снајдеме некако!:)
     
    На anonymous16, Ava.84 и baba Rada им се допаѓа ова.
  14. bijonse

    bijonse Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 септември 2016
    Пораки:
    681
    Допаѓања:
    1.265
    Пол:
    Женски
    ...утре кога ќе станете од спиење и по обавување на физиолошката потреба и општо цела тоалета на лице, ќе се соблечете голи и на вага ќе си ја измерите телесната тежина ...

    [​IMG]

    ...потоа во текот на денот да речеме накај 11 ч после кафе или лесен оброк од овошј или било што земате според ваша навика, повторно ќе ја измерите на ист начин разголени на вага телесната тежина...

    [​IMG] [​IMG]

    после ручекот таму накај 15 ч повторно истото ќе го сторите и ќе ја забележете вашата телесна тежина...

    [​IMG]

    и на крај ќе се измери повторно пред спиење...
    телесната тежина во текот на денот може да варира од 3 до 4 кг , зависно од исхраната, физичката активност, потењето, внес на вода како и празнењето на цревата... но секогаш ќе биде некој во добар баланс кога нема да има голема разлика не повеќе од 1 кг со утринската бројка ...
    ајде да видиме, ние како се однесуваме во текот на денот со нашата телесна тежина!
     
    Последна измена: 25 ноември 2017
    На Mrs.Brain му/ѝ се допаѓа ова.
  15. Petra777

    Petra777 Популарен член

    Се зачлени на:
    19 ноември 2015
    Пораки:
    2.877
    Допаѓања:
    29.046
    Пол:
    Женски
    Застануваш до шпорет, рокаш музиче, мешаш со лажица, задница, 4/5 чекори до фрижидер, пак мешаш, трчаш до машина за перење да видиш дали завршила, пак назад мешаш, идеш да пружиш алишта, чучни-стани да ги закачиш и така... :D
    Ете ти Beyonce задница .(mooning)
     
    На Mrs.Brain и Dadusicka им се допаѓа ова.
  16. bijonse

    bijonse Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 септември 2016
    Пораки:
    681
    Допаѓања:
    1.265
    Пол:
    Женски
    утре, нема видео зумба вежби туку само вежби !

    Вежба бр.4

    три вежби со директен удар на најосетливи места : газето, стомакот и рацете со градите
    [​IMG]


    ножни ! по 10 х со секоја нога три серии па мала пауза од неколку минутки и повторно истото !

    [​IMG]


    стомачни вежби по 20 х со неколку минутки пауза и пак иста серија х 20 !


    [​IMG]

    мажите исто полесни стомачни вежби... како за почеток 30 х малу пауза и пак х 30


    [​IMG]
    стомачни со згрчување по 10 х со неколку минутки пауза и пак иста серија х 10 !



    [​IMG]

    мажите х 20 со неколку минутки пауза и пак х 20 !

    [​IMG]
    х 20 пауза неколку минути и пак х 20


    [​IMG]

    х 20 со една х 20 со друга ...пауза и пак истото !
     
    Последна измена: 27 ноември 2017
    На baba Rada и dedrade им се допаѓа ова.
  17. bijonse

    bijonse Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 септември 2016
    Пораки:
    681
    Допаѓања:
    1.265
    Пол:
    Женски
    Дали ослабнавме малку до сега, додека вежбавме?

    [​IMG]


    - Не!!
    и така треба, правилно е кога телото ја држи две неделни стабилно својата телесна тежина па макар да вежбаме во комбинација со диетална исхрана, после тие две недели ќе почнат да се топат маснотиите од масните клетки!

    [​IMG]

    со обично метро треба сега да ги измериме местата како половината и вратот кај мажите (т.н. антропометрија)...

    [​IMG] [​IMG]

    и кај жената половината, колковите...

    [​IMG] [​IMG]

    андроидна машка т.н.јаболко облик, гиноидна или женска т.н круша облик се всушност местата каде телото има потешкотии со масните наслаги...
     
  18. bijonse

    bijonse Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 септември 2016
    Пораки:
    681
    Допаѓања:
    1.265
    Пол:
    Женски
    Често пати и покрај диеталната исхрана и редовната физичка активност во текот на ваков режим за да се дојде барем приближно до идеалната тежина се случува да вагата ни покажува ненајдено покачување на бројката на нашата тежина што ако не ја знаеме причината може да не разочара и да не депримира и натера да се откажеме до нашата крајна цел за идеална тежина...

    [​IMG]

    Како прво, треба да се внимава да не се јаде многу солени работи т.е. внес на натриум да биде не повеќе од 2 грама дневно, оти све што е над тоа привлекува вода за да се задржува во организмот и ,,вештачки,, ќе ни се покачи телесната тежина мислејќи дека повторно се масните наслаги..

    [​IMG]

    Како второ, може да не јадеме солени работи , а со тоа задржување на водата, ама недоволното спиење како и стресот доколку го имаме во текот на денот овозможува да се покачи кортизол кој може да предизвикува задржување на натриум во телото, а со тоа и задржување на водата во организмот,

    [​IMG]

    слично е и со екстремен калориски дефицит кој наместо драстично да ни покаже намалена телесна тежнина, доведува до покачување на кортизолот што ќе задржи натриумот во организмот кој ќе ја врзе и водата и ете телесната тежина како ќе ни се зголеми при мерење...

    [​IMG]

    Како трето, во период на ПМС (пред менструација) имаме покачување на хормонот естрогенот кој предизвикува здржување на водата во телото ( осет на подуеност пред мензис нели? ) исто естрогенот варира и во периодот на менопаузата, па така многу жени имаат проблем со покачена телесна тежина заради зголемено задржување на вода, но не се тие масни наслаги ...

    [​IMG]
     
    Последна измена: 1 декември 2017
    На CarrieBradshow и baba Rada им се допаѓа ова.