Ајфон и iOS оперативен систем

Дискусија во 'Општи дискусии' започната од Hipster, 9 јануари 2013.

  1. Hipster

    Hipster Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 јули 2011
    Пораки:
    5.747
    Допаѓања:
    22.391
    Пол:
    Женски
    Добив дозвола за нова тема за за апликации за иос оперативниот систем на ајфоните, па може во склоп сите прашања за ајфон да ги пишувате тука(декодирање џејлбрејк итн.), да се дистинктира од темата за мобилни телефони.
    Кои ви се топ 5 апликации кои ги користите?
     
    На Eva22 му/ѝ се допаѓа ова.
  2. Angelina.Jolie

    Angelina.Jolie Активен член

    Се зачлени на:
    8 јануари 2013
    Пораки:
    18
    Допаѓања:
    1
    апстор,фејстајм,танго
    убава тема :clap:
     
    На Hipster му/ѝ се допаѓа ова.
  3. senza.parole

    senza.parole Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 септември 2010
    Пораки:
    3.085
    Допаѓања:
    20.008
    Пол:
    Женски
    Одлична тема.

    Немам многу време за игри и таки ствари, така да ќе ги набројам оние кои ми се корисни на некој начин и ги користам секојдневно.

    Повеќе од 5 ќе бидат. :lol:

    1. АвтоБуско
    2. Viber
    3. Instagram
    4. Google Maps (finally :lol: )
    5. Мејловите, Yahoo и Gmail
    6. Bump
    7. Shazam
    8. You Tube
    9. 9GAG
    10. Polyvore
    11. Google
    12. Skype
    13. Facebook
    и
    14. Weather која што е автоматски инсталирана во самиот iPhone.

    Има и други, ама овие ми се онака најомилени. :wasntme: :D
     
    На lovely girl M, Eva22 и Hipster им се допаѓа ова.
  4. najubava2010

    najubava2010 Популарен член

    Се зачлени на:
    19 април 2010
    Пораки:
    1.619
    Допаѓања:
    4.644
    Ова со апликацииве пак се меша многу со останатите оперативни системи, како што гледам наброените апликации се достапни за сите о.с. а Хипстер во првото мислење нагласи дека сака темава да ја оддели од останатите, па така сметам дека би требало да се насочиме во друг правец, односно ако веќе збориме за Ајфон се да биде ајфонски, и апликации од типот на iMessages, iGoWorld , iBooks, проблеми со iTunes и сл.
    Од друга страна па немаме тема ни за корисни апликации, каде би се пишувале овие универзалниве така да прајте си ко што си милувате ;) .
     
    На senjorita-v и Hipster им се допаѓа ова.
  5. AlicaInWonderland

    AlicaInWonderland Популарен член

    Се зачлени на:
    26 ноември 2010
    Пораки:
    3.431
    Допаѓања:
    9.227
    Никако неможе така да ги одделиме зашто никој од нас не би можел да знае кои точно апикации програмерот ги смислил само за IOS а не и за андроид.

    Плус 99% од апликациите што ги има денес ги има и за андроид, а всушнот тие се најчесто користените и најраспространети.
    Што муабет има да свртиме за ајтјунс на пример? две/три мислења максимум.

    Мислам дека нема потреба да се ограничуваме само на i аликации. Темава доволно си е одделена со насловот. Па во секој случај овде ќе станува збор за корисни апликаци за ајфон, без разлика од кој дивелопер се, за намена за ајфон се.

    Мене најчесто користени ми се:
    - Viber, за комуникација, смс и јавувања преку wirelees и 3G. Ептен ми е корисна зашто имам голем број луѓе што ми се низ странство, и од кога го имам телефонов, крајно ми е олеснета комуникацијата. Во последно време и iMessage ја превзема целата работа
    - Instagram, Twitter и Facbook, нема потреба да се дообјаснувам, социјални мрежи
    - Shazam, апликација за препознавање на песни, ептен ми се наоѓа во кола :) плус сега со новиот апдејт најправија многу јако, ја слуша песната и ако не си конектиран на нет и после коа се конектираш ја препознава. Добро е зашто пример во странство кај ќе се вклучиш на 3G, или во некој момент додека се вклучам на интерент, ќе ми избега песната :)
    - Tv Show Tracker, апликација каде ги имам сите серии што ги гледам и ми дава нотификација кога има нова епизода од некоја серија и кои епизоди ги немам гледано, ептен ми олесува, дека гледам еден куп серии па да не ги мислам
    - Cydia, покрај јеилбрејкот, си ја корстам редовно и за твикови
    - Tapatalk, за форуми
    - iBooks, за телефонот и не ми врши нешто работа, не ќе седнам книги да читам, ама на iPad-от ми е апликација број 1.
    - TruPrint , апликација за wireless принтање на фајлови, мнгоу ми врши работа оти постојано имам потреба од принтање на фајлови што ги добивам на mail
    - DocsToGo за чување на office фајлови, pdf....

    И така, мислам дека би било пофино ако вака пишуваме дообјаснување до апликациите за што се, за што ви вршат работа. Така би била покорисна темата од само нафрлани имиња кои нема да ни значат ништо, вака секој ќе си најде по нешто да си симне :)

    Па и немора да бидат 5, битно да споделуваме интересни апликации, твикови, хакови...

    Јас изглеа многу барања имам за темава, ќе ми простиш Hipster :f:
     
    На Hipster му/ѝ се допаѓа ова.
  6. Hipster

    Hipster Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 јули 2011
    Пораки:
    5.747
    Допаѓања:
    22.391
    Пол:
    Женски
    Баш напротив темава ја отворив да си праиме муабет општо се за ајфон, не само за апликации, туку за се корисно во врска со него.
    Секој збор плус е и повеќе од добредојден, не само за апликации и за иос оператовен систем.
    Има милион мислења, мислам дека за нас една тема ќе биде доволна, за разлика на др форуми за секоја ајфон новост имаат нова тема, но што е тука е.
    Мислам дека е и препорачливо да споделуваме се во врска со ајфон и нивно користење и употреба, дури и за галантерија, само за ајфоните, зашто кај нас е квантна физика да најдеш асална маска испод 20 евра.
     
    На Angelina.Jolie му/ѝ се допаѓа ова.
  7. Rubiii

    Rubiii Популарен член

    Се зачлени на:
    17 февруари 2011
    Пораки:
    2.062
    Допаѓања:
    4.233
    Пол:
    Женски
    Ако знае некој место каде продаваат фини маски, по можност со преклоп со што и предниот дел ќе се покрива од телефонот, нека каже.
    Толку е личен како модел што никаква маска не би му ставала, ама исто и толку е нежен, затоа обавезно сакам и фолија да ставам и футролче некое, нешто поинтересно од оние силиконските.
    Ако сте виделе, споделете. :)
     
  8. macedonia.timeless

    macedonia.timeless Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 јуни 2012
    Пораки:
    266
    Допаѓања:
    137
    На сите што имаат ајфон или сл. Им препорачувам да имаат и whatsapp мене ми е од голема корист.. Многу помалку трошам од кога го имам.
     
  9. AlicaInWonderland

    AlicaInWonderland Популарен член

    Се зачлени на:
    26 ноември 2010
    Пораки:
    3.431
    Допаѓања:
    9.227
    Јас маска никако.

    Сега ќе споделам игирчките кои ги играм. Ајфонот ми е премногу мал за да се закачам на него со игри, си ги играм на ајпадот, нема веза тоа, и двата уреди се на IOS и истите апликации се и за телефон. Слики во спојлер.

    Прва, Angry Birds, не џабе долго време беше прва на најкупувана игра од app store, заразна игра каде со птици маваш по прасињата и треба да ги погодиш сите. И сега најново Star Wars си ја играм.
    [​IMG]

    Zombie v.s Plants, на прв поглед глупа ама многу заразна. Зомбиња ти ја напаѓаат куќата и ти ја браниќ со цвеќиња кои пукаат :D
    [​IMG]
    [​IMG]

    Infinity Blade, Infinty Blade II, борба со мечови. Всушност играва е подолга приказна, на почетокот витезот е убиен од God King и неговиот меч е задржан од негоа страна во замокот. Играта почнува кога синот доаѓа да се одмазди за негоиот тактко, и да го земе мечот од замокот. Овде почува Bloodline 1. Целата игра се борби со меч, со разни суштества вон и во замокот, собирање парички за купување подобар, појак меч, појако одело, подобар штит, целокупна опрема. Доколку и овој лик биде убиен запонува нова серија, bloodline 2 каде наредниот од почеток доаѓа по одмазда
    [​IMG]
    [​IMG]
    [​IMG]

    Fruit Ninja, играва нема некоја поента освен муабетот во друштво кој ќе исече повеќе овошје :D заразна е зашто со помош на тачот го сечеш овошјето кое лета низ екранот и треба да припазиш да не закачиш некоја бомба зашто играта завршува.
    [​IMG]

    Real Steel, борба на роботи во ринг. Ако сте го гледале филмот, јасно ќе ви е
    [​IMG]
    [​IMG]

    The Walking Dead, борба со зомби, правена според серијата
    [​IMG]
    [​IMG]
    [​IMG]
    [​IMG]

    Where is my water?, исто на прв момент многу глупа игра, првите неколку стази ќе бидете wtf, кој би играл вакво нешто ама понатаму станува крајно интересна и заразна. Веќе во поозбилните стази треба да се вкули мозок и логика. Станува збор за крокодилче кое треба да го бањате :D да му донесете вода во кадата, по пат на логика да најдете пат на водата. Ако издрзите до 10та стаза ви ветувам после дека нема да може да се откачите од играва.
    http://www.techyuva.com/wp-[​IMG]
    [​IMG]
    [​IMG]
    [​IMG]

    Cut The Rope, исто мала смотана заразна игра за тепање време, слична на оваа погоре, само овде логички треба да го однесеш лижавчето до устата на суштеството :)
    [​IMG]
    [​IMG]
     
    На Angelina.Jolie му/ѝ се допаѓа ова.
  10. M.a.r.i.l.y.n

    M.a.r.i.l.y.n Популарен член

    Се зачлени на:
    24 јануари 2011
    Пораки:
    852
    Допаѓања:
    720
    Многу добар телефон, а и естетски изгледа прекрасно. Имам една симпатична маска со ракунче, а планирам да си купам уште една од Accessorise ми е, ем е убава ем е малку подигната од напред, па ако паѓа (не дај боже) да не паѓа на екран. Имам и една целосна што се затвара и многу е практична, подарок ми е, мислам дека е од T-mobile ама мислам дека ги има и на пазар.
    Сега за најкористени апликации.

    Во моментов сум најзаразена со Subway Surf, многу интересна игра, треба да бегаш од еден полицаец (божиќната верзија е со Дедо Мраз) кој ќе те види како ги шараш графитите. Финтата е да собираш што повеќе парички за да си купуваш поубави работи и ликови и да ги избегнуваш возовите.

    [​IMG]

    Angela е едно слатко маченце со коешто можеш да разговараш, ти и пишуваш, таа ти одговара. Одлично за тепање време.

    [​IMG]

    Candy Crush ми е исто една од поомилените игри периодов. Треба да ги исполниш задачите што секогаш се состојат од спојување на три бонбончиња по што тие пукаат и ги снемува, а често во задачите има и други дополнителни работи што треба да ги извршите.

    [​IMG]

    Shazam е одлична апликација. Во секое време можеш да дознеш која е песната што ти се допаѓа. Често ми се случува да слушнам некоја песна на радио, а да не знам која е, тогаш апликацијава ја слуша песната ја зачувува па кога ќе се уклучите на wireless ќе ви ја каже песната.

    [​IMG]

    CamWowPro ми е одлична за сликање, особено за Ретро ефектот.

    [​IMG]

    Ringtone e добра за правење на рингтонови или како и да ги кажам :D . Многу е корисна со оглед на тоа што на ајфонот мораш да ги сецкаш песните па на посебна програма, за да може некоја песна да ти свири кога некој ќе ѕвони. (не можев слика да најдам за оваа апликација)

    WordWeb е многу добра апликација. Ако внесете некој збор на англиски веднаш објаснува што значи, дава примери во реченици, кажува дали е именка, придавка итн.

    [​IMG]

    Viber е одлична за разговарање, праќање пораки преку wireless, нешто слично на Skype само што тука не се гледате.

    [​IMG]

    А, да и Skype. Сите знаеме што е ама на ајфонот предност е што има предна камера, па може секаде да се гледате со саканите.

    [​IMG]

    Facebook, Twitter, Instagram ви се self explanatory.
    Бев заразена и со Temple Run, мислам дека сите веќе ја знаат играта, исто и со Chasing Yello, Impossible што е еден вид на тест, Fruit Ninja, Angry Birds и не знам што веќе. За овие не давам дополнителен опис, игрите се стари и мислам дека повеќето ги знаат.

    [​IMG]

    [​IMG]

    Се на се, IPhone-ов ми е стварно омилениот телефон досега.
     
    На AlicaInWonderland и Hipster им се допаѓа ова.
  11. Rubiii

    Rubiii Популарен член

    Се зачлени на:
    17 февруари 2011
    Пораки:
    2.062
    Допаѓања:
    4.233
    Пол:
    Женски
    Браво бе девојки, испаднав најнеинформирана во однос на апликацииве, ама со вашиве објаснувања до поимот, ќе се оправам :D

    Сакав да ве прашам оваа апликација за музика што ја користите Shazam, е бесплатна за симнување или?
    Вчера пробав да си ја симнам и ми даде дека се наплаќа...
    Како ја симнавте вие?
     
  12. M.a.r.i.l.y.n

    M.a.r.i.l.y.n Популарен член

    Се зачлени на:
    24 јануари 2011
    Пораки:
    852
    Допаѓања:
    720
    Руби бесплатна е, барем јас така ја симнав. Баш сега разгледав на iTunes, ама на компјутерот затоа што уште немам wireless дома и вика дека е бесплатна. Побарај ја уште еднаш и разгледај ги сите опции, мора да има една бесплатна.
     
  13. AlicaInWonderland

    AlicaInWonderland Популарен член

    Се зачлени на:
    26 ноември 2010
    Пораки:
    3.431
    Допаѓања:
    9.227
    Shazam не е бесплата, во ајтјунс се наплаќа 6.99 долари, еве ја:
    https://itunes.apple.com/app/shazam-enc ... 88863?mt=8

    и еве ја за оние што ја сакаат кракната:
    http://www.sendspace.com/file/1tvwk8
     
  14. makeupgirl

    makeupgirl Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 јули 2012
    Пораки:
    36
    Допаѓања:
    17
  15. AlicaInWonderland

    AlicaInWonderland Популарен член

    Се зачлени на:
    26 ноември 2010
    Пораки:
    3.431
    Допаѓања:
    9.227
    аха, океј, само мислам дека ова е за американски пазар, ако имаш акаунт од кај нас нема да може да се симне. Сепак, нека проба некој што ја нема па ќе ни каже како иде :)
     
  16. M.a.r.i.l.y.n

    M.a.r.i.l.y.n Популарен член

    Се зачлени на:
    24 јануари 2011
    Пораки:
    852
    Допаѓања:
    720
    Јас баш денес проверив од телефонот на wireless и бесплатна е. Иди на App Store пиши Shazam и ќе ти ја даде да ја симнеш бесплатно. Ако не оди во тоа Top Free и категорија Music и ќе ти ја даде. Баш направив неколку screen shots со телефонот, ама на овој компјутер не ми ги препознава само на другиот. Ако треба ќе ги ставам утре. Пробај на App Store мора да ја има бесплатно. :)
     
  17. AlicaInWonderland

    AlicaInWonderland Популарен член

    Се зачлени на:
    26 ноември 2010
    Пораки:
    3.431
    Допаѓања:
    9.227
    А да, ми текна шо беше работата, фри верзијата има лиминиран број на препознавања, незнам колку беше месечно. Нешто како трајл. Плус на оваа што се плаќа не ти излегуваат банери цело време.
    А инаку има и Shazam (RED), таа е направена како донација, пароте од купување на RED идеа во некои добротворни цели, борба против сида...Па ко некој реши да купи, нека ја земе таа :)
     
  18. Rubiii

    Rubiii Популарен член

    Се зачлени на:
    17 февруари 2011
    Пораки:
    2.062
    Допаѓања:
    4.233
    Пол:
    Женски
    Пак јас :tmi:
    Овој пат барам помош за оние слики во 4 дела, т.е една слика а со 4 мали различни вметнатни слики (пози)?
    Претпоставувам не се прави на Инстаграм, пробував и ненајдов, а ми се допаѓаат тие слики. :)
     
  19. friendy

    friendy Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 април 2012
    Пораки:
    1.960
    Допаѓања:
    26.666
    Пол:
    Женски
    А да знае некој како се става рингтон некоја песна, се утепав барајќи ама се е некако комплицирано.
     
  20. Fallin-ForHisSmile

    Fallin-ForHisSmile Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 мај 2011
    Пораки:
    299
    Допаѓања:
    179
    Пуштен ли е Ајфон5 во Македонија на пазарот?
    Ако не е, кога ќе го пуштат?