Си имам јас проблем со 4S... Од кога го направив последниот апдејт, почна да ми се швркнува телефонот. Wifi-то ми е укочено, значи немам воопшто, не можам да го уклучам. Батеријата е луда, на 20% се гаси телефонот, знае сам да се ресетира.... Го носев на сервис еднаш, беше добар месец дена и сега пак ми откажува љубов.
Здраво феминки! Јас сакам да прашам на T-Mobile во цената на iPhone6 е вклучена и претплатата или не?на пр.4000(мислам беше) е рата а под тоа пишува 300 ден(така неш) е претплатата и колку треба да се плати за да се земи телефонот од T-Mobile?ви благодарам однапред <3
Треба да ја платиш првата рата од 4000 денари за да го земеш, понатака си плаќаш секој месец по 4000 денари и тоа 12 месеци или 1 година. Во таа вкупна цена од 4000 денари не е вклучена претплата. Претплата си плаќаш плус 300 денари секој месец и тоа 24 месеци по 300 денари т.е. 2 години.
https://www.facebook.com/kupiodamerika/photos_stream?tab=photos_albums од оваа страна имам порачувано
Јас имам iPhone 5c оригинал купен пред околу месец дена од t-mobile и батеријата ужасно брзо се троши! Значи + од мене зашто за 1час ми е 100% полна батеријата, ама ме вади од такт кога за 15 мин. гледам паднала на 75%. Некој да ме просветли за причината??? А исто и му направив update ама не ми се свиѓа уопште новиов iOS 8. И уште нешто, кога го купив телефонот и сакав да го уклучам нејќеше и ми текна да го ставам на полнач и беше скроз празен а во упатството пишува дека телефонот е полн. Нешто ми е сумљиво
@WomanInRed Убава апликација за сликање е Pomelo. (ја има и за Андроид) Нуди многу убави ефекти за уредување на сликите. Retrica, CamWow, Avery се исто квалитетни апликации. А, незнам дали ја има за ios систем, побарај ја Lidow. No Basic Shit е мотивирачка апликација која секое утро стасуваат мисли и цитати многу убави, кои сигурно ќе ви се допаднат. За да ја најдете на сторот заедно напиштете т.е nobasicshit. My diary/My calendar - ви овозможува да забележувате детаљи од вашиот циклус, притоа има кога ќе ви дојде нареден пат, плодни, не плодни. Сето тоа е зачинето така што на апликацијата и се става пасворд за да неможат да ви гледаат. Icon Skins е програма со која можете да ги менувате позадините на телефонот, односно тоа мени-то каде што ви стојат апликациите. Icon changer е кинеска програма, многу убава, можете пораките да не ви изгледаат толку универзално, може да има сликиче на нив. PhotoMath - за сите кои имаат Ајфон и не им оди математика. Ја скенира задачата и дава решение. Проблемот е што не препозанава секаков ракопис, односно најдобро работи доколку скенирате тест или од учебник, но и убав ракопис, читко да е напишано. @Sweety55 - Така е со сите корисници на Ајфон. Батеријата премногу брзо се троши. Нема нешто посебно, освен гледај да го намалуваш светлото, тоа значително помага.
јас го имав 4s и навистина ми се погоди ,инаку мислам дека 4 ката и 4s се најдобри.сега го земав 5s и радо би го заменила со 4s не ми се ич погоди
Здраво, Имам ајфон 5 и ако некој знае/има искуство да ми каже дали може да функционира сим картичката само со сечење, без да се заменува со нова нано картичка? Благодарам
Може ама треба да знаеш како да ја исечеш и имаш добри шанси да ја зезнеш. Не вреди да се мачиш. Нова ти е 170-200 денари од прилика. Апликација за спуштање музика на iPhone: MusicBox.
Не си единствена што се жали од истиот проблем. Сите што ги познавам шпто имаат од овие новите ајфони, цело време ми велат дека телефонот му е на полнач. Братучедот жали што го купил. Не дека имам нешто против ајфоните, брзи се, прекрасна камера, но батеријата не е во ред. А и сега скоро на сите од овие помодерниве телефони таква му е батеријата, за жал.
Имам Ipad и сакам да гледам серија на него па ако знае некоја линкче за онлајн да гледам или пак апликација на app.store ??
значи сакам да прашам , забрави ја лозинката со е за отклучување оти ја си го отклучуваше телефоно со прстот и сега таа лозинката не ми текнува како беше па сакам да прашам дали некако може да се отклуче ? ве молам помошшш !
Руби ако ти е наместо аутоматски сихронозирање со itunes можеш така да си ги повратиш, на друга идеа не ми текнува. Гуглај, сигурно некој знае и некоја друга опција. Мене ајфонот тотално ми е шекнат, мо се гаси често на 30-40 посто батерија. Живеам со полњачот во рака. А само 3ипол години го иам. Катастрофа. Сега го чекам 6с да излезе да се подновам, не се трпи ова веќе.