Јас од тебе 10 пати повеќе се разбирам. И последна да си нема да ти помогнам и да ти дадам совет. Баш заради овој твој коментар.
Или проблем со батеријата има или со чипот за напојување. Јас моментално користам iPhone, но пак ќе кажам дека Samsung се подобри. Иначе и Samsung-от може да се лоцира.
Pisav i vo dr tema ama nema odg. Mi ja snema ikonata play store nikako nemozam da ja najdam. Nez dali e izbrisana app. Sto da naprava. Izvinete za lat
Тоа значи дека има ставено меил и пасворд кој може да го отклучи само тој што го ставил. Нема друг начин на кој може да се отвори.
Интересни апликации 1. Dubsmash Многу интересна апликација е за правење малечки клипчиња. Има многу интересни, имаат звук вие само се снимате како глумите. Поглднете на инстаграм со хаштаг со името, ќе ви се допадне. 2. We Heart It Ова е апликација со светски размери за симнување слики. Било кое зборче што ќе ви текне го пишувате во search и излегуваат многу слики, секакви. 3. Pink Pad Оваа апликација води сметка за вашиот менстурален циклус. Го обележувате денот кога ви дошло и ви мери кога ќе ви заврши, кога се плодни. Исто има да обележите колку ви е обилно во тој ден, какви симптоми имате, дали сте пиеле апчиња, однос дали сте имале и други работи. 4. Like4Like Оваа апликација е за додавање повеќе лајкови на вашите слики на Инстаграм. Лајкнувате други слики и со тоа добивате парички, со кои купувате лајкови и ги додавате на сликата која сакате. 5.Followers Оваа апликација ви овозможува да видите на Инстаграм кој ве заследил, одследил, дури и блокирал. Многу е корисна и секогаш точна. 6. Arrow Ова е игра како змија нешто, со една стрелка и собирате по патот камчиња и дијаманти. Со камчињата се зголемува змијата, а со дијамантите можете да ја смените. 7. Lidow Ова е апликација за уредување слики во телефонот. Интересно е што има можност да ја направите сликата како со огледало, без да симнувате дополнителни апликации. Многуте филтери и опции кои ги нуди се неверојатни, па можете да си играте со фокусот и бојата. 8. PicLab Оваа апликација е исто за уредување на сликите, но има предност што може на сликата да додадете текст. Не е текст кој вие ќе го напишете, туку можете да одберете, дали Happy Birthday, Happiness, Good time и многу други. Исто има многу видови за колаж на сликите. 9. Moldiv Слична е на број 9, само многу повеќе видови колажи и поинтересни филтери. Премиумите за колажите се преубави, само се плаќаат. 10. Instasize Оваа апликација ја прилагодува вашата слика за да ја ставите со вистинска големина на Инстаграм, без да ја сечете. 11. Font Candy Ова е слична како број 8 само тука сами си го создавате текстот, му одбирате боја, големина, растојание, место на стоење се што сакате.
има разлика и надворешно,се познава по две цртки.а внатрешно исто така има Iphone 4 има 5мп камера и мн слаб процесор иначе исто рам имаат по 512мб,а iphone 4s има 8мп камера,подобар процесор од претходниот ајфон и исто рам(види на сликата како да препознаеш iphone 4s и Iphone 4)
Една цртка не менува. Тоа е намерно ставено за да се разликуваат. Не се секирај друже ги разбирам телефоните.
Луѓе сакам да купам Ајфон 5 на старо, дали знае некој колку чини, и дали некој има купено така на старо...искуство...?
Кога ке бараш барај да е зачуван максимално,бидејќи лесно се оштетваат а потоа не се прават маските бидејќи се алуминиумски.Иначе идат по цена од 150 до 250е,и уште еден совет само да работи на сите мрежи,бегај од рсимови и такви заебанции.
Девојки итно ми треба помош! Меилот на кој ми беше поврзан телефонот ми дава нотификации дека некој се обидува да го пробие, а не ги памтам заштитите. Како да ставам нов меил на телефонов? Стариот да го заменам за нов меил.
Добар Ајфон 5 ќе најдеш за 220 евра. Незаклучен, да работи на сите сим картички. На старо ако сакаш да купуваш, само мобилара, со документ (гаранција). Иначе вака од препродавачи никако. Моја другарка има лошо искуство со еден копиљ препродавач од Ѓорче. Испадна краден телефонот.