Јас знам дека може според имеи,само незнаев дека можев во секој земја во apple продавница,епа чим е така трк одма до продавница на јаболкото и нека ти го прават,или дадат нов
Се исплати ли да земам iPhone 5s од Vip и 24 месеци да плаќам по 550 или iPhone 6 16GB и да плаќам 799 ден. ? Има некоја голема разлика или сепак се исти?Инаку,не ми е баш за изгледот мене,по компактен ми е 5ѕ некако..
Понудата е добра. Се исплати да го земеш, па макар и да е заклучен на нивна мрежа. Помеѓу iPhone 5S и iPhone 6 има голема разлика. Поголем дисплеј, побрз, подобра камера, подобар процесор и тн. Ама јас би го избрал 5Ѕ-от затоа што е покомпактен за работа. А и прогласен е за еден од 5-те најкомпактни телефони.
Покрај претплатата, има одредена доплата за телефонот? И ако да колкава ако можи да знам? (и за 5ѕ и за 6)
http://www.vip.mk/telefoni/-/gsm-advisor/iPhone/1474283/5S 16GB/IwlO79AvKRy7#ad-image-0 не разбирам сега ни јас,кога израчунав излегува премалце така да ваљда има доплата 13000. ако може некој да ни објасни?
Здраво на сите Ми цркна вчера телефонот, и мојте ми рекоа најди некој половен па понатака ќе земеме нов, знам дека iP 4 и iP 4s се поефтини на старо, ама кога ги читам огласите, скоро на сите наидувам на neverlock, и на тоа заклучен на iCloud, па ме интересира какво значење имаат тие за телефонот, дали може да се користи, да не прави некој проблем со симнување апликации или нешто? Ако е некој знае и ми каже, ќе му бидам благодарна
Јас не би ти препорачал да земеш Iphone 4,затоа што е доста стар модел а и многу кочи.Неможе да се прави Update на софтверот и некој апликации ке ги користиш стари,затоа што ке неможеш да правиш Update.Ако веќе си запнала за Iphone тогаш земи Iphone 4s(кога се бира помеѓу двата што ги наброја).А тоа неверлок значи(отклучен на сите мрежи),бегај подалеку од Icloud,тоа се претежно крадени телефони кој се продаваат за делови.
iCloud заборави го уште од сега. Такви не гледај. Само кај што пишува Neverlock можеш да земаш или доколку си на T-Mobile па да земеш таков зошто се поефтини. iPhone 4/4S се добри телефони. Немаат многу разлика освен во камерата. Софтверски се добри како и хардвердски. Цената на нив е 100 евра за iPhone 4S и 70-80 евра за iPhone 4. Со овие телефони нема да згрешиш.
Имам едно многу важно прашање ве замолувам да ми одговори некој, дали на ајфон стига известување ако некој ти лајкне линк/статус? Мислам на онакво известување на екран што се појавува На грешка лајкнав еден линк ама го тргнав лајкот веднаш и ме интересира дали особата може да го види тоа пред да ја отвори апликацијата на мобилниот иако е одлајкнато т.е. дали ќе му се појави во нотификациите на почетниот екран????
Ако одма си го одлајкнала нема да види. Нема ни да му покажува после дека си лајкнала и одлајкнала. Освен ако не е побрз од тебе и го види лајкот.
Не беше уклучен во тоа време, на фејсбук знам дека нема да му излези во нотификации само ми беше муабетот дали на ајфон стига некое известување на почетниот екран каде што се појавуваат известувањата дали стигнува такво кога ќе ти лајкне некој?
Ај помош како за човек што прв пат користи iOS. За iPad се работи, направив AppleID и тргнав да симнувам ама ми бара апдејт iOS 7.0 не можам да најдам. Нуди ајпадов сам iOS 9.2.1 ама не сака да се инсталира. Може е смешно ама ај помош.
Треба преку вифи. Прво ќе треба да се даунлоадира па после да се инсталира. Ако не сака на вифи тогаш преку iTunes. (ќе треба овој програм да си го симнеш на компјутер) Го поврзуваш телефонот со компјутер и прво што ќе ти се појави е дали сакаш да направи апдејт. Неможеш да си бираш кој софтвер да го симнеш, туку мора најновиот. Имаш стар софтвер и затоа ти бара понов за да ги користиш апликациите.