Да, пишува ви-фи и најмалку 50% батерија. Исполнети услови и вика сервер ерор и го прекинува симнувањето.
Пробај преку компјутер. А може и да е до таму, да имаат проблем со серверот. Ако не ти се брза, пробај покасно или утре.
Здраво на сите , имам прашање до вас што имате Ајфони.. Јас многу ги сакам ајфоните и ги разбирам по малце но не ми е јасно дали е вистина ако купиш нов , и на аппле сторе требе да се плаќа за да направиш нов акаунт или нема врска?? пошто јас на една моја комшика и правев нов акаунт она има ајфон 5ка и ми бараше тогаш пари и плус за ајклауд исто бараше. П.с многу сакам да си купам ама тоа ме страв. фала однапред на сите
Нема потреба да плаќаш. Има една опција за да го избегнеш плаќањето на акаунт. Мислам дека треба да ја одбереш Словенија наместо Македонија. И после откако ќе го направиш акаунтот имаш апликации што се купуваат и што се бесплатни. Јас купувам понекогаш апликации. На Ајфон се поефтини отколку на Андроид.
Што мислите да земам Ајфон 6 од место каде ги продаваат половно и со дупло помала сума од вистинската? Дали се вистински, дали ќе се расипат за кратко време, и дали би биле исправни? Сум слушала негативни работи за ова, па незнам какво е вашето мислење за овој случај на Ајфон?
Немора да значи дека ако е половен дека не чини,во мобилариве имаш поволни телефони со гаранција од мобиларата.Така да ке си купиш ајфон со нивна гаранција од мобиларата,и ке гледаш да е зачуван и да нема траги на користење.Претежно ајфон 6 се доста зачувани половни,бидејќи се кратко користени затоа што се нови телефони. Само гледај да земеш од некоја асална мобилара,не се зима од секаде мобилен.
Во мобиларите телефоните се оргинал (бар во повеќето) и се со гаранции. Така да, јас би ти препорачал да си земеш од мобилара отколку од оператор. Зошто да го плаќаш толку многу во оператор, кога во мобилара ти е дупло поефтин, а и работи на сите мрежи. А во оператор е само на нивна мрежа. Во Т-Мобајл Ајфоните не се декодираат софтверски.
lugjenca daj pomagajte mojot ne saka da polni neznam vo sto e problemot dodeka e isklucen koga ke go stavam na polnacot polni i se uklucuva no od koga ke se vkluci ne saka
Го имав истиот проблем со еден ајфон,изгорен е чипот за полнење и само со менување на матична плоча ке се среди тоа.Однеси го во некоја мобилара да видиш која цена е,бидејќи незнам која е цената.Претпоставувам се работи за iphone 4s.
Сакам да прашам за ајфон 6с плус или 6 плус небитно, им правев компарација, и за двата за камерата за задна пишуваше 12/64/128МР, е сега не ми е јасно, за ајфон (како добро познати телефони) е слабо 12МР а за 64 и 128 незнам како кога ќе го земеш телефонот да направиш да е повеќе од 12МР или можеби не се поправа тоа на телефонот туку нешто друго му е мајката
Искрено меѓу нас двајца, јас од твојот пост ама баш ништо не разбрав што сакаш да прашаш. -feeling confused
Вака, не сум некој што претерано се разбира во телефони, да бидам искрена, но една работа сум ја сфатила. Воопшто не е важно колку мп е камерата, туку нејзиниот квалитет. Мои блиски имаат sony и huawei телефони кои имаат 21 и 16 мп камера, но сликите не можат ни малку да се споредат во поглед на квалитет и чистина со сликите од мојот iphone кој има 8 мп. Како што сфатив, сакаш да прашаш дали може да се надградува камерата за да има повеќе мп? Не може
Хаха, втора шанса? Правев споредба на телефони, за ајфон 6с и ајфон 6с плус, за двата кај камерата ми пишуваше 12/64/128МР, и сега не ми е јасно, зашто пишува 12/64/128МР? Мои претпоставки беа дека може да се надогради камерата, а тоа претпоставувам не си го сфатил.
На сликата првиот дел од табелата е за Samsung Galaxy SG edge +, a вториот дел и третиот се за ајфоните.
Здраво! Јас сум нова и сакам да прашам нешто.. Имам Iphone 5s скоро една година ми е но немам SIM картичка.. Телефонот ми е од Бугарија на Глобул и овде во ГСМ прашав за декодирање на телефонот рековме ќе платиме колку што треба но тие рекоа дека не може да се одкодира.. Прашавме и во Бугарија и на други места но неможело..Исто така рекоа дека кога ќе помине гаранцијата на телефонот автоматски ке се декодира.. Ако некој има решение за ова може ли да ми помогне?