Па убаво си пишува, имаат по 12 мп камера. Те интересираат останатите работи што ги пишува? Тоа f2/2 29mm се ознаки за отворот (леќата, блендата или како и да се вика) на камерата, ти кажува уште дека имаш автофокус и лед блиц.
Не ме разбирате, сфатив дека е 12МР само што не ми е јасно тоа 12/64/128МР. Ако е 12, зашто воопшто ги пишува останатите 64 и 128МР.
Е сега вака...ти тоа погрешно си го разбрала. Постои 16, 64 и 128 ама ГИГАБАЈТИ, а не мегапиксели. Тоа е меморија на телефонот. А што е до мегапикселите, iPhone 6S има 12 мегапиксели. Како и претходникот негов. Но веќе нека не те кочат пикселите, затоа што сега веќе е до леќата. Важно е кој телефон ќе има поубава леќа, а не мегапиксели. Умре тоа време кога се фалевме кој телефон има повеќе мегапиксели. Иначе Ајфонот има супер камера. А и предната е 5 мегапиксели. А разликата од големиот и малиот е во големината.
Здраво и на тебе и добро ни дојде. Телефонот претпотавувам дека си го користела со чип. Може да се декодира, но ретко кај нас во Скопје кој го декодира. Бугарските не се скапи за софтверско декодирање. Мислам дека беше максимум 50 евра. А во цел свет, па и кај нас, кога ќе помине договорот за телефонот, операторот МОРА да се декодира телефонот. Тоа е закон кој важи во цел свет. Појди пак во Бугарија со документите од договорот и ќе ти го декодираат. Треба само да ти пратат код и ти кога ќе внесеш спротивна сим картица од Глобул, да си го впишеш кодот и да си го отклучиш на сите мрежи.
Здраво, јас имам ајфон 5 и во последно време lock button ми зафркава, сакав да прашам дали некој знае дали може да се смени копчето и каде можам да го сменам ?
Секако дека може да се смени,во било која мобилара отиди и ке ти кажат цена,но мислам дека не би требало повише од 600 денари да е.
Тоа копче не доаѓа само како копче туку цел флет е. Мислам дека минимум 800 денари е да го смениш. Има по приватниве мобилари.
Дечки ми отиде екранот, вака надворешниот ништо нема ама тачот не ми работи и внатрешниот е отиден. Во мегамобил ми рекоа од 18.000 па нагоре за промена. Некое поевтино чаре имате? Благодарам
Да, околу 300 евра негде е цената. Горе долу 1.000/2.000 денари. Ќе најдеш и за многу поефтино ама копии. Копиите не стојат убаво на било кој ајфон. Јас сум имал лошо искуство со копија дисплеј за Ајфон 6.
@Marick14 Најевтино што најдов беше 15.000 викаш најбоље на таа варијанта да идам а? Во Дебар ми викаат може за 9000. Не знам сега го читам твојот коментар па да не се зафркнам да ми стават копија, м? Како да препознаам дали ставам копија или оригинал?
Најпросто ќе ти кажам како да направиш. Земаш друг телефон ист, отвораш во Сетингс и ги ставаш на максимална светлина и ќе видиш дали има разлика во бојата на дисплејот. Влези во операторите, имаат таму ајфони. Ако е копија, ќе ти биде малку пожолт или потемен или па некоја плаво-сива варијанта. Ти одма нема да можеш да го препознаеш но кога ќе ти го сменат и кога ќе споредиш со друг телефон, така ти е најлесно да видиш дали е оригинал. Тој што е 9.000 е со сигурност копија. А за овој другиот треба да споредиш.
Најново од Applе е iPhone SE. Скоро ист како 4 или 5s, 4инчен со нијанса појак процесор и камера. Цена за 16gb 399е и верзија од 64гига за 499 евра. iOS 9.3 Мислам дека ова беше тотално непотребно
Ова им е одговор на претходникот 5С. Со тој направија голема утка, дури и се во загуби со тој модел, па сега сакаат да се пробаат со нешто ново. Ама мислам дека нема да им успее со ова. Истиот дизајн како 5Ѕ, а во машината како 6С. Откога почина Стив, веќе немаат идеја. Тој човек понесе се во гроб.
Зборо ми зема, Стив сеа си игра вентилатор ама ајде, бидна. Некој го апдејтираше ли 9.3, како е го бива ли?