Е шо толку, не зезај! Па телефон е, не е кој знае што... Додека овој излегол, ќе излезе друг, па трет... Нема врска, секој со своите желби.
Планирам да купам 6s или самсунг s7 egde. Какви се вашите искуства со 6s, ме интересира за батеријата и дали кочи, што би ми препорачале вие ајфон или самсунг?
Дефинитивно тука нема никаква дилема,се знае 6s,кочење не постои кај иос(ако некој ти збори дека кочат веројатно користат кинески ајфон).Батеријата им е одлична и си држи супер,така да нема да утнеш ако земеш ајфон 6s.
На широко е познато дека на ајфоните по одредено време батеријата престанува да држи и тоа до неколку сати како што ми се деси мене со 5ѕ ама на дечко ми му трае. Иначе иако иам самсунг дефинитивно ајфон би одбрала самсунго кочи, не ајфоно. Т.е. системот андроид има повеќе мани од иос системот на ајфоните.
Купи си 6ѕ воопшто не размислувај. Како што кажа членката погоре, не постои такво нешто како кочење кај iOS. Го имам 4 месеци и немам никаква замерка за телефонот. Батерија држи солидно, еден цел ден секако што не е случај со андроид. Ако ти е во раце цело време фала Богу ќе троши повеќе. Башка мене 3 пати ми е паднат и на земја, и на плочки, и на ламинат и ниту една гребнатина нема. Нема маани телефонот. *Џабе не е толку скап.
Дека држат долго батериите на Самсунг, држат. И камерата е многу подобра. Ама Ајфонот како телефон е најдобар од сите. И полн да ти е со апликации, или слики, никогаш не кочи.
Ајфон 7 е совршен. Посебно со бежичните слушалки, баш ко за мене. Ама кај нас Бог знае колкава цена ќе му стават. Во Америка е 35 илјади. Кај нас дупло ќе биде сигурно.
што 35к? бежичните слушалки или уредот? кај нас уредот 900е моментално а бежичните слушалки се плус пари шо не ги добиваш со оваа цена него жичани
И телефонот и слушалките. Се на се е 35 илјади. Не ме бива со еврата, кога прерачунав во денари толку испадна. @Скопјетесакам, јас пред некое време си земав Самсунг. 5s сега низ мобилариве чини колку мојов телефон, ама штета што сум на сметка па од Телеком ептен скапо ќе ми дојдеше.
Ги имам користено сите можни телефони од 2014 до сега што се искочени најнови,освен ајфон 7 што сега искочи.Сепак ке кажам иос си е иос,јас не сум задоволен од андроид затоа што лапа рам безпотребно и многу им е тапа менаџерот за рам,во иднина ако не го оправат ке изгубат многу корисници. Иначе добар телефон си земал,како си задоволен? Ајфон 7 како што кажав 32гб е 950+60 евра за бежичните слушалки ако ги сакате 1010 евра