J3 земав. Сега за сега е океј, само ко што кажа глупо е со тоа што самите апликации ти зимаат меморија која на секое треба да ја бришеш и без некоја апликација за бришење на меморијата не можеш да функционираш. И мене многу повеќе ми се свиѓа iOS, ем попрактичен е, ем не кочи. Кога ќе почнам да работам, сигурно ќе се префрлам на Ајфон. Сега - засега не зависи од мене.
Во пакет ти идат обични слушалки тие што ги има и на ајфон 6 и 6с,а бежичните се доплаѓаат.Намерно е све тоа така направено за плус дополнително да перат пари ејпл.
Има додатен кабел каде што се става полначот и таму на тоа кабле се додаваат обичните слушалки.Ке пратам сега слика да видите како тоа изгледа. Ј3 зема 2016 и како си задоволен од него?камера?
Се работи за ова кабелче Од ледиком заштитна маска не купувам,сум го имал најлошото искуство од сите мобилари во мкд,но не навлагам во тоа,кој од кај сака нека си купува.
Да да. Задната камера е солидна, не е лоша. Предната ептен е добра. Мене ми кочи малку, ама тоа бидејќи имам премногу апликации. Битно издржливи се. Ми има паднато неколку пати и нема никаква оштета. Значи на Ајфон 7 не може да слушаш музика и да го полниш во исто време? Иначе кога веќе ќе даваш 57 илјади за телефонот, според мене 4 илјади денари плус нема ништо да ти сменат со тоа што ќе доплатиш за слушалките.
За мобилен препорачувам од странство неверлок секако , ја користев ајфон 5 од коа искочи до пред неколку месеци од Америка ми го купија абе луге уште шо не виде ми падна у вода ништо, работеше , ми имаше паднато 10000000000000000 пати ништо изгребан така поисчукан битно работи цело време бев на мобилен од утро до легнување буквално до максимум го искористив уште работи мајка ми го користи сега само батерија нова 700 денари му смени друго се си работеше .
Едина замерка што ја имам на ејпл е полначите што се не квалитетни тоа само , сменив многу многу многу и од неоргинал ја сјебав батеријата
А во прицнип вака за интернет и такви ствари добар е?батерија како ти држи? да на ајфон 7 ако ги немате бежичните слушалки неможете да го полните и слушате музика истовремено. Сепак сеуште е прескап за наш стандарт.
Интернетот ептен брзо ми се троши. Го префрлив од 4G на 3G, ама пак е исто. Дали ме крадат од Телеком или до телефонот е, не знам. Вифито е океј. Иначе дека е скап за наш стандарт, скап е. Ама доколку некој може да си дозволи да го плати во готово, сигурно ќе има и за слушалките. Тоа ми беше муабетот.
Во принцип 4г троши многу затоа што работи многу побрзо од 3г,така да ако сакате брз интернет ке користите 4г а ако сакате стандарден 3г. Јас познавам едно 10 луѓе што подигнале кредит за телефон. Се согласувам ако имаш пари да го купиш ке си ги земеш и бежичните слушалки.
Абе доколку можеш да си дозволиш после тоа да го вратиш кредитот, зошто да не? Некои луѓе ако треба голи ќе одат, ама битно најнов телефон ќе имаат. Некои па ќе одат со Моторола, но ќе бидат скоцкани од глава до пети, најмодерно облечени. Секој со својата окупација.