Самсунгот држи преку сила 2 год батерија , за разлика од Ајфон . Апликации на Самсунг има во изобилие , на Ајфон секоја втора се наплаќа. За кочење Ајфонот помалце кочи. Зборам разлика помеѓу Галакси с3 и Ајфон 5с . За квалитет подобар е Ајфонот и изглед , ама ја не би земала ништо од овие 2. Хуавеи п8 горе-доле има слични перформанси како Самсунгот ј5 што е доста баран , сега да видиме за батерија како ќе се покаже. Од Ајфон 5с до сега се покажал како најдобар .
@alena19, па не би се сложил баш. Човек кој сака да изгледа богато, ќе гледа да обрне внимание на се. Облека, телефон, апарати и се на се ќе се чатали со нив. Ова е сосема нешто друго. Јас на пример немам ајфон, ама имам апарат. Доколку дојдам до повеќе пари, најпрво ќе ги потрошам на што попрофесионален апарат. Некои се опседнати со тетоважи, пирсови... Секој со своето.
Абе секој различно го толкува ова,некој зима кредит за кола,за мотор,за облека,познавам луѓе фамилија зимаат кредит за лускузно да јадат 2-3 месеци по кафани,и послем 3 год враќаат кредит.Секакви има така да на кој му стиска нека зима кредит за ајфон 7.
Нема ништо тука страшно, ниту па злочин ако си подигне некој кредит за телефон, тоа е љубов, ќе си го исплати Сум користела ајфон 2, кога ќе ми текне како сите во школо се чудеа, го имав и 3, па 3s, 4ката го купив на старо и го користев 5 години ах што се нема преживеано буквало го топев, од раце не го испуштив имам преку 1500 слики и никогаш не ми кочел и уште го имам, до пред две недели купув 5s се радувам ко мало дете 5c не би рекла дека се покажал како најдобар, таа линија беше наменета за потрошувачи со помал буџет Кога ја прочитав биографската книга на Стив Џобс и колку само бил генијален и преокупиран со тоа да креира совршенство од производи уште толку се вљубив
Секој си има свое мислење..ајфон не сум користел никогаш..самсунг користам едно 6 години сигурно веќе ако не и повеќе и до сега не сум имал ама баш никаков проблем ни со кочење ни со ништо..едно што сум имал на него и по 3-4000 слики друго го користам и за работа трето ми се случува и по 5 пати неделно да се лупне од земја па пак да немам никаков проблем.. Имав мерак сега за ајфон 7..ама пошто ми кажаа дека е копија на 6с, мислам дека ќе си останам на едге с7...
епа другарче секоја верзија следна ти е надополнение од претходната, пример сеа копчето хоум не се протиска што е подобро неможе да се тасипе, заштитен е од вода и прашина, подобрена камера, подобрен процесор, друг тип на дисплеј итн итн самсунг и ејпл далеку се пред конкурентите така да не очекувајте претерани измени и слично пс. и во ајбутик е 900е
Сакам iphone 6 да го земам од istyle од city mall,што викате вие дали некој има купено од тамо,и како сте задоволни од самиот телефон,со батеријата, со самиот софтвер?
Зашто да фрлаш толку пари од ајстајл да го купуваш?кога можеш истиот да го купиш од било која мобилара.
Разгледував во нептун, во амц, (од ледиком не сакам да земам), вип, тмобиле колку да видам како се движат цените секаде беше 700 е, и случајно видов тука беше 35,000 баш се зачудев зошто толку ефтино, па затоа сакав да прашам..не мислам дека е кинеско
Во нептун,амц,анхоч,имај во предвид дека секогаш телефоните се над секоја цена во мобилариве,така да од таму не ти препорачувам да го купиш.Не ти ги препорачувам ни ледиком(лично јас сум имал лошо искуство со нив ептен).Во мобилариве ти се движат по 500 евра нови,значи збориме за нов(неотпакуван од вакум кутија).Така да јас би ти ги препорачал моби смарт(се наоѓаат кај палма во Аеродром),до сеа дечките имале топ услуги.
Пред недела дена, телефонов ми укопа скроз, не се исклучуваше, кога ми ѕвонеа рингтонот се слушаше,а екранот темен. Успеав да го вклучам,и ок си беше, демек затоа што имаше update на iOS ми се укочил. Сега,пред 10мин пак се укочи, прво неќеше да се исклучи, после кога пробав пак на екранот црвена линија се покажа, па за кратко неколку разнобојни линии и се изгаси. Да не ми е пред расипување? Да го однесам дур е осигуран?
Се мислам да го продадам едниот ајфон, но проблем ми е mail адресата на која е регистриран. Прв го купив овој и го подесив на еден мејл како што треба. После купив уште еден и тој го подесив на истата мејл адреса. И сега тука ми е проблемот.... Како да го "одлогирам" првиот од заедничката адреса? Ејпл се многу зезнати, да не ми гИ изгасат и двата?
Super e Ios e brz nema kocenja mi se dopagja skoro se samo da ne beshe tolku zatvoren a i toa moze da se popravi so jailbrake inace sakav da ve prasam da ne znae nekoj kako da si gi vratam na messenger tie Headchats ili krugcinja koga kako na android sto stigaat ?? vaka nesakam kako apple sto ima napraveno ..