Зашто е произведен во US,една фабрика е за цел Свет,нема верзии на Ајфон како на другите телефони.Да цената падна,сеа ке паѓа уште повеќе со искачање на Ip 12
Така да,пример за другите телефони имаш повеќе верзии,али Ајфон нема,една и едина во Светот е.Кај нас по продавницив како Мобеликс,Ледиком,се по ефтини,ради тоа што идат преку дилери,каде што не плаќаат данок,и разни давачки,затоа е и таа цена.
Срам ми е да кажам ама мислев во Кина е произведен,баш и другарка ми ја прашав и таа ми рече дека и нејзиниот е US верзија.
Нема зашто срам таман работа,па неможе за све да знаеме нели,учиме секој ден нешто ново.Во Кина може да се склопуваат ради ефтината работна рака што ја имаат Кинезите,али сите делови се произведуваат во една Фабрика на Apple,па од таму се шират низ целиот Свет.
Тие фејк верзии најчесто искачаат од Дубаи и Кина,се викаат Дубајски верзии и Кинески фејк верзии,и премногу ужасни.
Добри се и двата модела, е сега зависи дали сакаш телефон со помали или поголеми димензии. Обичниот iPhone 11 е видно помал од iPhone Xs Max.
Не ми е толку до големината на екранот, него во однос на квалитетот на екранот. ХЅ max има AMOLED(LED) екран шо е поквалитетен во однос на LCD Retina на 11, ама 11 има подобра камера.
Според конфигурации подобар е xs max, 11 е понов ама xs max е подобар, јас него би го одбрала. Исто како што XR е понов од X, сепак X е подобар во секој поглед освен што има малку послаба батерија, ама ништо премногу битно.
Предходно имав андроид и не се разбирам толку, ако може некој да ми објасни. Купив ајфон 124gb мислам беше а сега ми стигна дека немам место на icloud а имам околу 500-600 слики. Толку само може или може на телефон да сликам и да не мора да се на icloud? Не разбирам, предходно можев до 4000 слики на телефон а сега за 500 ми стигна известување
iCloud se плаќа за простор на слики и е 99центи месечно. А на гугл фотос исто имаш поголем простор односно таму правиш бек ап и ти го чисти тел од слики, ти ослободува простор
Мене ми истече договорот во Т мобиле, и сакам да го обновам, имам фамилијарен буџет од 24000 денари. Со буџетот, 11 про ми излегува 56990 денари со 256 гб меморија, а 12 ката за 37990 со 128 гб меморија. Разликата во цена е огромна, па се прашувамм дали вреди 11 про да го платам поскапо а е постар модел? Споредби гледав милион, не наоѓам некоја голема разлика меѓу нив. Екран ист, камера иста, дури поубав најт мод има 12 ката. Стварно се двоумам, ај некој поупатен да помогне
Јас мислам ако не ти се брза со обновување договорот, да ја почекаш новогодишната понуда. Тогаш фамилијарниот буџет е поголем, за L e 10 000 денари од линија, а за М е 8 000 денари. Инаку 12 pro 256 gb ти излегува 58 990 со сегашниот фамилијарен буџет.
Ако е така ќе почекам, не ми се брза воопшто. Јас чекав да излезе 12 ката, мислев ќе паднат цените на 11 про, ама уште повеќе ме збунија. Јас сум на Магента М, со 4 броја во М тарифа. За 8000 денари ли ќе ми се зголеми буџетот?
Да, вкупно 32 000 ќе ти биде тогаш. Јас, во јануари го обновив и така беше. Веројатно и годинава ќе биде така.