И јас сум загреана за Ајфон, го чекав и јас12ката ама ме кочи тоа што дополнително треба да се купат слушалки и полнач за телефонот. Отприлика како се движат цените за истите?
Епа, зависи дали сакаш полнач од 5W, за брзо полнење од 18W, новиот MagSafe... Најдобро да си видиш во iSTYLE или Нептун.
Како можам да си ги добијам сликите од стариот телефон на новиот? Стариот беше 128гб и имав преку 5000слики а овој е само 32гб и едвај 1000 ми се префрлиле
*ако пишувам во погрешна тема, преместете ме Имам стар компјутер, леново, си го обожавам али душа му извадив 8 години по ред, секој момент ќе умре, а неможе да го поправат. Главно го користам за факултет, и YouTube, Netflix, читање книги онлајн и слично. Дали би ми препорачале да си купам пак лаптоп или iPad? Немам користено претходно, би сакала да слушнам мислење, со лаптопот проблем ми беше само кога патував и го носев, доста е гломазен. Дали iPad би ги завршил истите функции, дали е соодветна замена или има помали лаптопи кои се соодветни и за патување?
Дефинитивно ајпад. Јас го користам веќе 5 години и се одлично функционира. Единствен недостаток е порта за усб, но и тоа се решава со usb stick од алиексрес кој има додаток за ајпад.
Што и да земеш нема да згрешиш повеќе зависи од тоа ти што сакаш, и двете ќе ти бркат работа, лаптоп секако ќе биде малце по скап, а и да го носиш со тебе не верувам да ти тежи и да ти праве проблем, сепак за тоа е Macbook Air. Моја препорака лаптоп а и воедно и јас сакам да го земам.
Треба автоматски да ти ги врати кога се најавуваш на нов телефон со веќе постоечки iCloud. Мене одма ми се вратија и слики и броеви.
Да али ми се вратија само мал дел, т.е 1000 и нешто слики. Броевите исто,не беа сите туку многу малку се префрлија. Другите абер немаат. Ќе го однесам да ми ги префрли некој што знае да не останам и без овие
Зачувано е се, ама пишува нема доволно меморија, да платам таму не знам колку долари за да има меморија. Мало морген. 32 гб е, не се 5. фала ти сепак.
Претплати се на apple и секој месец ќе имаш 50gb за 1$. Можеш и поголема меморија да си купиш, малку повеќе е од 1$, што реално се исплати