Да бре, во право си, се збунив. Многу ми се тоа пари за слушалки кои не ми требаат во моментов реално, до толку не ми требаат. Е сега поквалитетно и попроверено од оригинал нема. Дури и самата знаеш, секогаш излегува дека батеријата сепак помалку држи од она што кажуваат , дури и оригиналот, барем кај мене е така Ете ако некој има некој предлог, следам и јас
од кај ги вадите зборовиве кој рече дека е срамота да се користи телефон 5 години цитирај ми плс. членките прашаа дали е добар и дали вреди за парите, факт е дека не вреди за парите, ако тебе ти треба само бејзик телефон и си задоволна ок, ама не го мења фактот дека има подобри телефони за тие пари.
колку години има гаранција? кој ти гарантира дека 5 години ке го користиш? иначе и други телефони може да се користат долго време не само ајфон.
И да истече гаранција,ако добро го чуваш ќе го користиш. За други не можам да се согласам бидејќи видов колку долго можам да ги користам.
Се согласувам, сум имала самсунг и хуавеи, последно ајфон земав и од тогаш сум решена дека не го менувам.
Сега тоа не е толку битно, важно е дека Ајфонот подолго се користи од било кој друг модел на телефон.
еее сега не е битно како не, обично лугето користат најефтин модел на самсунг или хуавеи што ги даваат од оператор без пари и по некое време нормално ке почне да кочи, и после кога ке фукнат 1000 е за ајфон... неможе така да се споредува, претпоставувам си користела нешто самсунг од А серијата или хуавеи п20/п30 лајт чим вака збориш. Било кој андроид над 600 евра може да се користи исто долго како и ајфон, тоа што доагаат со поголеми батерии подобри камери и меморија е плус.
затоа што хуаве п30 лајт кошта 180 евра а ајфон 12 про кошта 1400 евра и плус треба пунач да купиш . може да се спореди со huawei p40 pro на пример.
Навистина, гледам по страниве баш е забрането да се споредува и тоа поради сумата која кошта. Абе седи.
Не е забрането да се спореди, но споредбата нема смисла. И не можеш да кажеш дека никој друг телефон не би издржал повеќе од 4 години освен Iphone. Било кој Android flagship телефон би издржал.
не е така ти незнаеш, она имала п30 лајт, сега 1 година само има ајфон ама знае дека 5 години може да се користи, а хуавеи не се добри.
Хуавеи имам од 2017, го користи член на фамилија откако си земав ајфон, значи огромна разлика има во брзината, и двата телефона се 3 години веќе, нема потреба да се прави споредба за ајфон и андроид.
Јас па мислев темава е за технички прашања, тоа се фатиле дали вреди или не ајфон наспроти други телефони, со страници. Како не ве мрзи?
Имав Самсунг А серија две години, батеријата и брзината беа намалени,кочеше. Имав и Ј серија да не зборам за екран кој сам се расипа од нигде никаде. Имав и Хјувеи и уште го имам, го користи татко ми. Солиден е само што мора на пола ден да го полни, Хјувеито го имам две години. Ајфонов го имам 10 месеци и 20 милиони да ми нудиш не би го дала, полнам еднаш дневно,брз е, одличен и чист звук. Се ова андроид не ми го нудеше, здравје наредната година Iphone 13 ќе го земам.
Имам Самсунг С8 стар4 години радботи како првиот ден, со сите упдејти .Samsung A , J i и остали се буџет телефони и не можеш да споредиш ни со I phone ни со серија С на Самсунг. Имам и С8 и А51 дома ,
Јас можам да споредам,ти ако сметаш дека не може твое си е. И ве молам веќе не ме убедувајте во вашите ставови, фала.