Дечки да прашам само нешто, чисто информативно. Дали е очигледно ако ја користиш оргиналната батерија на ајфонот, или да користиш веќе променета? Земав експонат од Мобеликс и да не го урочам мобилниот си е супер, без никаква фалинка, како нов. Плус го зедов со 100 проценти батерија после пробување на неколку мобилни кои беа со околу 80посто.Баш ги прашував таму дали е случајно веќе сменета бидејќи експонат со батерија фул малце неверојатно ми звучи. На ова дечкото од таму ми кажа дека на мобилните 1000посто не е ништо менувано и не би можел да ме излажи бидејќи со сменета батерија ќе имало некакви си нотификации во самиот мобилен и ќе сум знаела веднаш. Шо мислите вие, вака повеќе шо се разбирате?
Па мислам нема некоја разлика, ама нека каже поискусен. @Billy Idol А интернационална гаранција имаш ли?
Би требало да е таа интернационална, мојата е истечена па не можам да видам дали така ми пишуваше. Ако си го купила на таа дата (2021) тогаш тоа е, не е менувано ништо.
Значи 2 години се користел до овој датум. Затоа што толку важи гаранцијата. Е сега, за 2 години само на излог да стоел телефонот ќе му се намалел процентот на батеријата. Со обично користење батеријата губи некои 5-7% годишно. За 2 години треба да е околу 85-90%. Мислам дека е сменета.
Тука читам дека оваа гаранција важи една година откако е купен мобилниот. Јас го земав некаде средина на декември, по ова доаѓа дека мобилниот е купен 7ми ноември 2021 штом гаранцијата му истекува 2022 на овој датум. Нешто грешка сум или?
Упс, не видов дека е 2022. Прочитав дека е Ноември 2021. Мислам дека Епл уредите сите имаат 2 годишна интернационална гаранција без разлика од каде се купени. @buba4e89 сигурно знае повеќе и може да потврди. Ако доаѓа овака, 1 година е стар телефонот. Т.е. пред 1 година бил активиран и почнат да се користи.
Да, имаат. Едната е од Ејпл а другата е од таму каде што е купен,ама дека е експонат има 6 месеци важност. Така да, нека го пази и чува. Може да си докупи осигурување ако сака.
Лично искуство со Iphone xr / 11 експонат од мобилара , или половно земен од некој? И дали се продава некаде,на рати, ама користен/експонат?