Девојки, дали кај сите е во ред новиот апдејт на телефонот? Имам ајфон 12 про макс, си работеше одлично, го апдејтирав со ios 16, сега ми кочи, на месинџер, на вибер, као за секунда се закочува додека пишувам, и после наеднаш ќе напише се. Значи не сум ни сигурна од каде доаѓа ова, ама пред апдејтот си работеше беспрекорно, меморија имам доволно, нетот си е ок, не знам што би можело да му го ствара овој проблем
И мене чат-пат знае да ми прави проблем новиот ios 16, имам 12 про. Гледам дека батеријата првите денови кога го инсталирав многу брзо се трошеше, сега гледам дека се враќа пак во нормала. Исто така знае и инстаграм да ми направи проблем додека пишувам Ќе го средат, изгледа треба време за да се усоврше целосно. Имам приметено секој нов ios на почетокот има некој проблем ама после го средуваат
И кај мене батеријата има промени, многу побезо ми се троши, ама ова со пишувањето, се надевам дека ќе се среди за брзо…
13 про макс забележав грешки во Мсн како да ми ја закочува тастатурата. Исто и батеријата ми ја јаде гледам. Само да ви кажам дека намерно се правени да полнат до 80% а после потешко до 100% бидејќи секоја година нов им излага. Исто така забележав дека знае да закочи при отворање на некоја апликација. Има багови се надевам ќе пуштат некој update за брзо.
Здраво, имам ајфон 13, го земав пред два дена но имам проблем со видео кол. Кога ѕвонам на инстаграм или вибер кај другиот има некое шуштење. Дали некој знае што р проблемот?
Да не е до ios16, или го покриваш со прстот микрофонот, мене само така ми имаат кажано дека ми шушти, ама ќе го тргнам прстот и нема проблем
Здравоо, дали некој го инсталирал iOS 16 на ајфон 8? Ако да, нека сподели искуство како сега му работи телефонот, не знам дали да инсталирам, да не ми го закочи тел.
Инсталираше 16? Дали ти ја троши батеријата повеќе ? Дали ти кочат некои апликации додека ги користиш ?