Од кога инсталирав 16.2 пред некој ден батеријата многу брзо ми се троши, пример од сабајле за 2 саати 30 посто падна, а battery health ми е 100%. Вие што имавте пишувано за таков проблем ви се врати ли во нормала?
Мислам дека нема решение за проблемов, јас едно време пробав да го празнам на секои две недели до 0% па да го полнам до 100% и така мислам се зачувува здравјето на батеријата, а обично го оставав да се испразни до 20% и да се наполни до максимум 80%.
На мојот по 2-3 недели престана да му се троши брзо батеријата, ништо не сменив не знам зошто на почетокот се трошеше, а сега цела ноќ имам пуштено бели звуци и не се троши.
Се надевам и кај мене ќе биде така, телефонот нема ни една недела откако го земав и ужасно се нервирам што ми се троши брзо батеријата.. со 11ката немав ваков проблем
Истото ми се дешава. Претходно ми издржуваше цел ден и вечерта на 20%+ го ставав на полнач. Сега откако инсталирав пола ден ми трае. А, исто го користам...
Дечки не најдов тема за MAC лаптопи, ако има нека го преместат мислењево. Прво дали вреди да се земе, дали ги има програмите како Word, Excel од Windows или треба да се купуваат посебно? Второ што е разликата меѓу М1, и М2 модели, исто и за MacAir i MacPro? Одамна меркам ваков лаптоп, не е ефтин па затоа и рсзмислувам а немам некој близок да прашам што користел ваков тип. Да напоменам дека лаптоп ми треба за работа. @Billy Idol мислам дека ти се разбираш повеќе во овие работи
Не сум користел лично Mac лаптоп, и контакт што сум имал со нив бил мал. Процесорите даваат максимум што може на пазарот и се далеку подобро оптимизирани од Интел и Амд. Значи за парите добиваш уред кој ќе биде подобар од грото лаптопи на пазарот. М1 е првата верзија на нивниот процесор, М2 е последната. Проблемот е самиот екосистем. Да, има мајкрософт офис, да, може пиратски да се инсталира. Но, ако цела средина ти користи виндовс компјутери, а тебе ти треба за работа, тогаш моја сугестија е да си останеш на виндовс поради поголемиот број на можности. Air е помал, полесен, lite version на уредот, доколку ти треба за поголема мобилност. Pro е најjаката верзија.
Па да мене баш поради тоа и ми треба помал полесен, за да можам да го влечкам секаде. За работа ми се потребни баш тие документи, не ми треба некоја јака меморија, битно ми е да отвора брзо и на сафари. Ама и ти си во право, и обичен лаптоп ќе заврши работа. Тенкс
Шијакоска нешто покажуваше дека може да се копира сликата од телефон (само личноста без позадината) и да излезе како стикер. Знае ли некој/а step by step?
Отвори слика во photos, кадешто има изразен објект, задржи на сликата и ќе ти се селектира објектот. Ова работи само на iOS 16.
Јас користам мекбук про м1 и никогаш повторно не би се вратила на виндов. Доколку имаш прашања пиши ми во инбокс
Здраво. Кои телефон е подобар и поисплатлив ваше мислење? Iphone 11, iphone 11 pro max или iphone 12?