Дали некоја знае како се подесува тоа кога се отклучува телефонот каде што пишува SLIDE TO UNLOCK да пишува нешто др ?
Neverlock ти е отворен т.е отклучен за сите мрежи во светот, значи работи со секој картица и слободно можеш да си го апдејтуваш иос-от само со еден клик. Ако планираш да купуваш ајфон, најдобро купи неверлок.
Ново откритие, на компјутерот, МакбукПро, мозам да си слегнам книги гратис! Оххх убавини мои! Слегнав веке околу 12, Достевски, Толстој, Кинсела.. Само да поминат испитиве и ке си ги прелистам
Девојки знае ли некоја отприлика во овие мобилариве што откупуваат мобилни, да го продадам ајфонот 4ка колку пари би ми дале? Зачуван, неверлок е, од Америка е купен од Apple, единствена причина што сакам да го продадам е што ќе земам 5ка. Чисто отприлика некоја сума, ако е смешна ич не го продавам, на сестра ми ќе и го дадам.
200-230 евра максимум. Јави се во Ледиком, Мобилфон и сл. нив и ќе имаш точна информација од прва рака. едит* Ама ако зимаш 5-ка од истото место повеќе ќе ти го проценат, отколку само да го продадеш таму.
Ај и јас едно прашање да поставам. Нели телефонот пред некој ден ми беше украден. И сега кога постирам нешто на ФБ, јал слика, јал коментар не ми пишува ниту via mobile, ниту via iOS. Крадецот чепкал негде нешто , и веројатно се има сменето. Не оти нема да му го најдам чарето, ама кажувајте ако знаете одма. Едит* А, да не ја тргнаа опцијата воопшто? Гледам и на слика една постирана од iPad-от не ми пишува ништо.
Сенза не е тргната, сега баш пробав за да ти кажам со сигурност поставив слика на only me audience и си пишува via iOS како и досега што беше. Не знам што е работата кај тебе, а како бе ти го украле, значи свашта има да пазиме треба многу, а јас како што сум завеана
Не би ви препорачал да си имате работа со таа фирма ,тешки превари се кога станува збор околу гаранцијата или проценката на телефони за откуп .Јас имав прашувано и добив впечаток дека се тотално непрофесионални.Не се лажете да продавате НИ да купувате од таму да не бидете излажани (нема разбирачка и компромис во чаир ) .(совет само )
Да, и јас пробав така и овој пат ми успеа. Ама на мои коментари и статуси од тел. уште ми ги дава без via mobile, изгледаат како од лаптопот да ги имам пратено. Инаку, за крадењето ќе ти објаснам подетално во ЛП. А, не дека не се чудни малку. Ама јас имам ОК искуство со нив. Баш пред некој месец на сестра ми и купив iPhone 5 Neverlock гланц нов во фолија и сè беше OK. И уредна гаранција од една година и дадоа.
Не дека они нема да ти дадат писмена гаранција ,но мислам дека мн не фер ќе изиграат ако се расипе телефонот (не зборам на памет,мој близок се маткаше со месеци за на крајот да немаат избори и да мораат да му дадат друга марка на телефон бидејки таков ист немале ) .Јас се водам и по онаа теорија колку пари толку музика така да таму не би им купил ништо .Можеби грешам со ова но внимавајте и добро договорите околу гаранциите или проценка на тел
Девојки си работев најнормално на Ајфонот и одеднаш се појави темно син екран се исклучи телефонот и потоа се вклучи што сум го зафркнала не сум чепкала нешто посебно пред некое време ми падна и пукна екранот од тоа нешто да не се расипало дали некој имал сличен проблем
Девојки,момци ПОМОШ. Еднаш имам пишано дека не можам да си го ставам новиот IOS 7,уште ми стои 4ката.Значи немам опција да направам апдејт.Може ли некој убаво да ми каже како да го ставам зошто не можам никакви апликации да симнувам ни пак да ги апдејтувам старите
Порано имав ставено такво едно за да можам да ставам катичка од вип,ама сега ми е тргнато и ми е таа од Т-мобиле.Инаку имам ајфон 4,тие првите што ги донесоа во Т-мобиле.
Ако стварно ти е телефонот iPhone 4, тогаш најверојатно нешто со „тоа“ r-sim-от или x-sim-от (како и да беа) му имаш нешто направено, знам дека со нив не се апдејтуваат, т.е покомплицирано е.