Дечки, имам ајфон 13, го имам 8 месеци и веќе капацитетот на батеријата ми е 95%. Не го користам додека се полни, не го оставам по цела ноќ на полнач, го полним кога ќе се изпразни до кај 25-30%, background refresh ми е исклучено.. Како да спречам да не ми паѓа капацитетов? Што правам погрешно?
Треба да се испразни батеријата и кога ке даде нотификација дека е празен да се приклучи, како и да е има опција на ајфон optimised battery charging штиклирај го.
Најубаво е да го полниш од некои си 15/20% до кај 80%. Тогаш правиш најмал циклус на полнење. Еден циклус кај батеријата значи или да е 100%, или 0%. Значи ако го оставиш до 0% повеќе опаѓа капацитетот на батеријата. Ако го полниш до 100%, повторно правиш циклус кој влијае на квалитетот. На крајот на краиштата телефонот го купуваш за да го користиш, а не за да го чуваш како да е музејски примерок. Што сакаш прави му, векот на батеријата е ограничен и после 3 години нормално користење ќе треба да ја менуваш. Затоа користи го онака како што имаш потреба.
Најверојатно до самиот телефон е, како ќе се погоди? Јас имам 14 pro max, го полнам како ќе ми текне и уште е на 100%, и солидно држи батерија и покрај активно користење. Една година го имам.
Тоа само значи дека софтверот не е добар и % на батеријата не е реален показател за колку има изгубено капацитет, туку е чиста популистичка бројка. Она што е битно e колку циклуси има батеријата и еве како да се провери, па споредете со @Lollipop_123 https://www.igeeksblog.com/how-to-check-iphone-battery-charge-cycle-count/
дали некој може да ми каже како да активирам I phone?Може е глупаво прашање ама првпат имам 16 ка а досега користев андроид
Ве молам за хелп кој знае што да правам, како гледав на телефонот наеднаш ми се направи скроз бел екранот, како да го поправам јас или треба да го носам на мајстор? 15ка имам