За обичните да. Зборувам за буџет поради користење магенда, така го викаат во телеком-буџет и можеш да го искористиш за било што. Па да речеме со рој буџет до кај одприлика 50.000 а толку е 14 колку што видов. 15 е двеста евра повеќе, па Незнам колку ми се исплати да ги дадам
15ка има usb-c, поживописен екран, малку поелегантен во однос држење во рака, има dynamic island функција (прогуглај), повеќе рам има мислам дека... Ама тоа не знам колку би ти значело во реалноста. Моментално каков користиш?
Моментално Red Me Note 10 Pro. .И 3 години го користам и ќе го сменам од што ми здосади, телефонот нема мана, ќе продолжи да го користи син ми. Сакав нешто различно, затоа се решив за овој, не сум користела ios оперативен систем.
Здраво,сакам да прашам дали некој имал ваков проблем и дали е нешто променето од тогаш.Еден другар зеде 16ка про кога излезе од Америка но е-сим тука од телеком и а1 не можеше да се повзе иако телефонот беше не кодиран.Дали некој имал ваков проблем и дали сеуште постои истото?
Хм... Јас знам дека моделите за тој пазар (Америка) поддржуваат само е-сим, а кај нас во Европа може и е-сим и физичка картичка. Е сега зошто да не може да се поврзе со е-сим кај нас, поим неам...
ај и јас да се јавам, мене многу пари ми се гасне на 0% едноставно немам можност да го наполнам секогаш. И не знаев не бев информирана па со терав до 100%. Некогаш и помалце кога како. Капацитет 99% за 8месеци. Но батеријава трае едвај 10часа на актив користење, претежно 6/7ч ова не ки личи на нормално, особено на сонце
Ако разговарате за 15 про макс веднаш по излегувањето на овој модел беше најавено дека серијата има проблем со капацитетот на батеријата и телефонот не вреди да се купува. Според критичарите, требаше сите серии да се повлечат, тоа прашање остана неодговорено и ден денес се продаваат 15ки со нестабилна батерија. Досега најдобар модел е 13 про макс во однос на батерија.
Всушност читав статија дека сите телефони генерално се произведени да функционираат со батерија од 80% и тоа да спаѓа во нормална категорија на полнење, како и дека 100% батерија е само make up за продавање на пазарот.
Не најдов посебна тема за таблети, па тука да прашам. Сакам да купам Ipad Pro 11’ на старо. Каде можам да најдам добро сочуван? Има ли некои страни каде што продаваат на старо и колку би се движеле цените?
Zdravo Imam nov iphone 15 donesen od amerika Kako da go startuvam, ovaj e bez sim karticka Help nekoj
Здраво, планирам да купам 16ка про, дали некој има искуство со Mobelix? Цените таму доста поевтини него на пример Нептун.