И пред некое време прашав ама еве ме пак. Зошто батери хелт толку брзо ми паѓа? Од декември до август ми беше само 1%паднат, значи 99%. А сега за два месеци ми дојде до 94%
Има едно правило, колку е веродостојно не знам, ама не се препорачува полнење повеќе од 80% и празнење на тел подолу од 20%.
И да дојди на 0% пак ќе си работи телефонот само што капацитетот да држи батерија ќе се намали доста. А од 20-80% се смета како за најмало оптеретување на батеријата, но скоро дури и да било мит тоа така да.. полни без гајле.
Тоа е точно, еве мене ми е 76%, скоро 4г го користам телефонов. Си работи се, ама освен брзо празнење, ако се спушти под 10% или пониско, имам проблем и со полнењето. Побавно полни или некогаш воопшто не сака да полни, регистрира дека е прикличен ама стои на иста бројка. Колку пати сум го вклучил и оставил и после 2-3 сати гледам не се поместил од првичниот %.
Повеќе би рекол дека софтверски така им е подесено отколку што е намален капацитетот на батеријата, имаат како некое ограничување со една цел кога ќе дојди до 0% батери хелт да купиш нов Ајфон бидејќи ќе мислиш дека чим е 0% веќе не е тоа тоа. Пробај со друг адаптер од Ејпл да полниш и види дали ќе има разлика.
Луѓе што предлагате? Имам iphone 14, батеријата ми ојде на 79% го полнав 2 пати денот, го користам веќе 3 година.. Дали да го носам да му менвам батерија или да го продавам да земам некој денар и да купам нов, но не знам кој модел се исплаќа најмногу? Не сум во тек баш со перформансите на новите модели а и не се разбирам воопшто, читам дека нема многу разлика.. Pro моделите се прилично солени, дали да одам на 17ка обична? Или пак Pro 15/16? Не знам која е најпаметна одлука
Најпаметна одлука е да го продадеш, затоа шро ако му смениш батерија, во софтверот ќе ти пишува дека си сменила, а така е потешко за продажба за понатака кога ќе сакаш да го продадеш. Сеуште ти е добра батеријата, не е за менување, но за да не дојде ти да ја мењаш, најдобро продади го и земи си 16 Pro.