Спуштете си ја апликацијата Find my iPhone. Средите информации се, и не дај боже ако ви го украдат или да го изгубите, може да се уклучите на www.icloud.com и да си го најдите телефонот, сами или со полиција
Приметувам некои промени со телефонов, па да ве консултирам. Го декодирав, т.е ми вметнаа од онаа картичка, и топ функционира мрежата, ама мислам дека откако се деси тоа неможам да зачувам слики, неможам да направам директен upload на слика од телефон, и ми текна дека можно е да е од тоа или нема врска? И уште нешто, сега ми јавува апдејт од самиов телефон за нов софтвер 7.04, ама незнам дали смеам најнормално да го спуштам? Инаку, имам 4s.
океј имам прашање : јас имам iphone 2g ( знам стар модел е ) ама кога ке одам во app store и ко ке сакам апликација да инсталирам ми вика the app requires 6.0 или 5.0 и неможам да симнувам ништо на секоја апликација така ми вика
^^ Тоа е за жал, треба да си го смениш тел. Како се апдејтира iOS, така на се понови модели треба да се имплементира. Да ти биде појасно, најновиот iOS 7.0.4 фнкционира од iPhone 4 па нагоре.
а можеш да симнеш апликации од app store на 2g или не ? пошто барав на интернет на youtube гледам повеќе што го имаат оваа генерација можат да инсталираат без никаков проблем
^^ Епа тоа е тоа, со апдејтирањето и они се менат, прашање на време е до кога можеш да симнеш и користиш одредена апликација.
не само што не можеш да направиш апдејт на софтверот туку и ти го блокира интернетот јас така се зафркнав, отидов надвор од државата по работа некои 4-5 месеци викам ај да не давам толку пари да го декодирам и со чип, така се викало тоа. и на почеток среќна супер убаво работеше, и после 2-3 недели воопто немав опција во целулар дејта за 3г, ко да не постои. ја мутава мислев ај нема проблем, цело време на едџ ми стоеше. и ај тоа нема врска се враќам македонија исто не ми работи, скрос ми го расипа тоа телефонот, и се пишманив, боље еднаш ке го декодирам со неверлок и гајле немам отколку што го заебав
Ама womaninred јас како што ги сфатив тие од мобиларата, веќе не се прави декодирање зошто им го заклучиле, и останува со таа сим картичка. Веќе го декодирав со картичката и сега незнам дали да апдејтувам софтерот кој сам ми се јави за апдејт... Некако ми кочи телефонов, мислам камерава почна да кочи и да не слика, се гаси... Незнам од што е ама ме напиња!!!
Имам iPhone 4 i IOS 7, дали може да ми кажете како да го исклучам нетот од вип, само ми се уклучува и ми троши од сметката
Дали некој може да ми каже како да ја сменам мрежата од 3G во 2G, имам ајфон 4 и се губи мрежата ме покажува недостапна и не можам да звонам никаде, во вип ми рекоа дека мрежата за телефонот треба да се смени од 3G во 2G...
Влези во settings каде што се бараш мрежи na carrier и одбери мануелно, ќе ти ги пребара сите достапни мрежи и одбери пример t-mobile 2G (или било кој друг оператор, зависи на кој си)
знае ли некој како можам да ја сменам е маил адресата по која ми се води телефонот, за да можам да споделувам слики песни на мој профил одонсно на моја маил адреса ? хелп
^Побарај во темата за андроид Луѓе јас купив ајфон 4 и сеа ништо незнам што како зошто Сакав да ве прашам,од кај симнувате песни? Малце повеќе сум глупа во врска со иосов така да ништо незнам,барав андроид татко ми ајфон ми купи
луѓе да прашаам имам ајфон 4s ...немам ни еден контакт во именикот од вчера незнам што е работата...знае ли неокој да ми каже....а инаку имам акаунт на icloud...кога ја уклучувам камерта да сликам ми бараше да го внесувам пасвордот го внесов и пак ништо...таман ке сликам ми се гаси камерата ај помош ако знае некој да ми каже...