Не сакам да ги гледам епизодиве по интернет,сакам полека да ги пратам на телевизија,ама ми се чини дека кога тогаш ќе ѕирнам.
Е баш си го загледав филмов, ми годи раскошот и раскошното у филмов. Некако си ги заслепувам очичките и добро ми доаѓа. Е сега мое видување за филмов. АТА- Се успеал да изгради освен едно нормално семејство. Така е тоа кога се создава семејство без љубов. Не морам да потенцирам дека цената ја плаќа за тоа. Во однос на (не)признавањето и обеледувањето за Ајшен не мислам дека се плаши туку едноставно сака да го заштити семејството кое го има. Не пати од туѓото мислење и тоа што другите ќе кажат и мислат за него но се плаши од реакциите на своето семејство. УФТАДЕ- До некаде и ја разбирам женава зошто никогаш не почуствувала топлина во прегратиките на мажот па некако бара утеха во раскошот зошто мисли дека го заслужува поради толкуте години пожртвуваност во нешто што не допира до нејзе. на неколку наврати имаше ,,критики,, дека се натпреварува со дух но таа едноставно како секоја жена сака да биде единствена во срцето на мажот. ЗЕТОТ-Зет сладок како мед, ама овој оштар како сабја. Јасно како бел ден е дека има интерес за пари но неговата слатка женичка тоа не може да го види зошто нештата во љубовта не се како во математиката. Во математиката 1+1=2 а во љубовта 1+1=1. ЌЕРКИЧЕТО - е сега и не ми текнува како се викаше ама заслепено. Секако кога човек ќе се ограничи во еден круг и не може да размислува на друг начин. Дури кога ќе почне да работи во фирмата ќе може да ја направи споредбата. Не квантитативна туку квалитативна споредба. Ќе сретне човек, но навистина човек, некој на кого му е битно што прави, што се случува со нејзе. АЈШЕН- Сигурно е дека сите ќе кажат тешка глупача. Но јас само ќе речам- само премногу наивна. И истото би било со нас. Замислете живеете скромен живот некаде на село и наеднаш доаѓате во голем милионски град а на сето тоа имате и многу пари кои не сте ги заработиле и многу битно не знаете да управувате со нив. И уште побитно колку повеќе трошите толку тие се зголемуваат и доаѓаат без вие да помрднете со прст. Саваш се заљубува во него а и која не би, па и со сето тоа внимание. Е сега таа не ја знае приказната за Саваш, Ата и татко му на Саваш. Ние затоа што ја знаеме јавуваме сомнеж. САВАШ- тој можеби ја плаќа најголемат цена. Живеел во несреќно семејство каде што бил сведок на прељуба, не физичка туку онаа уште поболната ( мајката не го сака таткото поради вечната љубов кон друг маж-Ата ) и никогаш не може да создаде норми за сакање. Кај него во главата е се измешано. Не знае од каде да почне каде да заврши. Тој е сплеткар, манипулатор и сака да се одмазди. Таа одмазда него го чини најмногу. СОРАЈА - Разгалено детешти кое како да плаче за играчка. А играчката е докторот. Ако ја немам играчката ќе се самоубијам. Целосно е риентирана кон него. Требаше да ја остват во болница додека не се излечи целосно. И имам уште многу многу за филмов зошто ми се допаѓа. Па следи продолжение. И ајде вашите анализи да ги слушнам.
Значи почнав да ја гледам серијава и некако ми се допадна па решив малку да ѕирнам на интернет. Видов дека ја откажале да се снима поради незаинтересираност, па пак дека ја продолжиле и така натаму и така натаму. Серијава ме привлече, не оти е поинаква од другите зашто и овдека главна тема се фамилијарни сплетки и неостварени љубови како и секаде, туку заради Саваш и Ајшен, кои како глумци навистина им се восхитувам. Како и да е ова е една кратка анализа од тоа што јас го заклучив за филмов и ликовите до сега: Ајшен ... Во однос на тоа каков живот живеела, нејзините реакции се сосем нормални. Трагајќи по љубовта на нејзиниот татко завршува во прегратките на еден преварант исполнет со омраза. Израсната со лаги во несреќно смејество, желна е за малку љубов. Саваш ... За неговите постапки го укривувам неговиот татко, кој наместо да го насочи кон среќен живот го затвора во неговиот затвор исполнет со омраза и желба за одмазда бидејќи тој не успеал да биди среќен. Тоа навистина Саваш не го заслужил. Наместо како секој нормален татко кој на смртна постела му посакува на неговиот син среќа и љубов, тој му остава листа со сите оние на кои треба да му се одмазди. Ата ... Старче затворено во неговата кошница исплетена од старата љубов која му оставила плод за кој тој дознава многу подоцна. Како што кажа и babaDara изградил се освен нормално смејество. Сака сегде да помогни ама иди некако ко отфазла секаде. Единствен што ја знае играта на Саваш. Фатих ... да глумеше на негово место глумецот што го глуми Саваш ќе навивав за него и Ајшен ама... ништо. Од една страна невозвратената љубов кон Ајшен, од друга страна безусловната љубов на Суреја кон него која не можи никако да и ја возврати. Да не ги спомувам другите со слични проблеми и сето то.. филмов е толку испрелетен со злоба, лаги, превари... и се се врти околу љубовта. Во филмов има љубовен 20то-аголник. Не се знај кој кого сака и кој на кого му се одмаздува.. Толку од мене.. Следи понатаму продлжени.. Вие што мислите за филмов и улоогите на глумците?
Убава серија штета што ќе биде прекината ако е тоа вистина дека нема повеќе да се снима. Ме потсеќа на Притаени страсти поради Ата и куќата и поради стилот на филмот. Требаше еден ваков филм да ја разбие онаа монотонија со традициите и мажачките на сила.
Типична шпанска серија,ама небитно,затоа и мие интересна. на моменти патетична,ама вреди да се гледа за плакнење очи од совршенство на мажи,не за друго.
Мислиш турска серија,токму таква е.Инаку,сите сапуници се снимаат и се прават по едно исто клише,содржината е секаде иста или слична.Нема врска,секој што го интересира и што му се допаѓа тоа си го гледа на телевизија.
Па до таму каде што јас сум гледала,е негативец Спојлер Сака да земе се што и припаднало на Ајшен,после смртта на брат и.А сигурна сум дека знае и за тоа дека Ата и е татко. Имам уште 2 епизоди до крај.Не издржав и почнав да ја гледам на интернет,ама се разочарав бидејќи е прекината