Последната епизода неличи на последна освен ако баш е прекината.37 е официјално последна или до таа стигнале па прекинале?
Не ја сака, ја лаже за да го одмазди овој Ата, татко и на Ајшен. Серијава е прекрсна, ја гледам на репризите кога има време. Интересно е што сите неверни мажи се собрани во една серија: -Саваш ја лажи Ајшен, -оној што ќе биди доктор ја лажи Суреја, -Ата со години не ја сака жена му и покрај тоа што имаат деца, -оној зетот ја вртина малото прсте онаа глупачката што стално плаче, (сестрата на Ајшен) како се викаше не ми текнува.. ? Серија во допир со реалноста.
Саваш дефинитивно не ја сака Ајшен,иако на моменти многу добро глуми. Во серијава нема ни една искрена и возвратена љубов.Единствено љубовта на Ата и Асуман,во минатото.
Спојлер И Фериде и Селим ќе се засакаат Барем Селим знам дека ќе ја засака , а колку беше сладок кога ја држеше за рака, и купи и чевлички и се, ау таа Фериде ама е глупава, Атиф бе, хаахах тој е маж без тестостерон!
Знам за Селим,ама само тој ја сака.Не верувам дека таа ќе го засака.Иако ептем си одговарат тие двајца. Па тој Селим колку е убав,а?
Не само што е убав, ама и многу мил е, има некоја мила звездичка, какви милиии очињааа Па видов Спојлер нешто ќе и кажува Те сакам на телефон, и она ќе плаче.... Па ќе видиме
леле неможам да поверувам дека Саваш толку добро се преправа дека ја сака Ајшен. Па и кола и подари и викендичка. Ако знае некој што ќе се случува до крај нека каже во спојлер
Спојлер Хмм,не би рекла дека се преправа,да можеби сето тоа го прави заради одмазда,но сепак ја сака.Ама неможе самиот да си го докаже тоа.Во една епизода,самиот се убедуваше дека ова е само одмазда,а не љубов,ама срцето не вели така Инаку,што ќе се случува?Па незнам до која епизода се на Канал 5,и незнам дали го гледавте ова,но сега Атиф и Неслихан ќе се здружат,и ќе сакаат да ги разделат Ајшен и Саваш,ќе направат Ајшен да поверува дека Саваш ја изневерил,ама сето тоа ќе се открие,дека не е вистина.Дури и свадба ќе направат,ама Ајшен ќе го остави Саваш баш тој ден,и нема да се венчат.Фериде е обвинета за убиство на Атиф,бидејки тој се фрли од градилиштето,и сведоците рекоа дека таа е виновна.Но нема да оди во затвор,ќе направи договор со Атиф и нема да се разведе од него,само за да се спаси себеси.Потоа,ќе се појави тетка и на Ајшен,ќе се обиде да и зеде се што татко и и оставил.И на крајот ќе заврши кога Ата ќе и рече дека и е татко. Ќе се појави уште едно лепотанче,непријател на Саваш,ама толку од неговата улога,ја прекинаа серијата,за жал
Спојлер Само Селим ќе ја сака,за Фериде нема да прикажат повеќе од допаѓање или можеби заблагодарување што секогаш е тука за неа. Во последната епизода Селим ќе и каже дека ја сака,ќе и рече да си одат заедно и тогаш Фериде заминува ама каде не се прикажува.
Оф топик малку јас. ) Да се надоврзам со серијава сепак. Малку мие чудно како може со години луѓево да живеат заедно и во брак без љубов? Која е целта на нивните бракови па и плус деца. Уфтаде кога отворено знае дека не ја сака што прави сеуште со Ата? Госпоѓата Рејзан па со години љуби човек кој не и обврнува внимание. Браво Ата ти си најпосакуваниот маж и најљубениот. И на сметка на ваквите неостварени љубови патат децата. Фериде очајната што не му ги мавне клоците на оној неспособниот маж Атиф? И таа љуби но не и е возвратено. Суреја исто љуби маж кој не ја погледнува. Фатих љуби жена која не го погледнува. Ајшен љуби маж кој не ја сака. Незлихан и Селим исто. Е само Саваш се преправа дека љуби но и тој на крајот ќе се вљуби во Ајшен. Серијава ја мислев одлична но кога ќе ја сфатам суштината некако ми ја тупат многу. Целта е одмаздата ,богатството, моќта, тоа го сфативме сите но кога ќе размислам вака па и тоа е нешто што можи доаѓа и во нашиот реален живот со забрзано темпо во овој „модерен свет“ каде љубовта и другите позитивни вредности на општественото живеење се губат.
Супер серија, една од ретките турски која сум ја загледала после подолго време. Ја загледав дома додека бев на распуст, во Скопје не можам немам телевизор, ама и баш се разочарав кога прочитав дека била прекината. Се надевам ќе снимат нови епизоди.