1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Ај ти замижи! (Сител)

Дискусија во 'Серии и емисии' започната од Wild.Child, 2 март 2011.

  1. Wild.Child

    Wild.Child Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2010
    Пораки:
    5.573
    Допаѓања:
    6.698
    Веќе одамна се мислам дали да ја отворам темава :lol: , верувам дека сите сте ја гледале емисијава. :)
    Сега е веќе четврта сезона, а водител е Ивце Пивце. Мене ми се многу интересни, секогаш дечињата знаат да лупнат некоја зелена. :lol: Иако на моменти Ивце ми делува малку педофилесто. :rofl:
    Ја гледате ли емисијава? :D
     
  2. Srekicka

    Srekicka Популарен член

    Се зачлени на:
    14 мај 2010
    Пораки:
    1.863
    Допаѓања:
    2.846
    Јас ја гледам кога ќе ја фатам, а татко ми не пропушта и паѓа од смеење. Ивце го обожавам, посебно кога ќе почне да им збори на децата на дијалект и се гледа дека го сакаат. Мене не ми изгледа педофилесто, баш е опуштен, интересен, секогаш ги смее, за емисијава е погоден ептен. Секоја емисија му е посебна, а мислам дека сите го знаете ромчето кога не знаеше како се вика брат му Гоце и на кого и да му ја спомеш емисијава сите одма за Гоце се фаќаат. :lol:
     
  3. Nina24

    Nina24 Популарен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2009
    Пораки:
    667
    Допаѓања:
    339
    Во сабота насабајле гледам од време на време репризи од цела недела. Децата ми се преслатки! Се газам од смеење. Толку се искрени, слатки, наивни, а и паметни и санаодливи, да се зачудиш! Па кога ќе ги дотераат тоа мајките за снимање наџиџани налицкани, еептен ми се слатки. Скоро сите дечиња се интересни, понекогаш ќе се погоди некое позатворено, но Ивце знае да извади од секое дете нешто и да ја направи емисијата интересна. Ептен го бива за со деца. Најсмешни ми се малецките девојчиња до кај 4-5 годинки што си ги имитираат мајки/тетки/баби/стрини и се како стари-мали Многу се срциња. Ама баш така ти иде да ги изгушкаш преку екран!
    Срцки :hug:
    http://www.youtube.com/watch?v=_bsOP3T7foA
     
    На Belieber163, Adi888, Cacy и 3 други им се допаѓа ова.
  4. SOVRSENSTVO

    SOVRSENSTVO Популарен член

    Се зачлени на:
    20 септември 2010
    Пораки:
    2.790
    Допаѓања:
    1.556
    Ивце е цар :D многу ми се јаки посебно оние малите по 5, 6 години абе срцки
     
  5. MissAnn

    MissAnn Популарен член

    Се зачлени на:
    24 октомври 2010
    Пораки:
    383
    Допаѓања:
    278
    Пол:
    Женски
    мноооооогу интересна емисија,мислам дека повозрасните повеќе ја гледаат од помалите :D најинтересно ми беше кога имаше едно девојче-Албанче (мислам дека татко и беше некој од камерманите) и му збореше како ја боли душата, како и се плаче од што и е тешко, па збореше како татко и и ги јадел сите чоколади :D барав на youtube ама не најдов,ако ја најде некој таа емисија нека го постира видеото :D
     
    На Saxobeat му/ѝ се допаѓа ова.
  6. Nina24

    Nina24 Популарен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2009
    Пораки:
    667
    Допаѓања:
    339
  7. 2468

    2468 Популарен член

    Се зачлени на:
    23 декември 2009
    Пораки:
    4.497
    Допаѓања:
    2.836
    Пол:
    Женски
    Интересна емисија за деца во денешно време. Потребно е и вакво нешто освен драгонбол, пикачу....
    Ја гледам кога ќе ја фатам случајно, ептен ми се срцкасти дечињата, а Ивце Пивце ми е ептен закон :rock: . Се гледа дека човекот има дееебели нерви. :D
    И ептен ми е смешен на крај кога им го јаде помфритот на децата. (додуше повеќе ме нервира) :D
    А за педофилест, па воопшто не ми личи на таков, не знам оти кај тебе мало таков впечаток оставил, баш е лајтерица човекот. :D

    http://www.youtube.com/watch?v=zs7c0VsqtwE
     
  8. Wild.Child

    Wild.Child Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2010
    Пораки:
    5.573
    Допаѓања:
    6.698
    ^ Така ми доаѓа на моменти, ама сепак таква е емисијата. :D
    Кај мене дома сите гледаме и се смееме. Деца како деца, се си кажуваат и не умеат да лажат, затоа и ми се интересни. :D Најдобро е кога ќе се погоди некое дете да збори на дијалект, едвај се разбираат. :D
     
  9. Mishela

    Mishela Модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    19 август 2010
    Пораки:
    18.584
    Допаѓања:
    80.670
    Пол:
    Женски
    Ми текна и мене за девојчево, срце беше стварно :D Инаку татко и го возеше автомобилот, она цело време плачеше и Ивце (опасен е, нема што) успеа да ја расположи на крајот.
    Навистина знае како треба со децата, алал да му е смешки е целиот :D
    А емисијава не се пропушта во никој случај :angel:
     
  10. Shery

    Shery Популарен член

    Се зачлени на:
    15 декември 2010
    Пораки:
    1.986
    Допаѓања:
    4.846
    Пол:
    Женски
    И мене ми текнува на девојчево. Многу ми беше интересна таква му вика на татко и
    Ај бе ти вози побрзо да стигнам дома да се исплачам :D
     
    На Seznajka2 му/ѝ се допаѓа ова.
  11. 2468

    2468 Популарен член

    Се зачлени на:
    23 декември 2009
    Пораки:
    4.497
    Допаѓања:
    2.836
    Пол:
    Женски
    ^^ Кое е девојчетоо? :wasntme:
    Ај ако го најдете ставете го тука, сакам да го изгледам.
     
  12. Mishela

    Mishela Модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    19 август 2010
    Пораки:
    18.584
    Допаѓања:
    80.670
    Пол:
    Женски
    И нон стоп викаше: тешко ми е тука на душата :D
    Ќе побарам сликички на фејсбук, би требало да ја има :)
     
  13. Shery

    Shery Популарен член

    Се зачлени на:
    15 декември 2010
    Пораки:
    1.986
    Допаѓања:
    4.846
    Пол:
    Женски
    Еве го девојчето Инас Агдиу (многу и е тешко :) )
    Ама ја нема емисијата со неа на јутуб
     

    Прикачени фајлови:

    На macence85, MissAnn и ljubicicaa им се допаѓа ова.
  14. macysh

    macysh Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јуни 2010
    Пораки:
    1.090
    Допаѓања:
    767
    Леле Вајлд абе каков ќеф ми направи со темата,не можиш ни да си замислиш :lol: Ја обожавам емисијата значи.Веќе три години редовно си ја следам и тоа најчесто во сабота ги гледам сите епизоди,од цела недела.Седнуваме и ние в дневна сите тројца,со мама и тато и гледаме,умираме од смеа :rofl: Абе дечиња,срциња се што имаат на душа си кажуваат слободно и "тресат" од време на време.Ама па кога ќе се погоди некое не толку зборлесто,муртаче,е се нервирам тогаш кога со клешти им ги вади зборовите :$ А тоа албанчето,плавото и јас го гледам пред година дена мислам,е тогаш верувале или не солзи ми потекоа од смеа,така во животот не сум се смеела.Мајка ми многу пати бараше на јутјуб но немаше,незнам :| Ако ја најдите негде емисијата,одма постирајте 8)
     
  15. lolyta777

    lolyta777 Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2011
    Пораки:
    2.337
    Допаѓања:
    6.899
    Пол:
    Женски
    Најискрено јас не ја гледам серијата, ама ќерка ми ја обожава :clap: , секогаш кога ќе ја начекаме (не знам точно кога се емитува) не трепнува...се смее, што би рекла таа-леле мамо колку е смешно, се цепам од смеење :rofl: , дојди да видиш!! Е, а баш денешната ја гледав, детенцето не можеше да ги каже буквите" р" и "л" и ја пееше "Игри без граници", колку беше слатко.....срценце...А Ивце пивце е еднооо големо дете, мене ми е интересен, добар е со децата :)
    п.с. може термин на емисијата.... :lol:
     
  16. Bozica1980

    Bozica1980 Форумски идол

    Се зачлени на:
    24 август 2010
    Пораки:
    6.643
    Допаѓања:
    251.444
    Пол:
    Женски
    Јас сум обожавателка на ликот и делото на Ивце-Пивце, дури и на радио знам да му ја слушам емисијата!
    А нели сега оди на Канал5 некаде пред вестите во 17 :?: Незнам дали се сеќавате на една постара епизода гостинче му беше едно ромче, детево си раскажуваше за браќата и сестрите што ги има кој со кого спие во соба дури и имиња и возраст им кажа. Ивце поверува го потпрашува и се ќе беше ок ако на одјавната шпица не пишуваше дека по снимањето разговарал со родителите и детенцево било син единец ни браќа ни сестри :rofl: Каква приказна си измисли малиот секоја чест :lol:
    Само едно нешто малку ми боде очи што го чув во последно време е дека родителите си уплаќаат сума на пари за гостувањата и тоа поприлично голема и така дечињата се ставаат на список за гостување :(
     
  17. Li0ness

    Li0ness Популарен член

    Се зачлени на:
    30 октомври 2010
    Пораки:
    1.057
    Допаѓања:
    1.818
    Мене емисијава воопшто, ама воопшто не ми се допаѓа. Концептот ми е :puke: . Дете се вози со непознат чичко во кола и овој го шета и му дава подароци... сѐ што ги учиме дечињата дека не треба. Може е претежок зборот, ама арно напишал некој, педофилска ми е некако. Направена за рекламирање на спонозорите и за собирање пари (секое дете треба да си плати 2500 ден. да учествува) плус си наплаќа Ивце пивце реклами и спонзорства, а само од пустиот наш менталитет „Виде, го имаше на телевизија?“ И што има поучно тука за дечињата? Јас, искрено, ништо поучно не сум видела... Ама сум видела и слушнала еден вид глупости од Ивце како на пр. „А ти го сакаш кумот? -Да. -Па како може да го сакаш кога ти дал такво име?“ и сл...
     
    На Annath му/ѝ се допаѓа ова.
  18. Bibko

    Bibko Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 јуни 2010
    Пораки:
    92
    Допаѓања:
    41
    Најинтересна емисија, не само за децата туку и за возрасни.Ние дома сите заедно си ја гледаме.
    И ми се допаѓа што конечно некој се однесува со децата како со рамноправни мали човечиња кои имаат свој став за некои работи а не во други емисии се однесуваат со децата ко да немаат поим од ништо а најчесто иако се деца се 100 пати попаметни од некоја си тамо водителка
    Па нормално ми е и да се нашалат и да се насмеат и да се забавуваат.Децата се искрени и незнаат да лажат.Најхит ми беше едно девојче кога рече Ехеее каков дечко има тетка ми, татко ми секогаш и вели кај го најде ма овој :D
    Да живее Ивце-пивце :clap:
     
  19. WhiteAngel

    WhiteAngel Популарен член

    Се зачлени на:
    31 јануари 2011
    Пораки:
    2.107
    Допаѓања:
    1.640
    Го гледам кога ќе го фатам, ама веќе не е на сител. Инаку, мајка ми редовно си го гледа вце, интересен и бил со дечињата. Срциња се!
     
  20. maca99

    maca99 Популарен член

    Се зачлени на:
    19 септември 2010
    Пораки:
    1.819
    Допаѓања:
    1.691