1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Ај ти замижи! (Сител)

Дискусија во 'Серии и емисии' започната од Wild.Child, 2 март 2011.

  1. nesa

    nesa Популарен член

    Се зачлени на:
    23 јули 2010
    Пораки:
    841
    Допаѓања:
    1.223
    Пол:
    Женски
    Кога бев дома и го гасев телевизорот на ќерка ми кога ќе го видев
    кретенов
    на ТВ. Емисија без концепт и без никаква поучна содржина. Едноставно катастрофа
     
    На Annath му/ѝ се допаѓа ова.
  2. la-chicka

    la-chicka Популарен член

    Се зачлени на:
    21 април 2010
    Пораки:
    1.336
    Допаѓања:
    1.571
    Пол:
    Женски
    КопАН :D

    Многу ми се смешни децава, кој го врти овој Ивце Пивце тресе зелени и така :D

    Имаше едно девојче не и текнуваше баба и како се вика :rofl: , се мислеше едни добри 5 минути :D (за да ја поздрави ).

    Секогаш кога ќе ја фатам емисијава ја гледам :D зашто се пресмејувам со децава...

    Е нормално на дете да му ја пуштиш да ја гледа нема што да научи , ама ипак смешни се децава нема што. :D

    И нормално дека се плаќа, што има денес без пари ;)

    И воопшто Ивце не ми делува ко педофил :^)
     
    На Bibko му/ѝ се допаѓа ова.
  3. maca99

    maca99 Популарен член

    Се зачлени на:
    19 септември 2010
    Пораки:
    1.819
    Допаѓања:
    1.690
    Бев случајно во струмица пред 2 недели ,го видов ивце пивце со детските стоматолози организираат нешо,и баш беше интересно деца еден куп,тој супер интересен,да се изнасмееш ,е ставрно го бива,и ич не ми личи на педофил :o секој не може со деца и тоа се знае...
    дечиња вриеше,ги мачкаа со флуор-на запчињата, па им даваа награди,пееја песнички,-се на се убаво :)
     
    На Bibko му/ѝ се допаѓа ова.
  4. mina

    mina Популарен член

    Се зачлени на:
    22 ноември 2009
    Пораки:
    1.260
    Допаѓања:
    637
    Да,точно е! И јас потврдувам дека им направи голема забава на дечињата! Се играше, се пееше, па награди, па ги едуцираа дечките како се мијат запчињата и искрено човекот е цар за таа работа! И мене не ме асоцира на педофил (пу пу скраја било)
    Емисијата ,,Ај ти замижи,, ја следам понекогаш со внуците и ним им е многу интересна, ја следат со внимание!
    Особено беше интересно со девојчето од Куманово Мартија, кучики и мачики што викаше наместо кучиња и мачиња :lol: ) Срцка беше девојчето,многу интересна!
    А се сеќавам и за тоа девојчето Инас кое му се плачеше во текот на цела емисија,кутрото се жалеше дека татко му му ги јаде чоколадите и едвај чекаше да заврши снимањето! :lol:
    Интересни се децата а Ивце баш знае како да го извелече најинтерсното од нив!
     
    На machorka и Bibko им се допаѓа ова.
  5. baby.90

    baby.90 Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 февруари 2011
    Пораки:
    457
    Допаѓања:
    197
    кога и да ја има на ТВ ја гледам, мн ми се смешни дечињата.
    Последната што ја гледав, малиот вика ако не јадам баба ми плаче, ако јадам не плаче :D :D :D
    Срциња се дечињата.
    Нема везе што не е поучна битно интересно им е на дечињата, сите си добиваат убави награди и мерак им е што ке ги има на ТВ. Ај ние што не се пријавиме на Ај ти замижи?
    Ивце Пивце мене ми е супер, баш е интересен, педофил--- Никако!
    Имаше оддамна едно мн паметно девојченце, збореше и кажуваше песнички на 4 јазици, мене не ми се веруваше имаше само 4 годинки.
     
    На Bibko му/ѝ се допаѓа ова.
  6. macence85

    macence85 Популарен член

    Се зачлени на:
    30 август 2010
    Пораки:
    1.217
    Допаѓања:
    821
    Ивце пивце со гостинчето се шета покрај споменикот на Скендербег и го прашува:
    - Знаеш кој е овој ? - Да - Е кој е ?
    - Петар Пан
    :rofl:
    Ја обожавам емисијава, ме релаксира до бескрај. Кога ќе видиш колку се невини и искрени маливе душички неможе а да не ти се стопли душата. :inlove: А и Ивце пивце ми е идеален за водител, како само му текнуваат некои глупости, се гледа дека и тој е едно големо дете во душата.
     
    На machorka и Bibko им се допаѓа ова.
  7. Peperutka90

    Peperutka90 Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 март 2010
    Пораки:
    944
    Допаѓања:
    1.082
    Браво за темава :clap: :clap: !
    Емисијава може не е од некој едукативен карактер, ама е навистина интересна, посебно коа ги слушам дечињава како си кажуваат се што им лежи на душа. Посебно ми беше интересно девојчето од куманово (кучики мачики) да не се повторувам, ама коа ја праша ивце пивце за девојката на брат и каква е и малава туш ладна одговара НИКАКВА ахахаха :rofl: :rofl:
    И уште едно детенце нема да го заборавам, само не знам во која сезона беше Ивце го прашува КОЕ ОДДЕЛЕНИЕ СИ, и он ко пушка ВТОРО ПОЛУГОДИЕ хахахахаха крај :rofl: :rofl:
    Маливе се срциња, а Ивце според мене не е педофил, како што кажа една феминка погоре, барем тоа е мое мислење!
     
    На Bibko му/ѝ се допаѓа ова.
  8. sanjaeva

    sanjaeva Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 февруари 2011
    Пораки:
    3.389
    Допаѓања:
    87.636
    http://www.youtube.com/watch?v=_bsOP3T7foA

    Малава е најсупер , а Ивце е најспонтан водител и голем дечар. Мене оваа емисија ми е како допинг за добро расположение. :)
     
  9. vendiii

    vendiii Популарен член

    Се зачлени на:
    13 февруари 2011
    Пораки:
    1.368
    Допаѓања:
    2.464
    Кога сакам да се опуштам и насмеам пуштам Ај ти замижи :) Срцки се малите најинтересни ми се ти помалите од 3-5 години :D :D :D какви се бисери имам изнаслушано и сега кога ќе ми текне се смеам сама со себе :lol:

    :clap: за емисијата ем за големи ем за мали .... :rofl:
     
  10. ecen4e

    ecen4e Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 август 2010
    Пораки:
    81
    Допаѓања:
    27
    многу ми се јаки малите и секоја саботи ги гледам репризите а ова нјако ми беше :D
    Ивце : Што оценки ти ставаат во школо ?
    малото : Па немамe бе оцени... не ми ставаат оцени ...
    Ивце : Е како бе не ти ставаат оцени? Па што ти ставаат ???
    малото : Па НАЈК ( NIKE ) ми ставаат ...
    Ивце : Аааа... а некој ако погреши, него АДИДАС му ставаат ???
    Малото : Не ... него му ставаат ШТИКЛА !!! :D
    а малото што му беше тешко на душата не можам да го најдам на youtube
     
  11. al-vik

    al-vik Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 октомври 2010
    Пораки:
    284
    Допаѓања:
    110
    Баш е забавна емисијата, жално е што за овие деца сега нема повеќе баш такви детски емисии, ние кога бевме деца ехее колку детски емисии се правеа, сега се е од типот на бакуган и не знам некои насилни цртани филмови. Од што нема детски емисии мораат да гледаат Долина на волците и да се организираат во банди уште од 5 годишна возраст. Мислам катастрофа. За тоа едно големо браво за Ивце Пивце и за емисијата :clap:
     
  12. Sunshine555

    Sunshine555 Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 јануари 2011
    Пораки:
    269
    Допаѓања:
    69
    Јас не ја гледам често, ама понекогаш кога ќе ја видам да се емитува некогаш ја гледам. Срциња се имаше едно мало дете можеби 6 години имаше и го прашува Ивце Што сакаш да бидеш кога ќе пораснеш? и детево вика Доктор да не давам пари кога жена ми ќе е бремена јас ќе ја породам. Се изнасмеав срциња се и колку се искрени се кажуваат мама ме кара, тато ми вика, тажна сум, среќна сум срцки! :*
     
  13. Dushica-sk

    Dushica-sk Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2010
    Пораки:
    5.048
    Допаѓања:
    3.924
    Ја гледам кога ќе ја фатам . Ама знае да ме расположи и цел ден да сум насмеана :D Пред недела - две го видов Ивце Пивце во Мекдонадлс и се израдував како мало дете :rofl:
     
  14. Seznajka2

    Seznajka2 Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 мај 2011
    Пораки:
    590
    Допаѓања:
    119
    Ивце е царрр(бев со него во Котиледонија 8) )а децата се многу многу слатк,и смешни :D :D :D :D ...ии има некои така некогаш малку здодевни... |-) |-) |-) |-)
     
  15. kankus

    kankus Популарен член

    Се зачлени на:
    31 декември 2010
    Пораки:
    1.472
    Допаѓања:
    870
    леле само да знаете колку мн ме смејат децата хахахаха со нивните бисерчиња :D :D :D :D :tmi: :tmi: :tmi:
     
  16. Name

    Name Популарен член

    Се зачлени на:
    5 јуни 2010
    Пораки:
    1.433
    Допаѓања:
    880
    Пол:
    Женски
    Баш ми е интересна емисијата, децата срциња бе :)
    Го имам Ице-пивце видено еднаш во трговски се шетка со неколку камермани, веројатно пред(после)снимање, и еднаш во мекдоналдс :D :)
     
  17. Wild.Child

    Wild.Child Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2010
    Пораки:
    5.573
    Допаѓања:
    6.698
    На thinkerbell му/ѝ се допаѓа ова.
  18. DAngel

    DAngel Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 март 2011
    Пораки:
    11.211
    Допаѓања:
    56.925
    Не ја гледам редовно затоа што немам навика да гледам телевизија, ама кога ја затечам случајно нема шанси да не ја гледам. Единствена детска емисија која вреди во денешно време. Се чувствувам како детенце кога ја гледам. И им дава на децата слобода да се изразат. Не ги деградираат и не ги прават ретардирани како останатите детски емисии денес.

    Лелеееее Вајлд девојчето... срцка... имам 2 кучики и 2 мачики
     
  19. Tanny

    Tanny Популарен член

    Се зачлени на:
    19 ноември 2010
    Пораки:
    564
    Допаѓања:
    401
    срценцаа мали :)
    ги гледам во сабота реприза :) тогаш ги заварувам :lol:
     
  20. Sephora

    Sephora Популарен член

    Се зачлени на:
    5 декември 2010
    Пораки:
    2.690
    Допаѓања:
    4.481
    Каков дечар е Ивце пивце! Алал да му е.
    Маливе многу ме смеат.
    Ако ги начекам некогаш на телевизија обавезно си гледам и се смеам. Особено па со тие што уста не затвараат. :D

    Патем, на Сител преместиле? Не беше на Телма порано? :^)