Емисијата порано ја гледав покрај мајка ми. Ја емитуваа кога си идеше од работа и право седнувавме ја гледавме. Децата се ептен интересни, срциња. Најинтересни ми се оние што многу зборуваат. Одамна ја немам гледано. Ја немам начекано на тв. На Сител ја даваат? Во колку часот?
Емисијава редовно ја гледаме со татко ми заедно секој ден на канал 5 и ни е многу смешна. Децава се многу интересни, а и водителов е будала. Многу се интересни!
Еј да, сум гледала. Дечињата срцки невидени. Како зборат така слатко, уф! А и Ивце Пивце ги забавља, интересно, си се смеам коа ке начекам
^ Еднаш така ептен го издадоа. Вика детенцево: Многу сакам да одам кај баба ми затоа што ми дава Богородички? Ивце го прашува: Е што ти се тие Богородички сега? Детево: Епа тие што ти ги даде татко ми пред да влеземе во кола.
Сум ја гледала. Значи, од детенце малечко нешто поинтересно НЕМА Колку се само искрени. Се си кажуваат што им се случува дома, се ама се
Децата секогаш побудуваат искрена насмевка кај мене, или пак кој и да го гледа. А и Ивце Пивце си ја знае работата, умее со деца. Единствено што не ми се допаѓа е тоа фамозно возење во кола со децата, ми ја изобличува сликата и прави да го гледам како чичко што ги лаже децата со лижавче Но нејсе. Јас знам да си преувеличувам секогаш. Сепак ми се допаѓа многу, затоа што од деца нешто поискрено, почисто, позабавно нема.
Порано децата се собираа во McDonald's во Аеродром и по пат на случаен избор учествуваше едно од нив. Ама изгледа на спонзорите многу скапо им доаѓало оти сега гледам се плаќа 2500 ден, но на сметката на Котиледон продукција!
Сакам да кажам... Хахахаххаха, толку слатко ме насмеа девојчето,прекрасна е,ни срам има ни ништо,две кучики и мачики, ТОП! Ххаххахах http://www.youtube.com/watch?v=_bsOP3T7foA
Хахаха... Се изнасмеав http://www.youtube.com/watch?v=uNHzVueywbk Гледајте од 4:28 до 4:47... Инаку Ивце Пивце си ја знае работата, го вади најдоброто од децата и тие си поминуваат прекрасно, а ние пред малите екрани се забавуваме.
и јас се сетив,леле ама слатко беше...мојата братучетка беше во неговиот летен камп,и од слики видов дека им е супер и летниот камп... закон е ивце пивце
Педофилесто? Ма неее.. Многу ми е интересен што ги подбуцка да кажат некоја глупост колку да биде поинтересна емисијата Иначе татко ми многу личи на Ивце Пивце и некои мали деца на наши пријатели му викаат -Ти не си Ивце Пивце? и татко ми ќе се пошегува и ќе им рече: -Да бе,сакате да ве носам во емисија? И овие скокаат
Аааа сеа е на телмаа овој ивце пивце ми е интересен иначе не знам е е толк лоша емисијава...мислам дека се плака 2 500 за да се пријавиш не е многу? и така иначе не глеам ова само ко ке фатам некои деца им се смејаам ко божем ја сум била подобра