Ања (Оливера Ширговска)

Дискусија во 'Книги' започната од Dream-Girl, 8 јануари 2017.

  1. Dream-Girl

    Dream-Girl Caffeine addict ☕ Член на тимот

    Се зачлени на:
    24 јуни 2013
    Пораки:
    11.378
    Допаѓања:
    126.286
    Пол:
    Женски
    Книга од македонски писател што не очекував дека ќе ми биде толку интересна и ќе ја прочитам во еден ден за само 4 часа. Многу реално ми се прикажа, баш дека бев летово во Црна Гора на одмор и ми беа одлично познати опишаните места. За неколку часа побегнав со мислите. Ви ја препорачувам :)

    “Сѐ започнува кога Ања заедно со своите три другарки Сања, Весна и Анита заминува на летување во Херцег Нови - Црна Гора. Тука таа го здогледува Алексеј Григоров од Москва, за кој уште при првиот поглед знае и чувствува дека тоа е љубовта на незјиниот живот. Но, и младиот ватерполист не е рамнодушен кон Ања и се случува љубов на прв поглед. Ања и Алекс доживуваат бурна и силна љубовна авантура, нивната љубов толку многу се разгорува што целосно се предаваат еден на друг со цела душа и тело. Тие чувствуваат и веќе знаат дека не можат еден без друг. Но, после само неколку дена Ања и Алекс мораат да се разделат, а нивната љубов да ја стават под искушението на далечината, односно Алекс мора да се врати во Москва, а подоцна и Ања се враќа дома. Двајцата млади својата љубов ја одржуваат комуницирајќи преку современите средства за комуницирање фејсбук и скајп, а притоа си ветуваат дека си припаѓаат еден на друг целосно. После цели две години Алекс доаѓа во Македонија со цел Ања да ја побара за своја жена. Но секако прво ќе мора да се запознае со нејзините родители, а потоа да оди чекор по чекор. Ања цело време ја крие својата љубовна авантура од нејзините родители, а кога Алекс пристигнува таа целата возбудена им ја соопштува добрата вест на родителите. Но кога мајка ѝ Гордана го здогледува младото момче од Русија кај неа се отвараат рани од едно болно минато за кое таа мислела дека го закопала. И тука настанува вистинска драма. Наместо Алекс да биде добро пречекан како што и очекуваше, тој е грубо и хистерично исфрлен од дома од мајката на Ања, која откако го здогледува Алекс и препознава во него лик од своето болно минато, се онесвестува и ја фаќа хистеричен напад. Што е тоа што ја тера мајката Гордана толку жестоко да се противи на врската помеѓу Ања и Алекс, а пред сѐ какви тајни крие таа поврзани со нејзиното минато.“

    Дали ја имате читано книгава, каков впечаток ви има оставено?
     
  2. blueeparadise

    blueeparadise Популарен член

    Се зачлени на:
    22 октомври 2010
    Пораки:
    2.662
    Допаѓања:
    4.082
    Каде може да се купи книгава? :)
     
    На Dream-Girl му/ѝ се допаѓа ова.
  3. Dream-Girl

    Dream-Girl Caffeine addict ☕ Член на тимот

    Се зачлени на:
    24 јуни 2013
    Пораки:
    11.378
    Допаѓања:
    126.286
    Пол:
    Женски
    На сакам книги видов сега баш дека ја имаат :D