Овој проблем го имам уште од мноооогу одамна, само шо дури сега ми текна да го кажам мислам дека нема ваква тема па еве за што се работии: Обично кога сакам на некое момче да му дадам знаци дека ми се свиѓа, или пак кога ќе го видам у град и почнувам да правам неконтролирани работи пример шмизлање и такви слични работи а некад и се случува да намигнам .. а после си „тепам“ глава зашо сум постапила така, а зошто не поинаку.. пример зошто само сум го гледала и сум бегала наместо да му се приближам и да го поканам на кафе.. Сакам више да го немам проблемов, можеби некои од вашите совети ќе биде прво да размислам, ама ете избрзувам.. Ќе може помош девојки, секој ден се повеќе ја губам контролата у веза со овие работи !!
Ми се чини го имаме истиот проблем Јас знаеш што правев кога ќе го видев тој што ми се свиѓаше? Се пикав во секој можен бутик што ќе ми излезеше пред очи, па не пребирав ни дали е машки бутикот И после си ја тупав главата, зашо побргнав бла бла...ама тоа беше кога бев во "лудите години". А сеа за многу ПОСЕРИОЗНИ работи откако ќе постапам не коректно си викам "А зошто не направив вака?" Али тоа е, шо ќе правиш..Обично сите сме малку лудички кога сме збунети...и кога сакаме нешто да направиме набрзина ама да биде најкоректно и најправилно. Шо би рекла баба : "Тргнале волк и магаре заедно" Затоа најдобар совет е БРОЈ ДО 10 ПРЕД СЕКОЈА ОДЛУКА!! Барем според мене
Ќе се обидам. Последниот пат дури и се избламирав... Кога го видов почнав да ги влечам другарките со кои бев искочена и постојано им велев тивко „Ајде побрзајте ајде бре“. А тој забележа !! Не ми е друго проблемот туку излегувам будала на крај . Инаку супер шо си го имала и ти истиов проблем, барем ќе си дадеме советче од искуство хаха
Друг пат, кога ќе се најдеш во таква ситуација, едноставно биди смирена, сталожена.. Ни премногу шмизлеста, ни премногу напната, а најмалку што ти треба е да си ЕПТЕН ВОЗБУДЕНА.. Биди си cool едноставно... Верувам секоја од нас се соочила со таква ситуација, и сите сме тогаш избезумени.. Е тоа е вистинскиот момент да го уклучиме мозокот и во рок од неколку секунди да ја одбериме најдобрата опција (Барем ние женските сме интелигентни суштества ) Во таков момент, одма стави се на друго место и размисли како изгледа твојата постапка од друга страна, што би мислела ти доколку некоја друга го прави она што ти го правиш..Мислам дека ова би било најдобро решение
Ќе бидам краток и јасен; Многупати ние машките цениме едноставност, и директен пристап... Батали шмизлање, занесување или не знам што, остава негативен впечаток во повеќето ситуации и создава слика на „недостижна“ девојка. Ти се допаѓа? Пријди му, поздрави се, претстави се... И кога ОП, муабетот може да започне.
Nighwalker абе не е све до нас женските.. И вие момчињата се правите важни знаете да претерате ! Реално зборам Не е бадијала тоа шо ние девојчињата црвенееме кога ќе го видеме саканиот од спротивниот пол.
Не реков дека ние сме цвеќиња де . Но доколку ти собереш сила и некому пристапиш едноставно, за потоа тој да се прави фраер и пол, тогаш мислам дека само од почеток ти дава до знаење дека е „клошарче“ и не те заслужува... Барем си знаеш, и си одиш на шмекање на друго место.
Да не ја вртиме темава во насока на машко - женските односи, мислам дека има доволно теми за тој проблем. Ама ова на сите ни се десило, кога - тогаш (особено на почетокот на љубовниот живот). Кога ќе ми текне на првата љубов, требаше да излеземе сами на кафе, а јас будалче си измкнав и две другарки со мене. Си ја лупав главата во тој момент, ама кога видов дека и тој сирот ми доаѓа со цел чопор другари, ми олесна. А истиот тој момент, кога го видов дека доаѓа (среќа не ме виде тој мене) си ја подвиткав опашката и штрафта да ме нема низ ГТЦ, за да не сум била јас таа што чека. И се вратив после 10 минути, каква трипајла. Има некои бесмислени работи што ги правиме во близина на некој што ни се допаѓа, а јас за тоа ги кривам пеперутките во стомак, што во моментот кога ќе го видиш се претвораат во змејови, носорози и крокодили и ти прават бучкуруш.
Кај мене е сосема спротивно Баш пред некој ден тој што ми се свиѓаше, онака апла ми се пушташе ама јас смотаната бев како замрзната, ни да мрднам. Кога си дојдов дома, ми идеше да се треснам од земја. Сега типот е малце лут изгледа, ретко пишува, а ако земам да му објаснувам, ќе доживеам инфаркт. Затоа сега чекам да ме викне пак да излеземе (ако воопшто се случи тоа) , за да ја поправам ситуацијата. Нека ми е со среќа
и јас бев иста како тебе а бе од мака после коси кубев и се срамев и комплекси си набивав и се ама џабе. После со сите блиски другари што сум правела муабет ( а голем дел од нив симпатии ми беа на времето) сите ми кажаа дека тоа им се допаѓало кај девојчињата. Е сега ако не е ептен некоја ГОЛЕМА глупост да направиш ама ти со тоа што се изглупируваш малку пред него му даваш на знаење дека ти се допаѓа.
Ееееееее, и мене ми се случуваа вакви работи, се додека не си ја чукнав малку главава ’’Чекај бе малку шо праиш ти?!’’ И така сега размислувам сто на саат пред да направам нешто И воопшто не се каам
За да привлечеш внимание и за да се осетиш посакувана од него. Друг пат само гледај го и немој да се чудиш ако го фатиш како прв тој тебе те гледа
И јас имам ваков проблем....Не сум по шмизлање и такви работи, ама кога сум во близина на некој што мисе допаѓа сакам да бидам во центар на внимание со цел да го импресионирам и да бидам забележана.
Нормално е тоа. Кај повеќе срамежливите девојчиња. Некои бе, си немаат гајле. И јас си ја имам маката, се губАм пред тој што ми се допаѓа. Се додека не ме опушти тој самиот. Иначе цело време здрвена Марија. Нормално е ние жените да правиме такви потези - несвесно. Ете јас во тој момент не сум свесна дека милион пати го кршам вратот према типот и дека го тргам инстантно погледот кога ќе ме ‘фати‘ дека го набљудувам. Во тинејџерските денови, го повишував тонот, дури и знаев да си запејам пред симпатијата и после требаше да си ја излупам главата во ѕид. Но навистина, сето тоа е несвесно, додека свесно ние ги контролираме оние пеперутки во стомакот, у стилу да не се примети дека ни се тресат раце, колена и дека мењаме бои на лицето. А се приметуваат глупостите и е апла проѕирна работата.
Хахахахахахахахахахахаха истиот проблем! Ова лето кога бевме на одмор имаше еден се гледавме, се смешкавме цело време и сега седиме на клупа со нив и имаше може 10 души некаде и тој седи до мене и ми направи со устата како дојди да те бацам хаха морав вака да го кажам и јас се испонашав нешто демек која сум јас и ја тргнав главата и увек коа ќе го видев се правев нешто центар пажња демек нешто многу зборував, се смеев дури и пеев хахаха. Срамотилоци. Секогаш сум таква но ете во такви години сме па мора некои шеми да фураме. Следен пати пази пред да направиш нешто и размисли малце. Ех сега кога ми фали типчето од на одмор ваљда наредното лето ќе бидиме пак на истото место заедно и сакал не сакал тој го мувам хаха
Тоа постојано ми се случува, веќе не знам колку време. Секогаш се прашувам или зошто го направив тоа што го направив или зошто не направив нешто што сум можела да направам. А дури подоцна кога си го враќам филмот во глава ми текнува што сум можела да речам или направам.
У такви моменти се понашаш онака како што мислиш дека треба и не треба да се каеш или враќаш назад зошто си направила така..НЕ вреди да се пишманиш бидејќи поминало..Или пак ако мислиш дека си згрешила со постапката Господ дава и други прилики да се исправиме .. Од искуство ти кажувам само продолжи да си праиш како мислиш дека треба во моментот само по смирено и Пробај малку барем да се контролираш ама не МОРАШ да се Tрудиш затоа што тогаш можи наопаку да ти тргни.
Доста пати сум се ,,јадела” зашто во некој момент не сум постапила поинаку.Не дека се каам али некогаш ми е криво отпосле кога ја разгледувам ситуацијата кој била и сфаќам дека сум можела и другачије да испаднам. Кога ќе размислам, некои работи да сум ги направела поинаку сега можда и ќе бев посреќна и не толку разочарана.Некогаш си давам премногу надеж сама на себе и сакам од ништо да создадам нешто.