Роденденот е сега Септември но никаков абер од некој попуст , откако се споиа со оне , ги дигнаа цените до плафон и си тераат ... Едвај чекам телекабел да се приклучат во мобилната телефонија па ке ги видам вип тогаш дали ке имаат цени како во Австрија
И јас чекам некоја акција тррба да го обновам договорот, обично само за роденденот ако пуштат нешто и за нова година. Ама во последниве 2 години ептен слабо порано имаше исплатливи понуди.
Освен некои телефони стари модели ги нудат со скапа претплата ... Вип се влезени во некој филм , овие цени се исти со оние во Австрија
Здраво сакам да вклучам договор со Вип за да бидам на претплата дали ми треба потврда дека сум вработена? И дали може само бесплатни минути и интернет? Без телефон во претплатата.
Ќе ти бараат платена сметка за струја од последниот месец. А телефон мислам дека секако ти следува, твој е изборот дали ќе земеш или не. Има телефони што ги даваат за 0 денари.
Форумџики, би сакала да прашам. Ми доделија од Вип 3,000 поени, на сметка сум, како можам да ги искористам? Дали можам да платам сметка во таа висина?
Никако неможеш да ги искористиш, тоа е перење мозок. Јас имав бонус 8000 денари за телефон па ми го намалиле на 6000 денари. Ама со тој бонус ништо не можеш да направиш, евентуално нешто до 500-1000 денари помалку при купување телефон.
Пред скоро 2години имав околу 11 000 бонус и си ги искористив тогаш земав Хуавеи п8 лите , можиш да си додадиш плус пари и да си земиш телефон за 3000 немаш избор ништо . Исто и сега за некој месец ни завршува договорот , ќе го обновам пак сигурно пак тука некаде ќе имаме бонус , плус сега и споена и поголема претплата поеќе ќе е , ќе додадиме нешто плус и супер ќе испадне 50% како и дае помалку ќе платиш , многу зависи колкава ти е претплатата , сметки колку плаќаш па така ти се крева и самиот бонус .
Не шири дезинформации јас работев во ВИП до лани и кажувам како е. Цените на страната се сите со додадени поени во тарифа, значи сите добиваат одреден попуст за уредот што го земаат ако се на претплата,а некој има специјална понуда со плус одреден попуст ако премине во некоја тарифа пример од 2000-3000 или повеќе ако е голема тарифата.
Јас за два броја, месечно плаќам над 4000 денари. И за бонусот ми се јавија од вип и ми викаат да го одбијам од основната цена, што значи тоа, бонусот што ќе го одбијам е ист со износот за доплата во одредена тарифа. Значи јас како нивен постојан клиент од над 8 години имам исти опции и како некој нов што ќе ја земе таа тарифа. Значи ништо плус не добиваш од ВИП. Барем јас така сфаќам. Друго, телефоните им држат исти цени со години, добро знам зошто постојано ги следам.
Тоа значи дека од цената на самиот апарат ти одбиваат сума за таа тарифа, е сега често има дополнителен бонус ако смениш тарифа или ако преминеш на поголема претплата. Како и да е јас не ги бранам верувај, напуштив ради нивната несериозност, ама муштериите постојано се расправаа за вакви ситуации со нас и сеуште ме држи нервозата.
Не можам да си ја проверам сметката , за колку кредит имам. Нели на *101# се проверува? Има нешто проблем или кај мене само е вака?
koga si dopolnuvam interenet 1 gb primer za mesec mi vazi do prvi samo ili do sledniot mesec istiot datum?
Зошто ми наплаќаат како да имам 2 посебни пакети? И за вип и за а1 одделно. Минатиот месец кога си плаќав пола од ова ми беше сметката. Никогаш не сум се согласила да се додаде уште еден пакет, речено ми беше дека само името на пакетот ќе се смени, не и дека ќе се додаде уште еден... Има некој друг со сличен проблем? Вреди ли да одам да се расправам?